Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Слабо некако почнавме. Ај што загубивме од Монпеље (екипа од самиот врв), ама што изгубивме од еден извиѓач па и од Борац Бања Лука е прилично срамота... Неможам да најдам информации за тоа кој е наш најдобар поединец на овие натпшревари ниту пак со каков состав играме. Знам само дека вчера најдобар стрелец кај нас бил Недовеза со 8 погодоци...
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ја гледав утакмицата со монпеље кад еигра еден никола карабатич и се многу јаки но вардар не се посрамоти иако добро почна и водеше 2-0 после се изгуби во неуиграностса и монпеље пола голови ги даде од контри значи многу лесно. Ова е сега нов состав на вардар и тука ја гледам причината за ваквите резултати во припремите и овој тим што се прав во вардар после некое време ќе ги даде своите резултати.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
....а да бидевме малце пореални барем тука на форумов ... Нова екипа, нов тим...вака-така, само да ги оправдаме поразите !!! Не го сметам тоа за правилно воопшто... Новиот тим се формираше толку долго време, се размислуваше во секакви варијации за кои и дискутиравме и наеднаш од нигде-никаде добиваме порази од послабо рангирани екипи ( не зборувам и за Монпеље )....... Јас ја гледав само утакмицата против Извиѓач и имам забелешка против Пејовиќ... во неколку наврати едвај се снајде !!! Воопшто не ми делува спремно и искусно .... Нека си преземат главните персони таму нешто, инаку со Пејовиќ никаде не стигнуваме-ќе се уверите допрва и самите.... Поздрав .............
 
Член од
26 јули 2008
Мислења
214
Поени од реакции
19
Може да пише некој кај ги гледате натпреварите од Добој? Некој линк или ... ?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Денес во 18:30 на Еуроспорт 2 ќе вршат пренос од дуелот помеѓу Вардар и Чеховски Медведи.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.056
Денес во 18:30 на Еуроспорт 2 ќе вршат пренос од дуелот помеѓу Вардар и Чеховски Медведи.
На кои кабловски има уште Еуропспорт 2??? На овие Скопскиве нишедна спортска програма нема да им ебам мамицата :nerv:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
На кои кабловски има уште Еуропспорт 2??? На овие Скопскиве нишедна спортска програма нема да им ебам мамицата :nerv:
На Телекабел има Eurosport 2, ама изгледа мечот е во 19:30 по наше време.

--- надополнето ---

Екипава е ср**е, полна со срби, ни В од Вардар... згора на тоа ниту играат нешто посебно, со исклучок на Продановиќ кој игра на десно крило (а ние имаме десни крила за извоз)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
На Телекабел има Eurosport 2, ама изгледа мечот е во 19:30 по наше време.

--- надополнето ---

Екипава е ср**е, полна со срби, ни В од Вардар... згора на тоа ниту играат нешто посебно, со исклучок на Продановиќ кој игра на десно крило (а ние имаме десни крила за извоз)
Како бе тоа срање!? Ја не знам ти што си очекувал, ама пристоен пораз од 5 голови против Чеховски Медведи не може да биде предмет на преголемо незадоволство. Па човече, Чеховски Медведи се во топ 4 во Европа. Ги прегазија Босна со преку 20 гола разлика, го победија Монпеље со 36:31... Сепак треба се има една објективна проценка до каде се нашите можности.
Вардар, последниве години стално бил полн со Срби. Таква е неговата политика, која очигледно дава резултати. Не знам што е тука проблемот. Вардар не е репрезентација на Македонија, па да размислува да во тимот му бидат само Македонци. Кој ќе се докаже, тој и ќе игра. Без разлика дали бил Македонец, Србин или Црногорец.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Јас гледав како играат, резултатот е ирелевантен, не го гледав цел меч до крај, ама Вардар губеа и 11-12 разлика и ако сакаа Чеховски Медведи ќе ги демолираа, за 40 минути игра имаа дадено 30 гола. Минатата година Михајловски и Савевски кажуваа дека ќе се насочат кон наши млади играчи, а тие го наполнија тимот со срби како никогаш досега.
 
П

Паспарту

Гостин
Можеле да изгубат 12 разлика, но ете одиграле добро и изгубиле 5... :) Сепак ЧМ се меѓу најдобрите во Европа, па да се вратиш од 12 на 5 разлика не е мала работа. Колку што знам Вардар не прави тим за да парира на екипи како Монпеље, Чеховски Медведи, Суидад Реал, Барселона итн па затоа не може да се каже дека е лош овој резултат. Јас колку што знам Металург беа тие што се удираа во гради дека прават дрим тим за ЛШ, а тешко дека и ќе се квалификуваат во групите со овој тим што го имаат...

Здравје сезоната е пред нас, штета што за титула ќе се борат само две екипи :)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Никој тука не вика дека Вардар е македонска репрезентација па треба да се игра само со наши играчи !!!
Зборуваме, за нашите играчи кои прочитав погоре и 100% се согласувам- ГИ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО, а нивното место го зафатиле второкласни ракометари, без ракометно педигре а што е најтрагично добиваат минутажа !!!!!!
Браво велам за Проданович и Надовеза...али другите- кратко и јасно, не вредат и не се за во клуб како Вардар (клуб кој се обидува да ја врати титулата) ... има време, сезоната сеуште не почнала, ќе видиме и самите, ќе се увериме во квалитетот на Вардаровите моментални играчи.... Јас, како доволно искусен во ракометот кој го следам пола мој живот, за кој и специјализирав и досега не сум погрешил во моите претпоставки велам дека Пејовиќ е најнедостоен играч, на кој не му е местото во Вардар... Има време, пак ќе кажам, ќе гледаме, ќе се увериме и самите...али вака титула не се враќа.... поздрав.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.012
Поени од реакции
5.333
Можам да кажам само дека СИмовиќ мора да лета од тим.. ПОголема дупка неам видено.. толку да си непрезицен чудооо.. Даскаловкси да брани пред Ристовски под итно.. Прдановиќ супер изигра добра реализација..
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
ја гледав утакмицата негде второ полувреме и можам да кажам дека на секоја екипа има падови и вардар го искористит падот на медвде на крај и постигна културен резултат. за ракомет верувам дека доаѓаат посветли денови, ќе се игра од догодина балканска лига, ќе има скоро секоја утакмица со ист квалитет и појаки противници а не како сега само 4 утакмици годишно со металург. па така можеби не од првата година ама после неколку години играње во таква силна лига кае сигурно и доста играчи би сакале д аиграат ќе си дојдат резултатите ако се вложува како до сега.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
До година здравје, има време...тогаш ке дискутираме околу тоа алиии...битно е што има Вардар да покаже оваа година, како што гледаме и самите нема и нешто многу :( за жал... тимот на Вардар се формираше цел месец, можеби и повеќе, па сите ние очекувавме гоолем буум на теренот...али за жал, пак ќе кажам, не изгледа така баш и дека ќе се постигне многу со ваквиот состав од Вардар-не ми се верува ... Под итно мењавање да има на Пејовиќ, а се сложувам и за Симовиќ, ептен непрецизен беше на овој меч. Даскаловски како голман би бил подобра опција, али не ми се верува дека Ристовски би бил запоставен затоа што мислам дека премногу го форсира Савевски него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom