Дали би му дозволиле на сопругот/дечкото да оди на стриптиз?

  • Креатор на темата Креатор на темата medicinska
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте љубоморни ако вашиот партнер оди на стриптиз?

  • само ако има роденден

    Гласови: 7 7,3%
  • понекогаш

    Гласови: 36 37,5%
  • никогаш

    Гласови: 44 45,8%
  • нека оди ама јас да не дознам

    Гласови: 9 9,4%

  • Вкупно гласачи
    96
Член од
4 април 2008
Мислења
45
Поени од реакции
2
Возраст
48
soprugot ima rodenden,i neznam dali da mu priredam iznenaduvanje so striptizeti,nitu pak kako da kontaktiram so niv.kade da gi najdam?Ako nekoj znae neka mi pomogne?:toe:
 
Е*ате сопругата што си:vozbud:

А јас да ти дадам еден предлог ?

Зошто ти да не му приредиш еден стриптиз, ама не со стриптизети туку ти самата.
 
леле, шубаво ти текнало. жена каква што секој маж би ја посакал.

имаш избор пред мтв, и не штеди.. викни му повеќе.

he's one lucky guy...
 
Баш сте лоши ц ц ц ц...ко да не би сакале вие некоја стриптизета хехехе... А зошто да не му приредиш ти,има право Виктораниус...
 
Да му приредам стриптиз можно е само под еден услов: јас да сум главната и единствена во целата изведба....значи соло настап:vozbud: . А немам воопшто против доколку има намера да оди во стриптиз клуб со другарите, тоа не ми смета и не сум љубоморна, но јас да му организирам такво нешто....Нееееее....
 
Приреди му, слободно. И во неговите, и во очите на неговите другари ќе изгледаш како најдобрата сопруга на светот. И ќе ти се исплати дебело.:smir:
 
За сигурноста во една врска.

Многу се извинувам што широко ќе се надоврзам на темава...
ама без разлика што очито е стартувана од женско,како машко ќе се надоврзам на неа и ќе отворам едни главни аспекти на `проблемот` кои што скоро секогаш остануваат во позадина затоа што најголем дел од партнерите во врска или брак не се спремни ни да образложат или дискутираат (изјават) по нив...
не па јасно и гласно да кажат што сакаат и прижељкуваат.

А таквиот став...порано или покасно води кон кавга,дисхармонија и заситеност од партнерот.

Значи:
1.Не можеш да изгубиш нешто што си сигурен дека може да си дозволиш да го изгубиш.
Клучот на разбирањето помеѓу партнерите лежи 90% во оваа навидум проста дефиниција.
Секој од нас има свои сексуални желби и перверзии.
Одбивањето да ги слушнеш и разбереш таквите на партнерот (ката) води само кон продлабочување на проблемот.
Низ низата на врски кои што ги имаш (си ги имал) треба да научиш дека не поседуваш ништо и никого и дека денешната клетва и обеќавање дека доживотно ќе бидете заедно...вашата голема љубов и разбирање...-веќе утре можеби...-после серија на грешни потези и недоразбирања ќе бидат минато.
2.Забраните и условувањата СЕКОГАШ се контрапродуктивни.
ДА.
Ти ќе купиш некој времен мир и нема да дискутираш по (актуелни :pos:) теми поврзани со сексуалните желби,определби и потреби на твојата(от) партнер...
но тоа нималку не значи дека тие ќе изчезнат и таа (тој) ќе ги заборави,нема да ги осеќа и нема да има потреба од нив веќе или пак ќе ги избрише од меморијата.
НЕ.
Просто веќе у име на заедничкиот `мир и разбирање` нема да се осуди да ги дискутира пред вас.
А ќе си ги приушти и ќе ги направи !!!
Со дупли елан...само затоа што се забранети.
3.Живееме во свет во кој што сексуалното општење само со еден партнер е невозможно !!!
Би рекол за себе си дека имам големо его.
Би рекол и дека дел од вината при сознавање на вистината дека мојата партнерка има(ла) и друг со сигурност (дури подсвестно) ќе побарам во самиот себе си и моите постапки.
Сепак...искрено ми помина делот во животот кога бркав и тепав на секој чекор разно-разни фраери што (можеби) ми згрешиле.
Искрено...и се помирив со фактот дека и ако живеам со некоја особа (и делам се и сешто заедно со неа) јас не ја поседувам !!!
Ниту пак може или пак треба да ја контролирам !
Тоа е губење на време и силни емоции...кои што може многу попродуктивно да бидат искористени.
4.Е у овој дел беше клучот на мојот вечерашен муабет пријатели и пријателки.
Вратете се во раното детство-и од тогаш натаму почнете да си ги редите во глава ситуациите во кои што нешто ви било најостро забрането да го направите.
И сами за себе направете си репетиција во колку од нив сте го направиле (јавно или под строга тајност) она што било ете...забрането.
Зошто па мислите дека вашиот партнер (ка) ќе реагира различно при евентуална забрана за некакво дејствие?
Нели мислите дека со самата таа забрана љубопитноста и желбата да го направи неколкукратно ќе и(му) ги зголемите?
Како и изнесувањето на вашата ранливост на показ?
Дали не сте свесни дека во таква ситуација веќе почнувате да го одите `патот поплочен со најдобри намери` на Г-н Данте Алигиери?
И дека нешто и некого...преќутно и подсвесно почнувате да губите а никогаш тој маѓепсан `пат` со никакви усилија веќе нема да може да го свртите во обратен правец?
Просто...секој од нас има свој пат.
И ако во дел од него ви било пишано да го споделите со некој друг...
бидете радосни и целосно споделете го.
Но тоа никако не значи дека сте го добиле на `доживотно и целосно користење истиот тој партнер.`.:kesa::pos2:
5.И да се вратам на самата тема.
Дали ќе и (во мојот случај) дозволам да оди на стриптиз?
Па тоа не е и за прашување.
Сигурно ќе и дозволам.
И не мислам ниту да ја препрашувам (онака љубоморно после целата `дешавка`) дали и со кого била...
дали некој од стриптизерите и се бендисал...
и дали директно одма си дошла дома за да се гушне и легне заедно со мене во нашиот заеднички кревет.
Чесен збор.
Јас ќе бидам со неа се до оној момент додека сметам дека имаме и можеме заедно да споделуваме и решаваме заеднички ЖИВОТ.
И тоа не прави двајцата да бидеме среќни и исполнети.
Отхервисе...едно убаво сабајле заедно со утринското кафе јас ќе донесам едни три-четири страни за потпишување.
Такви на кои што со други зборови пишува дека ние ќе треба да продолжиме да живееме одделно и секој од нас ќе треба да си ја побара среќата која што ете-не напуштила или попатно сме ја изгубиле.
Фрее интерпретатион.
Нема потреба од глупости и преоптеретувања,давања на дозволи и мислења дали вашиот партнер треба да `добие дозвола` или пак мислења на тема дали таа (тој) во слободното време седи мадро и ви е верна (ен) или пак прави оргии.
Пак да повторам.
Тоа е изричито ваша несигурност и слабост која што сакате да ја префрлите на грбот на партнерот.
Или пак е ваша неспособност да определите со кој човек може подолго време да бидете во среќна врска( брак).
Запамтете...
вие не купувате и не поседувате никого.:wink:
 
Ако треба да се бара дозвола значи дека нешто не е во ред.
А околу тоа каде да најдеш би ти препорачал да пробаш по ноќниве клубови кои имаат егзотични танчерки(у последно време скоро сите).
 
Нема опција за која би гласала...А зошто да не му дозволам?:)
Aко во мене завладеал страв дека може да го ќари една стриптизетка, тогаш во мене е проблемот и веднаш го напуштам, уште не отиден на стриптиз:)

Имаш стриптиз барови скоро во секој град, јас би ти препорачала една Струмичанка, контактирај ме на пп:)
 
Никогаш, кога ме има мене што ќе му е стриптиз. :icon_mrgr
 
ЈА нема опцијата за која би гласала.Зашто да не оди?И јас би одела со него ако сака.Ако треба да се чувствувам загрозена тогаш тоа треба да биде секој ден.Инаку medicinska се согласувам дека можеш и ти да му приредиш.А може и два стриптиза да добие таа вечер?!Што да не!
 
Никогаш, кога ме има мене што ќе му е стриптиз. :icon_mrgr

Moже да ми објасниш како ти го сваќаш стриптизот,бидејќи по постов се добива впечаток дека на стриптиз гледаш како на една форма на изневерување
 
Moже да ми објасниш како ти го сваќаш стриптизот,бидејќи по постов се добива впечаток дека на стриптиз гледаш како на една форма на изневерување
Па, не е баш изневерување, сепак само гледа, не прави ништо, ама едноставно не би сакала да знам дека оди на стриптиз, би се чувствувала како да јас не сум му доволна.
 
Па, не е баш изневерување, сепак само гледа, не прави ништо, ама едноставно не би сакала да знам дека оди на стриптиз, би се чувствувала како да јас не сум му доволна.

Грешно размислуваш...мислиш ти машките само кога не се задоволни од партнерката идат на стриптиз...свати до тоа како една форма на издувување и зезанци...обично излагање со друштво,без некои скриени намери,растројства и незадоволени потреби
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom