Што е потребно за секс?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Незнам од каде да почнам ... :podsmev:
Имам многу прашања кои ќе се потрудам да ги сместам во една тема, бидејќи се поврзани секако.:pipi:

Вака ...
- Што ви е потребно за еден општ секс?
- Дали и зошто имате потреба од општ секс?
- Колку често знаете да си кажете "Е денес нешто морам да легнам!"?
- Доколку си го кажете тоа, како избирате кој ќе е сексуалниот партнер тогаш? Излегувате и барате да е тоа некој непознат или собирате друштво, па со кој ви се посреќи со тој?
- За што размислувате додека имате секс со некој кој "сте го собрале од улица"? Гледате што повеќе да се испразните за да ве држи некое време или едноставно без посебни чувства уживате во непознатото тело?
- Како се чувствувате наредниот ден? Како да ви се симнала планина од грб или како тек тогаш да ви се качила?:podsmev:
- Дали денес може да се разграничи кој повеќе практикува општ секс помеѓу мажите и жените?
- Бидејќи тоа е се` почеста појава, на што се должи и колку е добра, а колку лоша?

Леле претерав ... ај доста.

п.с. Потенцирам општ секс бидејќи сакам да го разграничам од водење љубов со некој кој буди некакви симпатии кај нас, со кого сме некое време, со кого се гледаме од време на време и сл. Значи строго секс без никакви подлабоки чувства.
п.с.1 Мислам дека темава ќе остане или без постови или само машки ќе пишуваат, но се надевам дека ќе се излажам и ќе има што да си кажеме. Можно е и тоа, со оглед на тоа какви се мислења има по останатите слични на оваа теми ... :smir:
 
Претпоставката дека само машките ќе пишуваат ти е точна, затоа што само тие имаат што да кажат за ситуации од тој тип. Од проста причина што просечно женско нема потреба од секс на таков начин. Го немаме чувството на „загореност“ кое машките го добиваат ако подолго време се неактивни. За нас потребата за секс е поврзана со самата љубов и следува како реакција на истата. Се вљубуваме или пак се опседнуваме со некого од што ни е згоден, и легнуваме. Кај машките е инаку. Кај нив критериумот за тоа со кого ќе имаат секс, се намалува со секое испиено пиво плус. :toe:
 
А авторот на темата да се изјасни на горенаведените прашања?
 
Претпоставката дека само машките ќе пишуваат ти е точна, затоа што само тие имаат што да кажат за ситуации од тој тип. Од проста причина што просечно женско нема потреба од секс на таков начин. Го немаме чувството на „загореност“ кое машките го добиваат ако подолго време се неактивни. За нас потребата за секс е поврзана со самата љубов и следува како реакција на истата. Се вљубуваме или пак се опседнуваме со некого од што ни е згоден, и легнуваме. Кај машките е инаку. Кај нив критериумот за тоа со кого ќе имаат секс, се намалува со секое испиено пиво плус. :toe:
Не се слагам со тебе дека само машки треба да пишуваат на оваа тема. Па ако јас легнам некоја за една вечер и за неа е за една вечер што значи дека нема разлика машко или женско.:nenene:
 
Добро не ми е јасно, зошто толку генерализирате? Имам чувство дека голем број од девојките имаат безвеза мислење за машките по ова прашање. Кој рекол дека сите машки можат да имаат секс со секоја што ке помине на улица облечена во пократко здолниште?

Назад на темава... Никогаш не ми дошло, и никогаш нема да ми дојде да имам секс со некоја што ја гледам прв пат. Едноставно така функцонирам, тоа е.
 
Вака ...
- Што ви е потребно за еден општ секс?
- Дали и зошто имате потреба од општ секс?
- Колку често знаете да си кажете "Е денес нешто морам да легнам!"?
- Доколку си го кажете тоа, како избирате кој ќе е сексуалниот партнер тогаш? Излегувате и барате да е тоа некој непознат или собирате друштво, па со кој ви се посреќи со тој?
- За што размислувате додека имате секс со некој кој "сте го собрале од улица"? Гледате што повеќе да се испразните за да ве држи некое време или едноставно без посебни чувства уживате во непознатото тело?
- Како се чувствувате наредниот ден? Како да ви се симнала планина од грб или како тек тогаш да ви се качила?:podsmev:
- Дали денес може да се разграничи кој повеќе практикува општ секс помеѓу мажите и жените?
- Бидејќи тоа е се` почеста појава, на што се должи и колку е добра, а колку лоша?

Леле претерав ... ај доста.

Бидејќи долги години имам ист партнер,ме натера со темава да се подсетам на старите добри времиња:vozbud:вака некако би било:

-Освен страст ништо друго не ми е потребно,доволно е само сексуално да ме привлекува,не се замарам со приказни за љубов.
-Мислам дека секој има потреба од некаков секс,дали е општ,дали е специфичен(со ист партнер),дали е орален,анален,дали сам ќе се мава,свеједно:)Не сум била во ситуација да скакам на секој,можеби оти сум имала кај кого да се обратам.Потребата од општ секс ми се појавила само кога е сушен период,околу мене згодни луѓе,а во мене вишок алкохол.
-"Е денес нешто морам да легнам!"-вакво нешто не сум рекла,подиректна сум :)"е ова ќе го легнам или ова би го легнала"значи мора да постои "објект на опсервација" кој ми го предизвикал чувството.Иначе вакво нешто се користи во комуникацијата помеѓу другарките,го имам слушнато многу пати.Со реализација,разбира се.
-Нема потреба од размислување,сакаш и го правиш истото,уживаш во моментот,само посакување постои"едноставно без посебни чувства уживате во непознатото тело?!"
-Наредниот ден освен тешкотии од алкохол сум немала мачни чувства:)
-Неможе да се разграничи кој повеќе,кој помалку,бидејќи за секс се потребни двајца.
-Како што имам кажано и во други слични теми,ако секогаш тргаш од себе си,од своите желби и потреби,ништо неможе да биде погрешно.Ако тргаш од желбите и потребите на некој друг,посебно во сексот,сам си се заебал:)Лошо е ако незнаеш што сакаш,незнаеш што да направиш со себе,немаш свои граници и принципи кој си ги почитуваш.Добро е ако правиш она што го сакаш и тоа те прави среќна,бидејќи животот е прекраток за да се замараш со глупости и со чистење гомна наоколу.
 
Претпоставката дека само машките ќе пишуваат ти е точна, затоа што само тие имаат што да кажат за ситуации од тој тип. Од проста причина што просечно женско нема потреба од секс на таков начин. Го немаме чувството на „загореност“ кое машките го добиваат ако подолго време се неактивни. За нас потребата за секс е поврзана со самата љубов и следува како реакција на истата. Се вљубуваме или пак се опседнуваме со некого од што ни е згоден, и легнуваме. Кај машките е инаку. Кај нив критериумот за тоа со кого ќе имаат секс, се намалува со секое испиено пиво плус. :toe:

te demantiram vo celost. znaci i kaj zenskite kako i kaj maskite ima situacija koaga se "zagrozeni" kako sto narekuvas koga nemaat sex. znaci jas sum bil vo prisustvo na devojki koi sto zborele kolku im treba sex, kako oni ne se dovolno e...i. i moabetoto ne go preteruvam nego e kazan bas so tie zborovi. znaci deka sme do nekade isti na toj pogled. e sea problemot so zenite, a sto ne predstavuva problem kaj mazite e toa javno da go kazat.

inaku da odgovoram na temava. za sex treba dvajca, eventualno trojca ili cetvorica, zavisi od momentot i raspolozenieto:vozbud:
 
Претпоставката дека само машките ќе пишуваат ти е точна, затоа што само тие имаат што да кажат за ситуации од тој тип. Од проста причина што просечно женско нема потреба од секс на таков начин. Го немаме чувството на „загореност“ кое машките го добиваат ако подолго време се неактивни. За нас потребата за секс е поврзана со самата љубов и следува како реакција на истата. Се вљубуваме или пак се опседнуваме со некого од што ни е згоден, и легнуваме. Кај машките е инаку. Кај нив критериумот за тоа со кого ќе имаат секс, се намалува со секое испиено пиво плус. :toe:
Koлку само грешиш да знаеш. Можеш да пишеш за тебе, ама да збориш во име на сите жени...ем генерализираш, ем навредуваш со тоа дека критериумот се намалува со секое испено пиво плус. И жените даваат пуси полесно кога ќе акнат некоја пијачка плус. Алкохолот подеднакво влијае и на машките и на женските кочници. Ама, сепак е до алкохолот, а не до полот.

Секое живо суштество има потреба од секс. Секс. Секс. Оргазам. Кога неможеш да го имаш сексот со некого во кого си вљубен, го имаш со некој кој ти е привлечен физички. И тоа дека жените немале чувство на загореност се приказни за мали деца. Ако немаат партнер, мастурбираат. Сите. И средношколки, и оние во зрелите години. Всушност, мислам дека жените уште повеќе од мажите можат да имаат чувство на загореност. Посебно оние кои претходно имале постојан партнер, а одеднаш настанала суша. Не чекаат по 5-10 години за да дојде принцот, па да ги спаси и да свршат.

И биди искрена, немаш ли чувство на загореност кога од икс причини цела недела немаш секс со партнерот? Иако го сакаш. Загореноста поради отсуството на секс сепак постои.
 
За секс мене ми е потребна желба и физичка привлечност! Ништо повеќе:)
 
Аха, кога ви одговара да бидете љубовџии и кога е момент да се истакнете со бројноста на вашите секс искуства, тогаш важат некои други критериуми. Тогаш не се стеснувате да изјавите како сте легнале се` што носи сукња. Но во тема каде што е пожелно да излезете моралисти, е тука се јавува вашето друго лице.

И не сакам да глумам некоја пуританка бидејќи во никој случај тоа не сум. Претставник сум на мојот пол кој водел и води здрав и најнормален сексуален живот. Оние во мојата околина исто така и затоа не генерализирам туку говорам од името на просечните жени што ги знам. Ретко се јавува чувството на „ ми се е.е, ми се плаче“, па дури и ако не сме имале секс подолго време. Стварно! А фригидни, не сме. И секако, уште еднаш истакнувам дека говорам од името на просечните зрели девојки или млади жени, како сакате.

И уште еднаш сумирање на лекцијата. За секс ми е потребна вљубеност или силна хемија и физичка привлечност :vozbud:.
 
Аха, кога ви одговара да бидете љубовџии и кога е момент да се истакнете со бројноста на вашите секс искуства, тогаш важат некои други критериуми. Тогаш не се стеснувате да изјавите како сте легнале се` што носи сукња. Но во тема каде што е пожелно да излезете моралисти, е тука се јавува вашето друго лице.
Ниту се фалиме, ниту глумиме моралисти, само моравме да те корегираме во намерата да ја забуткаш темава во феминистичка насока. Демек мажите го ставаат било каде, поготово ако ѕвизнале некоја кригла повеќе и ништо не им е битно, немаат никаков критериум, а жените се светици и никад, ама никад не им се ебе и никад не се чувствуваат загорени, без разлика колку време не почувствувале врелина меѓу нозе. Абе ај.

И не сакам да глумам некоја пуританка бидејќи во никој случај тоа не сум. А фригидни, не сме. И секако, уште еднаш истакнувам дека говорам од името на просечните зрели девојки или млади жени, како сакате.
Фригидни не, но асексуална можеби? И одлучи се, пуританка си сега или не? А дека говориш од името на просечните зрели жени...немој да тврдиш такво нешто. Можеш да говориш само во свое име. :smir:
 
... Алкохолот подеднакво влијае и на машките и на женските кочници.

Малце :oftopic:, ама не е баш подеднакво дејството, кај жените има поголем ефект:

Зошто жените побрзо ги фаќа?

Затоа што организмот не им е најдобро хемиски балансиран за да се справи со алкохолот. Имено тие имаат дефицит од клучниот ензим кој го разградува алкохолот пред тој да влезе во крвта и затоа побрзо се опиваат од мажите. Американските научници кои го утврдија овој факт, велат дека поради ваквата 'ензимска хендикепираност' на жените, тие се поподложни и на болестите поврзани со алкохолот како што е цирозата на црниот дроб и психичките растројства.

Извор

Пиењето е штетно за жените


Мозокот на жените побрзо го чувствува штетното влијание на алкохолот од мажите, тврдат научниците кои предупредуваат дека истото важи и за негативните ефекти на алкохолизмот врз црниот дроб и срцето.

Др. Барбара Фланери од Институтот во Балтимор, го испитувала однесувањето на 78 мажи алкохоличари и 24 жени зависни од алкохол, на возраст од 18 до 40 години. Нивна задача била да пополнат серија тестови кои ја испитуваат функцијата на мозокот. Пред да ги решат задачите, учесниците апстинирале 3 до 4 недели.

Севкупниот период на консумирање алкохол бил подолг кај мажите, 15 години, отколку кај жените, 11 години а истото важело и за периодот на зависност, 8 кај едните и 5 години кај другите. Но, сепак жените биле тие кои почесто се опивале до бесвест, 91% наспроти 72% од мажите.

Научниците откриле дека во споредба со мажите зависници, жените алкохоличарки дале послаби резултати на тестовите со визуелна меморија, когнитивна флексибилност, просторно планирање и решавање одредени проблеми. Тоа ги довело до заклучокот дека жените поинаку го преработуваат алкохолот од мажите.

Една од причините за тоа е фактот што мажите имаат повеќе вода во телото, која ги разблажува ефектите од алкохолот. Воедно, жените имаат помало количество од ензимот кој го претвора алкохолот во неактивна супстанца.

Извор

Алкохолот е здрав-за мажите

Умереното пиење алкохол го намалува ризикот од срцеви заболувања но неговото благотворното влијание има различно дејство кај мажите и жените, порачуваат данските научници. Дневната доза пијалок имала позитивно влијание на општата здравствена состојба кај мажите, меѓутоа, за разлика од нив единствена продобивка кај жените најчесто била доброто расположение.

Според истражувањето во кое учествувале 50.000 мажи и жени, кај мажите кои пијат еднаш во неделата опасноста од срцеви заболувања е намалена за 7%, додека кај оние кои секојдневно умерено конзумираат алкохол шансите за заболување од срце биле намалени за 41%.

Алкохолот ги намалувал шансите за срцеви болести и кај жените, но кај нив немало разлика дали пиеле една во неделата или секој ден.

Иако ја признаваат позитивната страна на умереното пиење докторите предупредуваат дека претерувањето со алкохол е поврзано со заболување на црниот дроб и рак.

Извор
 
Што е потребно за секс?
Двајца
Соба/кола
Алкохол(ама може и без тоа)
Кондом


доволно е нели:) сите други муабети се за кај кубасичарот десно
 
Зошто жените побрзо ги фаќа?

Затоа што организмот не им е најдобро хемиски балансиран за да се справи со алкохолот. Имено тие имаат дефицит од клучниот ензим кој го разградува алкохолот пред тој да влезе во крвта и затоа побрзо се опиваат од мажите. Американските научници кои го утврдија овој факт, велат дека поради ваквата 'ензимска хендикепираност' на жените, тие се поподложни и на болестите поврзани со алкохолот како што е цирозата на црниот дроб и психичките растројства.
Врска нема. Познавам купче жени кои се имуни на алкохол и купче мажи кои се прават летви од пола флаша скопско. И ова е индивидуално.
 
На жените за секс им е потребна причина.......
На мажите-само простор
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom