(Однапред сори за малку офтопик).
И секако, имаат реклами заради кои вреди да си го сокршиш телевизорот од глупавоста, претераното давање и секако иритирачките реченици кои ги има кога рекламираат било каков производ како: "Но тоа не е се....", "можете да го купите за само(посебно овој зборов само)...."... "Нема да изгубите ништо освен....(калории,килограми,болки,а се прашувам само зошто не ги спомнуваат и парите овде), а ќе добиете(здравје, среќа тинтири минтири..)...."
и така.... :helou:
:pos2: Top Shop Commercials! Giving you motive for suicide since 1996!
Немам ништо од топ-шоп, ама мои блиски имаат.
На пример, Орбитрекот го гледам во многу куќи, го имам пробано и мислам дека е ОК справата. Не дека е нешто не-знам-колку револуционерна (ко што они викат) ама во ред е.
После, вујко ја има таа четката Фасил Пеинтер и знам дека со нејзе кречи и ја фали дека била добра, могуче.
А лично јас силно верувам дека е многу делотворна таа справата што Чак Норис ја рекламира. Мислам, ЧАК НОРИС ја рекламира, а знаеме он што се` може.
За другите 5745985 хеланки, прслуци, појаси, гелови, сечковци, справички, пеглиња, правосмукалчиња, душеци, никеи ножеви + ножици со црвена точка
и слични зезалици, мислам дека се ср*ње и у боја и дека скоро истите ги има многу поефтино по пазарчиња.
''Јавете се на 0800-1-44-44. Повикот е на наша сметка!''