Кукавичлук... Страв да не ги наполнат до врв, па реваншот да биде и далеку од формалност. Прочитај ги тука постовите, сите набиле страв во коски, а реалноста е дека ние немаме што да изгубиме, туку само да добиеме. Ако настапат и играчите на Вардар како форумџииве, тогаш црно ни се пишува и тоа со болд

Пласманот во 1/2 финале е голем успех, па мора по секоја цена психички да се спремат играчите.
Инаку не ми текна на мене ова, ваква работа се има случено многу пати, дури лани или пред 2 години мислам дека и Металург ја примени кога играше со некоја од германските екипи.
Што е до мене, подобро е што на гости го играме првиот натпревар. Нашите играчи повеќе ќе бидат под притисок доколку бранат позитивен резултат во Германија, отколку во ваква ситуација кога почнуваме таму од 0-0.