Возачка дозвола на 16 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikolic
  • Време на започнување Време на започнување
Извини а тебе ти смета доколку некој дојде на школо со кола? Јас имам мотор за лето ми врши работа ама кога врне дожд а треба да одеш до некаде или кога е ладно...треба такси да викаш :)
ќе си викаш такси дур не ти дојт времето за да возиш :wink:

иначе ДА ми сметаат тие шо се дувет, демек видете ме со кола сум на школо дојден....ии ќе соберит некој гуски, да се повозат...(нормално типов бмв возит, хеллоуу!!) аман и не знам кај им е умот и на родителите шо им даваат кола на таквите ... во вчера во пелени мочаа па сега кола возат ...
по малце очајно е... не мислиш?:smir:
 
Со оглед на тоа што многу малолетници возат без возачка дозвола ( а и да сакаат неможат да имаат кога се малолетни), а возат така на јанлш шо би се рекло. затоа идејава и не е така лоша, да им се даде барем знаење кога возат и да ги познаваат и почитуваат правилата. како додаток за поголема регуларност да се воведе 0 промили алкохол во крвта за возачи од 16 до 20 години. страги санкции за брзо возење, и не почитување на правилата. да се измени законот за двегодишно искуство, т.е да им се забрани управување после 22:00 на возачи од 16-18 години.
 
Проблемот со сообраќајки и возачи помалди од 18 години го потврдува фактот дека до 18 години (а според мене и за доста по 18) не се психички, интелектуално и емоционално дораснати за да да им се даде таа одговорност да можат да контролираат со моторно возило. Бројот на сообраќајките каде возачи под 18 се причината нема да се намали ако тие легално почнат да возат, решението е послина полициска контрола. Ко еден од мој клас во средно, живее карши полициска станица, и ја крадеше колата на татко му навечер и еднаш на 200 метри од дома го сопира полиција и го носи со се кола во станица, и овој излегува од станица и ја гледа мајка му од тераса како гледа дека колата наместо на паркингот од зградата на паркингот на полициската е паркирана.
 
И шо сеа да му купам точак на тој твојот другар? 18 години не биле доволни да се управува со моторно возило :pos:
 
И шо сеа да му купам точак на тој твојот другар? 18 години не биле доволни да се управува со моторно возило :pos:

Не не треба да му купиш точак тој има веќе 22 години и е доволно возрасен за да управува со моторно возило. И јас не реков дека не се доволни 18 години, туку реков кај доста ни 18 не се доволни.
 
Добро е ова ако на пример до 16 и 17 години се вози со лице од над 21 година до тебе, а од 18 до 21 да неможе да се вози повеќе од 90/100 а нивото на алкохол во крвта да е 0промили. (нешто слично има во Англија и Австралија).
п.с. Групата од 16 до 17 да има ознака (нешто на шовершајмна или до регистерски таблици) н.п. П(Почетник) а 18-21 н.п. Н (Напреден Почетник) или нешто слично, сега да не ја тенчам.

Еве 17-18
Еве 18-21 (мислам дека е Австралија)
Предлог за ознака
pocetnik2.jpg

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Ја би забранил некаде до 21 да се вози... И полиција да стега казни. Не е ова вистинското решение според мене.
Годините немаат врска, можеш да имаш и 40 а да не си доволно зрел и совесен за да возиш.
А јас искрено мислам дека добро си е вака на 18 години да можеш да извадиш возачка дозвола, тоа му доаѓа во пакет заедно со полнолетноста, кога смееш и алкохол, вадиш лична карта и слични работи, така да, мислам дека би било добро да си остане така, се заедно да си оди во пакет со полнолетноста.
Колку и да се малку две години, многу значат, иако се зависи од тоа колку е човекот совесен (колку години и да има), сепак, замислете возач на 16 години...не иде. :uvo:
 
Така бе Еце!:)
Jaс имам повеќе од 16 и пол години и да ми даваат така возачка, без полагање нема да ја земам. По нашиве улици страв ми е некој друг кога ме вози и дури кога преминувам улица, а камоли јас да седнам позади волан. Деца што ја "позајмиле" колата од нивните родители кои не се дома, како и разни дебили што не почитуваат сообраќајна сигнализација има куп.
Што ми фали со точакот? А зимно време со автобус? Ем поздрав живот, ем парите што би ги давала за гориво сигурна сум дека ќе ги давам за нешто покорисно, плус кога ќе ми текне дека ќе морам да ја мислам колата пајак да не ми ја собере веднаш ми ствара одбивност.
 
А јас искрено мислам дека добро си е вака на 18 години да можеш да извадиш возачка дозвола, тоа му доаѓа во пакет заедно со полнолетноста, кога смееш и алкохол, вадиш лична карта и слични

Лична карта можеш и на 16 години да извадиш таа не е никаква потврда за полнолетност, лична карта ти е нешто како пасош што значи документ за идентификација ама само за внатре во државава, кој секој полнолетен мора да ја поседува.
 
Абе добро, мене друго ми беше муабетот. :)
 
На 18 кога полагав мислев дека сум „таман“.
Фала му на Господ, освен едно помало инцидентче, немав ништо друго беља.
На 15 прв пат украдов кола од дома, знаев да возам.
Тогаш, мислев дека 16 години се таман...и си чекав 18...на крај излезе дека и 18 не се таман...ама после поминати многу километри и скоро 13 години возачко искуство.
Џабе ви е што си мислите дека знаете се, ама незнаете...една посериозна ситуација, без искуство може да ви биде не дај Боже пресудна...да не збориме и за самото размислување и детска лекоумност.
 
Годините немаат врска, можеш да имаш и 40 а да не си доволно зрел и совесен за да возиш.
А јас искрено мислам дека добро си е вака на 18 години да можеш да извадиш возачка дозвола, тоа му доаѓа во пакет заедно со полнолетноста, кога смееш и алкохол, вадиш лична карта и слични работи, така да, мислам дека би било добро да си остане така, се заедно да си оди во пакет со полнолетноста.
Колку и да се малку две години, многу значат, иако се зависи од тоа колку е човекот совесен (колку години и да има), сепак, замислете возач на 16 години...не иде. :uvo:

Кој враг ти е бе Еце?
Возењето иде во пакет со алкохолот?
Who told you that?
Your stupidity teacher?:uvo:
 
Годините немаат врска, можеш да имаш и 40 а да не си доволно зрел и совесен за да возиш.

Еве, да им удоволам и на децана што врескаат дека 16 се доволно..
МОЖЕШ и да имаш 16 и да бидеш доволно зрел за возење... Но најчесто (и тоа ептен најчесто) децата од 16 години (особено оние што мислат дека се зрели) не се доволно созреани за нешто што е толку сериозно и одговорно како возење (не, не претерувам.. станува збор за животи овдека... се гине во кола...)
Генерално, прифатено е дека НАЈГОЛЕМИОТ дел од луѓето би требало да бидат доволно зрели со 18 години, па им се дозволува таква одговорност...

Пошто.. реално, нема начин да се измери или тестира колку некој е зрел, свесен и способен за возење...

Џабе ви е што си мислите дека знаете се, ама незнаете...една посериозна ситуација, без искуство може да ви биде не дај Боже пресудна...да не збориме и за самото размислување и детска лекоумност.
Најголемиот проблем е што скоро сите кога зборат за возење во предвид ги земаат само перфектните услови... “може да вози“ го рачунаат само механичкиот дел, дека знае да убаци у брзина и да врти волан... затоа и се толку убедени дека можат они...

Кој враг ти е бе Еце?
Возењето иде во пакет со алкохолот?
Who told you that?
Your stupidity teacher?:uvo:

Јас ја разбрав Еце на друг начин... мислам дека мислеше во стил на... имаш 18 години, веќе си одговорен и можеш да расудуваш, затоа ти се дозволени работи за коишто треба да размислиш кога и каде, како возење, како пиење алкохол и сите тие слични ствари... не заедно, во комбинација или нешто слично... Ги стави во иста категорија пошто и за двете ствари (возењето и алкохолот) се потребни одговорност и разум...
 
Ако ги пуштат овие 16 што сообракајки ке напраат да речеа од 20 години би можело ама 16 нема шанси
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom