Ох, Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата KakoSakam!
  • Време на започнување Време на започнување

KakoSakam!

Kladionicar
Член од
7 април 2008
Мислења
105
Поени од реакции
7
Правила за возење низ Скопје
Скопје е највозбудливиот град во Европа за возење. Ќе се сложите ли? Затоа за новодојдените и посетителите ќе им ги дадеме основните правила за возење во нашиот град:

- За да добие генерална слика за возењето во Скопје, пуштете ја играта Need For Speed IV и погледајте. Потоа седнете во вашата кола и вежбајте се.
- Кога се двоумите, додадете гас.
- Никогаш не употребувајте трепкачи (жмигавци) за да не ги збуните останатите учесници во сообраќајот.
- Кога чекате на семафор, не се мачите да гледате во него. Причекајте ги сирените од автомобилите позади вас и тогаш може да тргнете.
- Кога треба да завртите во лево, продолжете по лентата за право и престројте се пред сите за во лево.
- Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите.
- Тинејџерите мислат дека се бесмртни. Не трошете време да ги научите обратно.
- Таксистите и голем број други возила секогаш ќе мора да ги претекнувате од десната страна .
- Никогаш,никогаш не застанувајте на пешак, доколку тој самиот не ви се втурне под тркалата.
- Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш завземете го. Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го возилото на сред улица.
- Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето.
- Коге се приближувате кон семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас.
- Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка.
- Сеkогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.
- Кога ќе се приклучувате кон Партизанска од било која страна, ако ви се случи да појдете во обратна насока слободно продолжете да возите.
- Употребувајте ја сирената што повеќе можете, а посебно кога ќе здогледате девојка(и) со мини здолниште.
 
ѓи почитувам правилава не се плаши!:pos2:
 
Правила за возење низ Скопје
Скопје е највозбудливиот град во Европа за возење. Ќе се сложите ли?
НЕ!
Затоа за новодојдените и посетителите ќе им ги дадеме основните правила за возење во нашиот град:

- За да добие генерална слика за возењето во Скопје, пуштете ја играта Need For Speed IV и погледајте. Потоа седнете во вашата кола и вежбајте се.
под услов да ја имаш истата кола што си ја возел на NFS
- Кога се двоумите, додадете гас.
Кога не се двоумите, повторно, додадете гас.
- Никогаш не употребувајте трепкачи (жмигавци) за да не ги збуните останатите учесници во сообраќајот.
Кога сме кај светлосна сигнализација... во никој случај не ги поправајте стоп светлата... така и така не ви требаат вас!
- Кога чекате на семафор, не се мачите да гледате во него. Причекајте ги сирените од автомобилите позади вас и тогаш може да тргнете.
Но бидете доволно културни тоа да биде на жолто светло при затворање на семафорот.
- Кога треба да завртите во лево, продолжете по лентата за право и престројте се пред сите за во лево.
А кога треба да одам право? :)
- Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите.
Стварно мислиш дека тој што е “фраер“ поради шкрипење на гуми на семафор може да запамети нешто?
- Тинејџерите мислат дека се бесмртни. Не трошете време да ги научите обратно.
Тинејџерите мислам дека се бесмртни. ОДМА докажете им го спротивното... Сепак, носат 100 поени! :)
- Таксистите и голем број други возила секогаш ќе мора да ги претекнувате од десната страна .
Таксисите се возила? :)
- Никогаш,никогаш не застанувајте на пешак, доколку тој самиот не ви се втурне под тркалата.
Обично треба да се застане пред пешакот... ако застанеш НА пешак... веќе касно е :)
- Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш завземете го. Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го возилото на сред улица.
Првото паркинг место ќе го најдете после 30 минутно кружење околу блокот.
- Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето.
Запамтете дека Скопје е дом на Ганџа Бојаџиу :toe: :pos:
- Коге се приближувате кон семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас.
Совет: размислувајте за тие пред вас, обично нема да ви дозволат да ја натемпирате брзината за да го фатите семафорот.
- Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка.
Возете ја таа што е исправна :)
- Сеkогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.
Напред и назад? :)
- Кога ќе се приклучувате кон Партизанска од било која страна, ако ви се случи да појдете во обратна насока слободно продолжете да возите.
хихи... ми се има десено... мртви пијани четворица во кола.. во 6 саат сабајле во спротивна насока на Партизанска :pos:
- Употребувајте ја сирената што повеќе можете, а посебно кога ќе здогледате девојка(и) со мини здолниште.
Јас би препорачал да употребите заштита.. сирената не е многу ефективно контрацептивно средство :)

:helou:
 
Има доста претерано со правилава...ме интересира од кај е момаков :pos:
 
Има доста претерано со правилава...ме интересира од кај е момаков :pos:

Има претерно, нормално... но страшното е што голем дел од овие работи се секојдневие во Скопје... благодарение на моронизамот од возачи коишто се котат со брзина над дозволената во населени области :)
 
мислам дека не е вака само во Скопје туку и во другите градови во Р.М., а воопшто и во целиот свет!
 
Имаш заборавено нешто...Колку се иам смеено на ова: голем број од дечките/девојките кои тврдат дека се многу добри шофери и имаат искуство (најверојатно 1 месец на паркинг и 3 месеци од зимање на возачка) исто така тврдат дека кога се пијани поубаво возат.
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Хахахахахах.Ме изнасмеавте.
 
Нема што, чиста вистина...
Сепак ова е интересно... ние не го гледаме сето ова, но некој коа ќе ни дое од страна и да ни раскажува што се видел тука, има да се газиме од смеење... тоа е реалноста... се навикнавме на тоа и забораваме на работиве кои не прават уникат, хахахахаха
 
Многу важна замерка: кога ќе се запали зелено за лево и тргнета секогаш погледнете некој одспротивакому му е црвено да не тргнал за напред бидејќи нели тој има првенство на минување, не е битно што вам ви е зелено а ним црвено.
 
уште едно правило


не возете по јајапаша од 7.30 до 18 часот, посебно не со такси
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom