Тоа кој колку пратеници ќе има во следниот состав на Парламентот сега е ирелевантно. Незнам зошто упорно тоа се го форсирате, као тоа Груевски ќе имал толку и толку пратеници, како СДСМ ќе немал ни толку ни толку, па не знам овој нема да морал да коалицира со оваа или онаа политичка партија на албанците ( што е апсолутно мало морген, а тоа сите го знаеме, нели), па незнам таму Тито, Андов, Ѕинго до бескрај комбинаторики само вам познати... Само никој никако да напомне за тоа во каков бош период се органзираат предвремени парламентарни избори и реалните причини за тоа. Како некој да сака намерно да го дефокусира вниманието од евентуалните последици од ваквите, според мене избрзани предвремени парламентарни избори. Нека се решеше веќе еднаш таа дилема влегуваме или не во НАТО, добиваме или не датум за преговори за членство во ЕУ, па ако сакаат секој месец избори нека си организираат, нека освои Груевски и 120 партенички места ако сака...Тогаш мене како граѓанин апсолутно нема да ме интересира кој тоа и колку пратенички мандати освоил. Со предвремени парламентарни избори во ваков сензитивен момент за државата, сите можеме да станеме губитници.