Никој тука не вика дека Вардар е македонска репрезентација па треба да се игра само со наши играчи !!!
Зборуваме, за нашите играчи кои прочитав погоре и 100% се согласувам- ГИ ИМАМЕ ПОВЕЌЕ ОД ДОВОЛНО, а нивното место го зафатиле второкласни ракометари, без ракометно педигре а што е најтрагично добиваат минутажа !!!!!!
Браво велам за Проданович и Надовеза...али другите- кратко и јасно, не вредат и не се за во клуб како Вардар (клуб кој се обидува да ја врати титулата) ... има време, сезоната сеуште не почнала, ќе видиме и самите, ќе се увериме во квалитетот на Вардаровите моментални играчи.... Јас, како доволно искусен во ракометот кој го следам пола мој живот, за кој и специјализирав и досега не сум погрешил во моите претпоставки велам дека Пејовиќ е најнедостоен играч, на кој не му е местото во Вардар... Има време, пак ќе кажам, ќе гледаме, ќе се увериме и самите...али вака титула не се враќа.... поздрав.