Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
јас да бев во групата ќе му напраев една фајтка:violent1:Ваа година бевне на полуматура во Охрид-Крушево дводневна и одиме кај црквата Св.Канео и под неа има една плажа и сега човек седнат излеа со кајче вози ни вика 'ако сакате да се бањате на плажата доле 30 денара од човек' и сеа не дека ни беше за 30 денари,носевне и повеќе од што треба ама ме изнервира тоа,зошто да бара пари да не го купил он езерово па да неможе човек да се избања![]()
јас да бев во групата ќе му напраев една фајтка:violent1:
и ќе го земев и него да го тестирам колку мојт да издржит под вода:zlo:
Ако бил сериозен требало да го фатите и да го измлатите јако.Ваа година бевне на полуматура во Охрид-Крушево дводневна и одиме кај црквата Св.Канео и под неа има една плажа и сега човек седнат излеа со кајче вози ни вика 'ако сакате да се бањате на плажата доле 30 денара од човек' и сеа не дека ни беше за 30 денари,носевне и повеќе од што треба ама ме изнервира тоа,зошто да бара пари да не го купил он езерово па да неможе човек да се избања![]()
Разликувам
Плажа Базилика
Кафе бар Базилика
Најт клаб Базилика
Ниедно не звучи привлечно за гости.
Дневник 02.07.2008 напиша:Комарците спокојно ќе летуваат во Охрид
Охрид е еден од ретките градови во државава во кој не е извршена дезинсекција, поради тоа што локалната власт не му префрлила пари на Заводот за здравствена заштита. Станува збор за смешна сума од 5.000 евра, кои, за жал, локалната самоуправа не успеа да ни ги достави - вели директорот на охридскиот завод, Атанаско Михаилов.Од локалната самоуправа велат дека волја за дезинсекција има, но дека општината не располага со потребната сума.Иако ефектите од дезинсекцијата се најдобри ако таа се спроведе кон крајот на мај, стручњаците велат дека запрашувањето може да се спроведе и во текот на летото ако локалните власти ги обезбедат потребните пари.
(А.Б.)
Абе, си немал ѓаолот работа...
Поздрав од едно интернет кафе во Т.Ц. Беверли Хилс. После ќе одам на кафе до ТЦЦ Плаза, или во Картел. Можеби во Инсомниа, неам појма. Сепак и Марки и Пјаца Дел Торо ми се гледаат како фини местенца. А да си терам сепак до Барселона или па до Тајм или Плеј кафе? По-шема е...
Како и да е, кому му се зборува за Охридски Топоними, нека ме побара на некое од овие места.
п.с. Ако ме нема никаде, дури ни во Броз (?!), значи сум ја здувнал за Венеција, и тоа без виза. Не ме барајте.
Вечер напиша:ЛАДНОТО ВРЕМЕ ГИ ИЗБРКА ТУРИСТИТЕ ОД ОХРИД
Немит ренде
Туристите незадоволни од пречекот и затоа што таксистите ги дерат гостите
Она што и оваа година остави впечаток е хаосот во туризмот кој со години наназад се провлекува. Сликата на станоиздавачи кои по улиците ги прогонуваат туристите е секојдневна. Бројни граѓани трчаат по автобусите и автомобилите а оние подосетливите си зеле столче и табла на која пишува "издаваме соби" па гостите ги пречекуваат на најфреквентните улици. Ваквата хаосна состојба требаше да биде ставена во ред со категоризацијата на приватното сместување, но Секторот за локален економски развој и покрај најавите е немоќен да ја спроведе на дело. Од таму најавуваа и спроведување на електронско пријавување на гостите со што ќе се добиваат целосни и точни податоци за бројот на туристите и остварените ноќевања но и по три години од таа работа нема ништо. Со тоа бројот на гости во приватното сместување и оваа година се базира на претпоставки.
Станоиздавачите не ги пријавуваат гостите поради обврската да платат 40 денари на ден по лице. Ваквата обврска ја одбегнуваат и хотелиерите. И од таму е мал бројот на пријавени туристи иако капацитетите се целосно исполнети. Од предвидените 20 милиони денари од таксата за привремен престој оваа година во општинската каса се слеани само 3 милиони денари. Најголеми должници за последниве три години, според инспекторот за туризам и угостителство Ѓорѓија Сошански, се поголемите хотелски капацитети кои вкупно должат 3,5 милиони денари а само хотелот Инекс за последниве две години должи 1,5 милион денари.
Сериозни забелешки од страна на туристите има и за автобуската станица која претставува отворен простор без засолниште каде туристите ги чекаат автобусите под отворено небо на пеколни горештини но и кога времето е врнежливо. Сепак најголемиот револт го упатуваат кон таксистите кои во трката да заработат што повеќе наплаќаат далеку поголема цена од реалната. Откако Советот не ги задоволи нивните барања за покачување на стартната цена од сегашните 30 на 50 ден како и зголемување на тарифата по километар цените сами ги скроија по нивна мерка. Охридските советници обвинуваат дека спротивно на нивната одлука дел од таксистите ги уценуваат граѓаните и туристите и им наплаќаат далеку поскапи услуги од предвидените. Од здружението на таксисти од Охрид велат дека се работи за диви таксисти кои излегуваат по улиците исклучиво за време на туристичката сезона кога дебело заработуваат.
Локалната неодамна се закани дека контролите ќе бидат засилени со цел да се стави ред во такси превозот, но ефектите сеуште не се видливи.
Ладното време и ниските температури невообичаени за овој период од годината ги натераа туристите да го прекинат одморот и пред време да заминат од Охрид. Плажите кои беа преполни сега се празни. Колони возила се забележуваат на излезот од градот. Охриѓани коментираат дека сезоната предвреме завршила. Потребно е долг период да се стопли водата во Охридското Езеро, велат тие. И туристичките работници не го кријат незадоволството за туристичката сезона која според нив почна прекасно а ќе заврши прерано. Тие стравуваат дека оваа година поради времето нема да се остварат најавите за туристичкиот бум и богатата туристичка жетва. Ќе биде добро ако се оствари минатогодишната бројка од еден милион ноќевања, велат хотелските работници чии капацитети беа предвреме резервисани но според нив има појава на откажување на резервациите. Најбројни се домашните гости кои претежно пристигнуваат за викендите и туристите од Србија. Од 15-те илјади гости моментално не повеќе од 10 илјади го поминуваат одморот во Охрид но се очекува оваа бројка за трипати да се зголеми за време на Илинденските празници кога и по традиција бројот на туристи е најголем.
-Тука сме веќе четири дена и сеуште не сме отишле на плажа. Плаќаме дневно по 400 денари од кревет за да шетаме по улици и да седиме во соба. Планиравме да останеме до среда но заминуваме денеска. Кога ќе се поправи времето ќе дојдеме на еден викенд, велат група млади туристи од Скопје.