Не ве разбирам стварно кога некој ќе сака да ве доближи до православието велите дека ви наметнува, а кога ќе каже дека си верува а вие правите што сакате тогаш од него барате да ве води. Што сакате незнам само господ :uvo: знае.
Види,во принцип,религиите се за мене една голема измама.
Точно е,мразам кога се наметнуваат и секогаш ке бидам против тоа,се додека не се искорени сета таа измама.
Ама во моментов,гледам дека уште многу повеќе такви илузии ни се наметнуваат.Можда знаеш за што зборувам:За сектите.
Значи,во секој случај,многу помило би ми било нашиот народ да си остане православен(кога веќе неможе да ги отвори очите и да види дека нема ништо таму горе),отколку да преминува во новосоздадени религии,кои се многу поортодоксни и агресивни од православието,и кои доколку би добиле шанса,би претставувале реална опасност за слободниот избор на лугето,бидејки,ако добијат доволно моќ,терминот "слободен избор",ке стане апстрактна именка.
Значи,во глобала,го одбирам помалото зло,од двете.
И ако нешто можам да направам,тоа е да им кажам на овие што го пропагираат Православието,да го сменат начинот на кој го прават тоа,бидејки ке продолжи трендот на преминување на луге од нивната,во други цркви,тенденција,што на крај може да предизвика опасност.
Ете затоа.
п.с напишаново се однесува на младите луѓе,бидејќи трендот што го опишав(а буквално станува тренд и мода),се случува најмногу во рамките на 15-20годишната популација.