Докторе едно прашање до тебе.Имам кучка кастрирана е пред првиот циклус.Е сега имам еден проблем.Кучката ми крвари по малце,баш како да има добиено.Не ми е јасно зашто е тоа така,знам дека таа не треба да има циклус но ете има по малце!
Се извинувам што доцнам со одговорот.
Можно е при самата операција да не е извадена матката целосно и да се работи во тој случај за инфекција на делот од матката кој заостанал.
Друг случај е крварењето да потекнува од вагината или пак не е воопшто од половиот отвор.
Во секој случај има потреба од стручна помош и би било добро да се обратите до вашиот ветеринар.
Поздрав
па мислам дека 6 пати годишно е многу да се дава , сепак препорачливо е да се дава 4 пати годишно (или на 3 месеци) , во секој случај зависи и кој антихелминтик се дава , најдобри се оние кои се комбинација од неколку , на пример Drontal имаше поране еден, не знам дали сега го има кај нас
поздрав
Не е многу, затоа што има повеќе видови паразити и некои од нив не се уништуваат со третирање на секои 3 месеци, проверете на интернет за повеќе информации, но не е грешка и на секои 3 месеци, затоа што така се уништуваат поголемиот дел од паразитите.
Имам еден проблем, на мојот мачор му се појави нешто како гној од десната страна кај коренот на опашот, а и плус морам да го вакцинирам и ампула да му се стави (и дали треба да се стави ампула за преку зима, незнам дали тогаш има крлежи
). Сега проблемот ми е транспортот. Немам кошница специјална за мачки, а ветеринарот бара 500 ден. само за доаѓање (а такси е 80-100 ден у еден правец ццц). Нека пише некој чаре дека страв ми е да не ми скокне од раце (ако го носам у раце, до таму со кола нормално, а може да се здиви да почне да гребе, и тоа е опција) у друго маало па да не го видам веќе никад.
И уште ова, незнам дали да го кастрирам, затоа што го имам од мал и тогаш (лето 2008) го чував во заден двор каде што беше безбеден ама кога порасна почна да си шета и сега е навикнат барем 3-4 саата на ден надвор да иде, немам појма шо праи (и по нужда надвор си иде се тоа после коа се враќа мора стално нозете да му ги бришеме и крзното).
Некое чаре?
Чаре...Кошница за транспорт, квалитетна и ке го решите проблемот со транспортот. А за доаѓање дома секој наплаќа, трошок е самото гориво и плус времето што треба да се потроши, како и носење опрема и лекови на рака...секаде во светот го ценат трудот.
За скокање од раце, сосема е можно е веројатно и затоа треба транспортер (кошница).
За гнојот или сл. попрактично е да се однесе на ветеринар, зашто самата обработка на раната бара одредени услови и опрема, па полесно е за ветеринарот, а и за вас во амбуланта.
Ампула е препорачливо да се става преку целата година, особено ако излегува надвор и како што се зимиве се потопли и потопли.
Поздрав и се надевам дека одговоровќе ви е од корист.
И уште ова, незнам дали да го кастрирам, затоа што го имам од мал и тогаш (лето 2008) го чував во заден двор каде што беше безбеден ама кога порасна почна да си шета и сега е навикнат барем 3-4 саата на ден надвор да иде, немам појма шо праи (и по нужда надвор си иде се тоа после коа се враќа мора стално нозете да му ги бришеме и крзното).
Некое чаре?
Кастрацијата е препорачлива затоа што кај мачорите честа е појавата на бранење своја територија. При тоа бранење доаѓа до борба во која често може меѓусебно мачорите да си нанесат повреди (гризнатини, гребаници), кои можат да загнојат и да се искомплицираат. Исто така кога е сезона на парење (а тоа е 24/7) се случува да ги нема со денови да се приберат дома.
Размислете