Дали би му дозволиле на сопругот/дечкото да оди на стриптиз?

  • Креатор на темата Креатор на темата medicinska
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте љубоморни ако вашиот партнер оди на стриптиз?

  • само ако има роденден

    Гласови: 7 7,3%
  • понекогаш

    Гласови: 36 37,5%
  • никогаш

    Гласови: 44 45,8%
  • нека оди ама јас да не дознам

    Гласови: 9 9,4%

  • Вкупно гласачи
    96
Значи, мене ми пречи дека оди. А сум сигурна дека на 60% од девојките што пишале: „Не, не ми пречи“ сигурно им пречи од проста причина шо е глупо, в крај е глупо. Не в крај, ами преглупо.
Не гледам причина зошто некој би пишал дека не му пречи ако му пречи:toe:
~*Tамарче*~ напиша:
Јас кажвам како ЈАС ќе реагирам доколку би ми рекол: „Се согласуваш да одам на стриптиз?“ Нормално, одговорот би ми бил не.
Добро, знам дека кажуваш како ТИ би реагирала. Не лути се, си прајме муабет:smir:
~*Tамарче*~ напиша:
Ако не ме послуша, ниту ќе му раскинам, ниту ќе му се налутам. Едноставно ќе се разочарам дека не го почитува она што мене ми пречи. Демек ако не оди на стриптиз ќе му се срони бисерот? Ќе му падни курето? Не.
Не го разбирам тоа: „Ако не ме послуша...“
Што е тој за да те слуша и да ти биде послушен :)
Во ред, ти ќе се разочараш бидејќи не го почитува она што ти пречи. А што ако нему му пречи што ти не ја почитуваш неговата желба да оди со другарите на стриптиз? И со тоа се искажува недовербата во него, а и во себе.

~*Tамарче*~ напиша:
И то шо велиш со газето на друга, е сосем различна ситуација од одењето на стриптизерка. Кога оди, оди СО НАМЕРА да се возбуди, а кога поминува некоја јака цура и случајно поминва покрај нас, е случајност.
Eпа тоа е она што ти мислиш. Ти мислиш дека оди со намера да се возбуди. Зошто воопшто ти да се замараш со тоа дали ќе му стане на некоја таму ако си сигурна во себе?
А тоа со случајноста... Без разлика дали е случајно или не, тој може да се надрви на друга, а ти да си до него.
Она што сакам да кажам - ако партнерот сака да се надрви на друга, тоа ќе го направи и кога си покрај него, не мора да оди на стриптиз.
 
Не гледам причина зошто некој би пишал дека не му пречи ако му пречи:toe:

Добро, знам дека кажуваш како ТИ би реагирала. Не лути се, си прајме муабет:)

Не гледаш причина?.. Епа јас гледам ама не е за тука то, а вервам дека гледаш и ти причина зошто би го правеле тоа :)
И не се лутам, си прајме муабет :)

Не го разбирам тоа: „Ако не ме послуша...“
Што е тој за да те слуша и да ти биде послушен :)
Во ред, ти ќе се разочараш бидејќи не го почитува она што ти пречи. А што ако нему му пречи што ти не ја почитуваш неговата желба да оди со другарите на стриптиз? И со тоа се искажува недовербата во него, а и во себе.

Што е тој за да ме слуша и да ми биди послушен?
Ова сеа го кажа ко јас нон стоп да му наредвам, па тој под моја команда е. Не е така пашенце, едноставно кажвам како ќе изреагирам ако тој ме праша. :) (Ова шес пати го кажав, се осеќам неубо)

А што ако нему му пречи што ти не ја почитуваш неговата желба да оди со другарите на стриптиз? И со тоа се искажува недовербата во него, а и во себе.

Неговата желба да оди да го дрви на друга? То да го почитувам? :)

Зошто воопшто ти да се замараш со тоа дали ќе му стане на некоја таму ако си сигурна во себе?

Па глупо ми е дечко ми да оди специјално на стриптизерка за да му стани. Сфаќаш? :) (Знам дека сфаќаш, ама филм ми е да го поставам прашалното зборче :) )
Мислам дека сигурноста овде нема врска. Едноставно, ептен ми е глупо дечко ми да дојди и да ми речи: „Одам да гледам кај шо се слеква една и после да го тинкам на неа“. Не се буквално вака зборојте, ама близу ептен се..

Она што сакам да кажам - ако партнерот сака да се надрви на друга, тоа ќе го направи и кога си покрај него, не мора да оди на стриптиз.

Да, тука си потполно во право.
Ама како беше то, „она што не го знаеме, нема да не' боли“..
 
Не гледаш причина?.. Епа јас гледам ама не е за тука то, а вервам дека гледаш и ти причина зошто би го правеле тоа :)
Па, не баш, што знам. Јас тргнувам од себе и не гледајќи причина да кажувам нешто што не мислам, си велам и другите пишуваат она што мислат. Можеби грешам, не знам. Можеби има некој што пишува она што сака некој друг да прочита.

~*Tамарче*~ напиша:
Што е тој за да ме слуша и да ми биди послушен?
Ова сеа го кажа ко јас нон стоп да му наредвам, па тој под моја команда е. Не е така пашенце, едноставно кажвам како ќе изреагирам ако тој ме праша. :) (Ова шес пати го кажав, се осеќам неубо)
А, не, пашиче. Не го кажав така, погрешно си ме сфатила. Не ме интересира дали нон-стоп му наредуваш или воопшто не му наредуваш, не ни имав на ум да потенцирам такви работи, јас само донесувам заклучоци според конкретни твои искази во врска со темава.
Е сега мене ми напрај да се осеќам неубо шо си морала да пишиш шест пати, а уште првиот пат кога кажа ти укажав дека сфатив оти ТИ така би реагирала ако те праша.:)
А ако не те праша? Ако ти дојде и ти рече: „Злато (душо, паше, ватевр), јас вечерва ќе одам со другарите во стриптиз бар, Петре слави роденден и сака да одиме“

~*Tамарче*~ напиша:
Неговата желба да оди да го дрви на друга? То да го почитувам? :)
Не, неговата желба да се забавува со другарите. Немој да ми речеш дека може да се забавува во некое кафуле на пиво со другарите, пак ќе ми отиде умот на ограничување и наредување.

~*Tамарче*~ напиша:
Па глупо ми е дечко ми да оди специјално на стриптизерка за да му стани. Сфаќаш? :) (Знам дека сфаќаш, ама филм ми е да го поставам прашалното зборче :) )
Ако, јас не ти се лутам шо ме праша. И знам дека знаеш дека те сфаќам што сакаш да кажеш:smir:

Те сфаќам и дека ти е глупо дечко ти специјално да оди на стриптизерка за да му стани.
Ваква ситуација не претпоставив. Јас ја имав предвид ситуацијата да оди чисто од забава:)
Ете ја разликата.
~*Tамарче*~ напиша:
Мислам дека сигурноста овде нема врска.
Добро, околу ова имаме различно мислење.
~*Tамарче*~ напиша:
Едноставно, ептен ми е глупо дечко ми да дојди и да ми речи: „Одам да гледам кај шо се слеква една и после да го тинкам на неа“. Не се буквално вака зборојте, ама близу ептен се..
Во ред, сфаќам дека е глупо да дојде и да ти рече нешто во овој стил.

Мислам дека се разбравме околу нашите (различни) ставови, го почитувам твоето мислење иако не се согласувам со него:smir:
 
Секако дека нема да има проблем тој да оди во стриптиз бар, исто како што нема проблем ни јас да одам на машки стриптиз. Разликата е во тоа што јас ќе сакам да одам со него на женски стриптиз и ќе одиме заедно, а во обратната ситуација тешко он да сака машки да глеа :)

Се обидувам да си ја визуелирзирам ситуацијата ние двајца во стриптиз бар, напната сексуална атмосфера.. охохо, нема ни до дома да успееме да стигнеме, ќе завршиме на првиот паркинг :pos:
 
Зарем треба да бара дозвола?
На рестрикција као функционираме?
Налет таква врска.

Ако сака да иде, ќе отиде, без разлика дали јас ќе му речам да или не. Така да, нема зошто да ме прашува. Ќе бидам задоволна ако само ме извести дека ќе оди. А, јас нормално нема да се бунам.
 
Секако дека може да оди, забава си е забава. Едино би ми пречело танц во скут, малку ги пречекорува границите на дозволената интимност, и не би толерирала такво нешто од партнерот.

Иначе за вака, бојз најт аут, шо па да не.
 
Ако го поседувам, воопшто никогаш нема да му падне на памет ваква идеја, бидејќи ќе биде прекрасно истрениран.
:tv:

За оној другиот однос.
Физичкото може да го има на тони, и затоа малку му значи.
Ако пред мене пројави желба за стриптизета, сосема сигурно дека прво јас ќе му ја исполнам, што за лична сатисфакција а што за него :icon_lol:, а после нека оди кај сака, јас ќе пијам! :vozbud:
 
Да,би му дозволила.Не гледам тука ништо спорно што би и пречело на нашата врска.Мислам и дека веќе ако тој одлучил да иде ќе иде без разлика на мојот одговор само што во во случајот "да,можеш да одиш" ќе биде пресреќен и благодарен и наредниот пат коа јас ке побарам нешто нема да има срце да ме одбие:pipi:а во случај коа би му рекла неможе,тој може да отиде без мое знаење и тогаш е многу полошо.
Само едно прашање до Еце и оние кои се изјаснија како неа,од типот "зарем не сум му доволна","ќе се возбудува на друга","ќе гледа туѓо голо женско тело" и сл....Им забранувате ли на партнерите да гледат порно?
 
Јас кажвам како ЈАС ќе реагирам доколку би ми рекол: „Се согласуваш да одам на стриптиз?“ Нормално, одговорот би ми бил не.
Олд фешнд енд џелоус Битолчанка. Традиција мора да се продолжи. Бабата не го пуштала дедото на женско оро, мајката не го пуштала таткото на Лепа Брена, Тамарче не го пушта нејзиниот на стриптиз.
 
Олд фешнд енд џелоус Битолчанка. Традиција мора да се продолжи. Бабата не го пуштала дедото на женско оро, мајката не го пуштала таткото на Лепа Брена, Тамарче не го пушта нејзиниот на стриптиз.

И ај објасни ми сега како дедото да не се фати на женско оро, таткото да не отиде на Лепа Брена, или, не дај Боже, нејзиниот (на Тамарче) да не отиде на стриптиз? :)
 
Најверојатно ќе импровизираат нешто во домашни услови.
 
~*Тамарче*~ напиша:
Значи, мене ми пречи дека оди. А сум сигурна дека на 60% од девојките што пишале: „Не, не ми пречи“ сигурно им пречи од проста причина шо е глупо, в крај е глупо. Не в крај, ами преглупо.

Е сега, има две работи во врска со ова што го цитириав од Тамарче.

Првата работа е што е во право дека на форумот масовно се лаже и дека најголем дел од девојките кои се изјасниле како против, на првиот агол на љубовта ќе си ја удираат главата од рамката на прозорецот (во стакло не смеат, јасно е) зошто дечко им “не ги сака“. Само процентот треба да го рипне малку..
Втората работа е дека Тамарче нема објективно гледање на работите и тоа е познато и од други теми. На тема како оваа каде е личен ставот на секој кој ќе го изнесе, да се каже дефинитвно дека тоа е “вкрај глупо“ е во најмала рака смешно. Вкрај смешно.
И не, не е глупо, туку е вистинито, и се случува, и треба да се случува за врската да биде моредно здрава. Бидејќи ако пуштиш ТВ или вклучиш компјутер, ќе приметиш дека живееме во ултра модерен свет кој се разликува од навиките на луѓето пред два века и оние кои побргу ќе се прилагодат на таквиот живот, помирно ќе спијат.

п.с. И пред два века имало изневерување... дали тоа било во штала или денес во стриптиз бар... барем за мене е сеедно. :helou:
 
Демек денес е ултра модерно да си го пушташ дечкото да оди на стриптиз? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom