Мојата кирилица

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com



Иако е создадена пред повеќе од 10 векa, токму тука на нашиве простори, во земјата на древни цивилизации, со прегорната работа на светите Кирил и Методиј и со посветеноста на Епископот Охридски Свети Климент, како и многубројните ученици и мисионери, кои нивното дело го продолжиле, се чини дека во временското и просторното траење, кирилицата по малку неправедно како да се подзaборава. Поточно, сета нејзина убавина, инспиративност и сликовност, со си поретката употреба, како да потклекнува.


http://www.mojatakirilica.com.mk/

 
Поддршка на оваа акција..Да си го зачуваме она што е наше, и да го негуваме,зошто идентитетот се спознава по сопствениот јазик..Зборувам,значи ПОСТОЈАМ!
 
Песничката на Влатко е срце. Прекрасна е. Како легендарната за Бушава Азбука што беше. И не, кирилицата никогаш нема да изумре.
 
Максимално ја подржувам оваа акција и ќе правам напори за што повеќе луѓе да бидат свесни за неа.:)
 
Дали ја има некој од вас песната од Влатко на клип качено?
 
Супер кампања.
Баш ја забележав деновиве по медиумите и можам да речам само едно големо браво!

п.с. Кој ја сака песната, нека пише во соодветната тема или нека ме извести по ПП.
 
Голема поддршка до кампањата. Треба да се зачува она што е наше.
 
Интересно што на некој му текнало да направи вакво нешто :) Можда ќе им дое памет на тие sto zamaraat so latinica xD
 
Случајно или намерно пишува “БАН“ на прстињата? Или тоа е дел од кампањата тука на форумов? :pos:
Намерно пишува, за да привлече внимание кај тие што не пишуваат на кирилица... :)
 
Интересна песничка и големо браво за кампањата....да ја зачуваме нашата прва азбука КИРИЛИЦА
 
Едно големо браво! Ја поддржувам кампањата. Да го зачуваме она што е наше!
 
Подршка има и од мене! Кирилицата е едно од нашите сјајни богатства! Да го чуваме!
 
Еве го видео спотот за песната.
http://www.mojatakirilica.com.mk/kampanja/videospot.html

Инаку, јас си спремив и соодветен потпис во знак за поддршка на кампањата. :)

Super potpis.... упппсс хехехе.. :smir:

Среќни празници на сите,поздрав.

marka.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom