Мак баскет плеј оф

Статус
Затворена за нови мислења.

iLe

Prototype
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.400
Поени од реакции
30
МЗТ ФОН Универзитет бара

Службена победа!

И официјално тимот од "Јане Сандански" поднесе жалба за она што се случуваше на средбата во Струмица.

"Металците" сметаат дека се повредени неколку членови од Пропозициите за натпреварување, поврзани со одлуката на официјалните лица да не го прекинат натпреварот во струмички "Парк" иако постоеле повеќе услови за тоа.

Поради тоа овој натпревар за МЗТ ФОН Универзитет е нерегуларен, а тимот од "Јане Сандански" бара истиот да се регистрира со службен резултат во нивна корист.

Освен тоа се бара од комесарот да им изрече ригорозни мерки на виновниците со цел насилството на спортските терени да биде сосечено во корен и никој повеќе да не се обиде на ваков начин да добие натпревар.

Еве го планот на мзт уште кога имаше обид да се флезе.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
toooooooooo,dragi .....................
fino go naprail ova ama trebase porano a ne na dva dena do drugata utakmica........
malce pritisok ne e na odmet ama ne znam kolku kje bide efektiven..........
 
V

Viktoranius

Гостин
МЗТ ФОН Универзитет бара

Службена победа!

И официјално тимот од "Јане Сандански" поднесе жалба за она што се случуваше на средбата во Струмица.

"Металците" сметаат дека се повредени неколку членови од Пропозициите за натпреварување, поврзани со одлуката на официјалните лица да не го прекинат натпреварот во струмички "Парк" иако постоеле повеќе услови за тоа.

Поради тоа овој натпревар за МЗТ ФОН Универзитет е нерегуларен, а тимот од "Јане Сандански" бара истиот да се регистрира со службен резултат во нивна корист.

Освен тоа се бара од комесарот да им изрече ригорозни мерки на виновниците со цел насилството на спортските терени да биде сосечено во корен и никој повеќе да не се обиде на ваков начин да добие натпревар.

Еве го планот на мзт уште кога имаше обид да се флезе.
И сега дадена ли им е службена победа или ?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Не...никаква службена победа..регистриран е конечниот резултат...немаат основа за ова жалба..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
РАКОВОДСТВОТО НА МЗТ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ СО СВОЕ ВИДУВАЊЕ НА СИТУАЦИИТЕ ВО СТРУМИЦА
Убиениот мртов, убиците живеат!
"Никој не е среќен кога се собираме за вакви лоши работи, кога зборуваме за антипропаганда на кошарката. Но во овој случај, тоа е неизбежно. Во интерес на кошарката мора да проговориме за сите негативности"- призна претседателот на "металците", Борко Талевски.

МЗТ ФОН Универзитет не се помири со она што им се случи за време на натпреварот, оној прв од полуфиналето. Уште помалку со инцидентот кој се случил за време на полувремето во кој "најдебелиот крај" го извлекол нивниот капитен Јане Петровски.

Поголем "доказ" од присуството на водечките луѓе на клубот, стручниот штаб, капитенот Петровски и Мухамед Тачи, двајцата кои биле најчесто цел на струмичани.

Едниот како причина, а вториот како "последица".

И првиот човек на клубот од " Јане Сандански", Борко Талевски, неволно призна дека никој не сака да се гледа со новинарите поради вакви работи кои се антипропаганда на кошарката.

"Не сум среќен затоа што е ова антипропаганда на кошарката. Но, мора да расчистиме некои работи во интерес на таа кошарка. Сакаме со сите негативности да излеземе што се вели 'на чисто' " - рече Талевски. "Ние не сакаме прво место по секоја цена, можеби и овој резултат е помалку неочекуван за нас. Но, сакавме само спортски да одиграме најдобро што можевме во Струмица. Но тоа не ни беше дозволено".

Добар дел од ситуацијата во Струмица се обид да ја објасни и спортскиот директор на "металците", Драган Панковски.

"По она што се случи во Струмица сето тоа за нас се сведува на еден нерегуларен натпревар. Како може да се дозволи противнички играчи да влегуват во гостинската соблекувална за време на полувремето. Нашиот капитен Петровски беше физички нападнат, и повреден, односно онеспособен за играње. Одлуката да продолжиме да играме и во второто полувреме беше донесена заеднички со играчите. Тие вложија многу мака, многу труд и не сакавме сето тоа да падне во вода. Сето ова досега е успех за нашиот клуб и со ова сакаме да го осудиме инцидентот. Затоа и наша интенција е натпреварот и официјално да биде потврден како нерегуларен, а да има ригорозни казни за виновниците кои го направија инцидентот"- побара Панковски од надлежните органи на федерацијата, во случајот комесарот за натпреварување.

Некако и најсликовито минутите за одмор кои не беа тоа во соблекувалната на "метаците" во струмички "Парк" ги опиша шефот на стручниот штаб, Марјан Лазовски.

"Кога го видов нашиот капитен Јане Петровски сиот во крв, првата моја реакција беше дека нема да ја водам екипата во вториот дел. И кога се договаравме што и како понатаму реков, не смееме да бидеме ем тепани, ем поразени. Вака испаѓа убиениот мртов, а убијците живеат мирно и спокојно. Со тоа не можам да се согласам, а јас, Марјан Лазовски, кажувам пред сите, нема да ја водам екипата ако се остане на ова, односно нема ригорозни казни за оние кои го направија тоа"- рече огорчено Лазовски.

Се чини дека иако не сакајќи во "главна улога" секако не по своја вина бил Мухамед Тачи. Тој бил постојана цел на навреди од страна на противничките играчи.

"Уште од поздравувањето, некако се тргна во тој правец. И тоа се случи за време на полувремето. Не знам дали го има тоа некаде на друго место во овој 21. век во кој живееме. Би прашал дали јас како репрезентативец, сум заслужил КФМ да најде начин и да ме заштити на одреден начин. Ова во Струмица ги премина сите граници. Преминав преку тоа што се случуваше на средбите со АМАК-СП. Како спортист ја повлеков пријавата. Но некои не научија ништо од тој потег. Да, бев навредуван на национална основа. За жал, подебелиот крај го извлече нашиот капитен Јане Петровски. Навистина ми е многу жал за тоа што тоа е најдобриот дел од тимот во кој, ќе потсетам, играат и Албанци и Срби и Македонци, но никој не прави никаква разлика во тој поглед"- заклучи "причината" за случувањата на полувремето од овој стартен натпревар од полуфиналната серија.

Б. Радуловиќ

Докторот на МЗТ ФОН Универзитет јасен:

Петровски мора да паузира два-три недели

Без оглед на тоа каква ќе биде одлуката на комесарот, јасно е дека МЗТ ФОН Универзитет ќе ја продолжи оваа серија без помошта на Јане Петровски.

Такво уверување даде и клупскиот лекар на МЗТ ФОН Универзитет, д-р Николиќ:

"Јас сум 20 години во овој спорт, но вакво нешто не сум доживеал на еден натпревар. Ова е сериозен настан кој доби една крајно лоша димензија.

Јане Петровски има скршеница на носката коска. Едвај го сопревме обилното крвавење, а по натпреварот некако го имобилизиравме местото и го однесовме на Клиниката за оториноларингологија каде беше констатирана скршеница на носната коска. Ако се прашувам јас како доктор, тогаш Петровски има забрана да игра во наредните две-три недели и ќе инсистирам да биде така бидејќи оваа повреда бара мирување. С$ друго би било многу опасно по неговото здравје"- констатираше Николиќ.

Јане Петровски го објасни инцидентот:

Верувам дека не сум намерно удрен

И капитенот на МЗТ ФОн Универзитет, кој најмногу загуби, со свое видување на настанот:

"Ова е случај кој нема врска со спортот. Имаше обид за напад во кој јас не бев целта туку мојот соиграч. Затоа и не сакам да верувам дека намерно сум удрен"- кажа Петровски. "На полувремето од натпреварот во нашата соблекувална влегоа Грнчаров и Латовиќ. Тие со пцости и навреди на национална основа му се нафрлија на нашиот играч Мухамед Тачи, а Грнчаров се обиде и физички да се пресмета со него. Со намера да го сопрам и да го спречам физички да се пресмета со Тачи, го фатив со двете раце околу половината и се обидов да го одвлечам кон излезот на соблекувалната, воедно убедувајќи го да се смири. Но, во тоа не успеав, Грнчаров се обиде насила да се ослободи и да тргне кон Тачи при што со раката ме удри во носот. Од силниот удар бев зашеметен, а кога се допрев по лицето забележав дека од носот обилно крвавам. Крвавењето беше сопрено дури по тампонирање на носот, но поради болките и ризикот од влошување на повредата бев спречен да го продолжам натпреварот. Би сакал да нагласам дека со ништо не го предизвикав инцидентот, туку само се обидував да го спречам противничкиот, физички да се пресмета со нашиот играч и да предизвика уште поголем инцидент"- појасни најголемиот "губитник" во целиот овој случај.

МЗТ ФОН Универзитет бара

Службена победа!

И официјално тимот од "Јане Сандански" поднесе жалба за она што се случуваше на средбата во Струмица.

"Металците" сметаат дека се повредени неколку членови од Пропозициите за натпреварување, поврзани со одлуката на официјалните лица да не го прекинат натпреварот во струмички "Парк" иако постоеле повеќе услови за тоа.

Поради тоа овој натпревар за МЗТ ФОН Универзитет е нерегуларен, а тимот од "Јане Сандански" бара истиот да се регистрира со службен резултат во нивна корист.

Освен тоа се бара од комесарот да им изрече ригорозни мерки на виновниците со цел насилството на спортските терени да биде сосечено во корен и никој повеќе да не се обиде на ваков начин да добие натпревар.

http://www.sport.com.mk/?ItemID=B15E00AE9F92EA40905D7CC73A3EF567
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
585
Поени од реакции
1
ajde da lapneme sluzbena pobeda.....da vidat deka nema zaebancija so mzt
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
AЈ малце информации за промена...ќе има пренос на натпреварот..супер..
МЗТ ФОН Универзитет Скопје ја пречекува екипата на Струмица 2005 во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18.00 часот (МТВ пренос). Ќе судат: Марјан Стојовски, Зоран Златевски и Петар Денковски.
Делегат е Ѓорѓи Пиперков.
Поради отслужување на казната, МЗТ ФОН Универзитет ќе го игра овој натпревар пред празни трибини.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
372
Поени од реакции
2

Аууу се испоштувавме со делегатов на Соколи-МЗТ може сега свашта да направи
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
ajde da lapneme sluzbena pobeda.....da vidat deka nema zaebancija so mzt
Надевај се ти на службена победа изгубивте со 30 разлика сега сакате слижбено е нема :k*r:
 
Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
Надевај се ти на службена победа изгубивте со 30 разлика сега сакате слижбено е нема :k*r:
Сега нема шанси за службена ако го прекинеле дуелот евентуално тогаш можеле да добијат службен резултат заради физички напад врз нивни поедини членови.Инаку гледам сите го браните Грне дека не бил крив каде пак он да се појаве со своја изјава или пак мрсен му е газот и се трае ќуте мајмун скапан.:salut:
 
V

Viktoranius

Гостин
Си кажа Јане дека не е удрен намерно, така да сонувајте службено, а сега ќе има и пренос па ќе гледаме како стигнуваме до предност од 2-0.
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
585
Поени од реакции
1
a vikas ke gledas na :tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv::tv:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
AЈ малце информации за промена...ќе има пренос на натпреварот..супер..
МЗТ ФОН Универзитет Скопје ја пречекува екипата на Струмица 2005 во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18.00 часот (МТВ пренос). Ќе судат: Марјан Стојовски, Зоран Златевски и Петар Денковски.
Делегат е Ѓорѓи Пиперков.
Поради отслужување на казната, МЗТ ФОН Универзитет ќе го игра овој натпревар пред празни трибини.
Super.Ke ja izgledam Mzt Strumica pa posle ke odam vo Jasmin.Se nadevam na interesen natprevar do posleden moment.Inace realno gledano Strumica e favorit...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom