Фан клуб - РК Вардар

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.508
Поени од реакции
1.895
До Зоте:Точно добредојдена е критиката ама кога е оправдана а не по секоја цена омаловажување и серакање, а кога ке се оствари победа нигде те нема да пофалиш.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
До Зоте:Точно добредојдена е критиката ама кога е оправдана а не по секоја цена омаловажување и серакање, а кога ке се оствари победа нигде те нема да пофалиш.

не е точно, еве сега ги пофалив младите репрезентативци во фудбал, кај си да прочиташ :smir:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.094
Поени од реакции
74.895
Заборавив да спомнам дека доброто во целата оваа приказна е што Вардар прими релативно мал број на голови. Па така ако дадеме 23 на реваншот, што е прилично изводливо, Решица ќе мора да победи со цели 7 гола... :icon_mrgr
Лелееее, ако не влеземе во полуфиналеееееее....
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148

Леле ако влеземе.Не мостон туку цело Скопје има да се дрма и ниша
Само напред и таму ќе ги тепаме!!!!! :)
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Неам пасош..... Иначе радо би идел.

Иначе у купот се паднавме у група со Ѓорче,Овче Поле и Драчево
Првата утакмица ја играме со Ѓорче,и после играме против победникот од Драчево - Овче Поле
Утакмиците се играат на Кале на 9ти април.
Дерби ќе биде ако пројдат Драчевчаниве :icon_mrgr
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Јас ке одев али одложив бидејки во сабота Интер ми игра со најголемиот ривал,немој некој да ми се наљутел заради ова:smir: П.С Кај мораше баш сеа да се погоди дербито баксуз сум,ај ке има наредни гостувања!
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566

Ако ради тоа си го пропуштил гостувањево... :tapp::nesvest::toe:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Ако ради тоа си го пропуштил гостувањево... :tapp::nesvest::toe:
И мене ми е криво што не идам бидејки се падна во ист ден со дербиво,и Вардар и Интер ги сакам премногу али Интер ја доби битката заради тоа што ми донел највеќе радост во животот! Ке ве разберам и да не ме сфатите,знам дека ви е чудно што заради странски клуб ке го пропуштам мојот Вардар и ова убаво гостување али тоа е немав среќа,им покасувам на момците убав помин и нормално позитивен резултат!
 
bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346
Ќе одиш во Милано...!? Ми се сере од вакви како тебе "изгорени" навивачи, највеќе радост интер ти донел, незнам кој си, но заборави ја Западната трибина!
 
П

Паспарту

Гостин
Вардар про го мести биоритамот за Романија

Реванш-дуелот во четврт-финалето во КПК против Спорт Решица ќе се одигра рано в сабота во 12 ч. по македонско време
Сашко Ѓ. Димовски
Ракометарите на Вардар про ги местат биоритамот за претстојното викенд гостување во Романија кај екипата на Спорт Решица во реванш четвртфиналниот дуел во КПК. Саботниот дуел е закажан за 12 часот по македонско време што е невообичаено за нас, па затоа и екипата во Скопје во изминатите десетина дена тренира во тоа време од денот за што подобро да адаптира во терминот за реализација на конечната цел - полуфинале.

„Чуден термин, но во тоа време Спорт Решица, сепак, ги игра своите мечеви како домаќин. Го проверивме тоа. Затоа и не гледаме никаква тенденција што толку рано ќе се игра реваншот“, вели првиот човек на Вардар про, Михајло Михајловски.

Вардарци со себе ќе однесат плус 6 од првиот дуел во Скопје (28:22) меѓутоа и верба во потенцијалот што го поседуваат за повторување на успехот од 1999 година и од 2005 година кога клубот беше дел од големата четворка во истото ова натпреварување на ЕХФ. За тоа ќе биде потребна и малку спортска среќа, коректно судење, добра игра во одбрана, трпеливо во напад и добро издание на Ристовски. И секако да не се подлегне на атмосферата во салата бидејќи Спорт Решица важи за клуб со едни од најнепријатните навивачи за гостинските екипи. Затоа и ретко губи на домашен терен.

„Решица е „валкана“ дома. Екипата има страшна публика која ги носи играчите низ натпреварите. Запознати сме со тоа и свесни сме што не' чека таму. Затоа сите тренери, па и јас, при ждрепка сакаат реванш мечевите да ги играат на сопствен терен. Но, што е тука е. Нема бегање од тоа. И против Берхем и против Копенхаген игравме прво дома, па во гости и ги минавме. Па, не гледам зошто и овојпат да не биде како во Луксембург и во Данска“, коментира Вардаровиот тренер, Перо Милошевиќ.

И покрај заминувањето на неколку играчи кај Решица во изминатиот период поради финансиската криза во која западна клубот, сепак, противникот и натаму останува конкурентен и во домашното првенство и секако во КПК. Вардар про е свесен за тоа и претпазлив за реваншот кој сигурно ќе има поинаков тек од скопските 60 минути во саботата. Заедничката работа и придонес ќе биде од исклучително значење, во тоа треба да се вклопи и поволен здравствен билтен. Надовеза да ја повтори партијата и реализацијата од првиот меч или да биде блиску до неа, Ристовски да биде стандардно добар, соодветно на предизвикот да одговорат и крилата и кружните напаѓачи, единствено Резничек треба да го подигне нивото и да го смени издание што СРЦ „Кале“ кога постигна само 1 гол.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EEBB676187C3E74091E49FA8656D23B1
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
И мене ми е криво што не идам бидејки се падна во ист ден со дербиво,и Вардар и Интер ги сакам премногу али Интер ја доби битката заради тоа што ми донел највеќе радост во животот! Ке ве разберам и да не ме сфатите,знам дека ви е чудно што заради странски клуб ке го пропуштам мојот Вардар и ова убаво гостување али тоа е немав среќа,им покасувам на момците убав помин и нормално позитивен резултат!
Да одиш во Италија да гледаш ај да те разбрерам, ретко се добива таква шанса! Ама ако си можел да идеш на гостување што мислам дека 600 денари се плаќаше и да го пропуштиш за да урлаш пред ТВ на Интер - Милан затоа што најмногу радост ти донел Интер ама никако не те разбирам! Мене знаеш како ми се идеше за Романија, штета не сум член на Комити, обичен навивач сум на Вардар, инаку едвај ќе чекав да одам! Па и јас еве ги симпатизирам од странскиве екипи Њукасл, Барса, Милан итн., и ми донеле и радост и тага, ама да пропуштам Вардар затоа што играат и да гледам пред ТВ, никогаш! Нема везе ај, ти си знаеш...

ПС
Се надевам дека Миланезиве ќе те растажат во сабота! :pos2:
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Јас ке одев али одложив бидејки во сабота Интер ми игра со најголемиот ривал,немој некој да ми се наљутел заради ова:smir: П.С Кај мораше баш сеа да се погоди дербито баксуз сум,ај ке има наредни гостувања!
Немој да си пишал друг пат за Вардар ова или она. Седи си дома и гледај си телевизија, гледај да не пропуштиш и долина на воците. Може па ни на Вардар не си бил никогаш што те знам. сигурно имаш некој 8 години и без врска тресеш на темава на Вардар,
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Да одиш во Италија да гледаш ај да те разбрерам, ретко се добива таква шанса! Ама ако си можел да идеш на гостување што мислам дека 600 денари се плаќаше и да го пропуштиш за да урлаш пред ТВ на Интер - Милан затоа што најмногу радост ти донел Интер ама никако не те разбирам! Мене знаеш како ми се идеше за Романија, штета не сум член на Комити, обичен навивач сум на Вардар, инаку едвај ќе чекав да одам! Па и јас еве ги симпатизирам од странскиве екипи Њукасл, Барса, Милан итн., и ми донеле и радост и тага, ама да пропуштам Вардар затоа што играат и да гледам пред ТВ, никогаш! Нема везе ај, ти си знаеш...

ПС
Се надевам дека Миланезиве ќе те растажат во сабота! :pos2:
И претходно пишав дека не очекувам да ме разберете,затоа јас вас ве разбирам и ги прифаќам сите критики кон мене! Знам дека тешко е да ме разберете али важно е дербиво и не ми дава срцево да го пропуштам,а за Вардар сегде сум идел и ке одам до крај на животов(ке има и други гостувања затоа не жалам толку)

--- надополнето ---

Немој да си пишал друг пат за Вардар ова или она. Седи си дома и гледај си телевизија, гледај да не пропуштиш и долина на воците. Може па ни на Вардар не си бил никогаш што те знам. сигурно имаш некој 8 години и без врска тресеш на темава на Вардар,
Абе дај не трескај глупости не сум бил на Вардар ова она:tapp:,сум бил во Прилеп,Тетово,Битола,Кратово,Штип и каде уште не за Вардар ти ке ми тресеш глупости тука! Иначе иам 19 години,знам дека глупо ви падна оваа одлука *демек сум ве предал за Интер * и не очекувам да ме разберете,само нејќам да се караме тоа го барам од вас! Со почит КОМИТИ ЗАСЕКОГАШ!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom