Ветеринарно катче

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Tочно е дека се прочистува со таблети и тоа на секои два месеца, но една таблета оди на 10 килограми телесна тежина, а не 1 или 2 апчиња. Значи ако кучето има 35 кг се даваа 3 1/2 таблети, и сл.
Јас сум ветеринар и слободно можете да ми се обратите за информација на форумов, а можете и да ја погледнете страната www.animalmedica.mk каде има можност за онлајн совети.
Поздрав
Докторе едно прашање до тебе.Имам кучка кастрирана е пред првиот циклус.Е сега имам еден проблем.Кучката ми крвари по малце,баш како да има добиено.Не ми е јасно зашто е тоа така,знам дека таа не треба да има циклус но ете има по малце!
 
MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Имам мачор голем, не многу стар..година може и нешто не сум сигурен.
Пред едно 3-4 месеци кога си дојде дома, под врат имаше некоја рана, во вид на два отвора, како да е каснат од некој друг при борба изгледа или пак од нешто друго. Од тогаш до сега еве раната не е зарасната, и на патеви знае да претечи крв, гној такво нешто..Сега еве гледам му се отворило и трето т.н. дупче...Му ја мачкав раната, дезинфекција му правев, но ништо пак исто.
Но тој нема мака, ништо не му е, не му пречи тоа што има отворена рана.
Не го носам на ветеринар зошто имам лоши искуства од овие нашите "ветеринари",ми умреа 2 расни кучиња од не разбирање ...
Може некој така по стручен да ми објасни што да правам.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
85
Поени од реакции
3

не му пречи отворената рана , ама ако се рашири процесот и на тебе и на него ќе ви пречи , ќе смрди ќе корне, да не збориме за опасностите по неговиот живот. ако го сакаш , ќе мора да го носиш на ветеринар. еве ти двајца ( ако си од скопје) пет вет кај жарко , или кај диме , не знам како му се викаше лечебницата. трета опција ти е ветеринарна болница у аутокоманда, верче да ја бараш
инаку ветеринарот треба да ја провери раната , да види до кај оди, во длабочина и ширина, да види дали има страно тело, да ја исчисти , да ја промие со хидроген за рани, да ја промие уште еднаш со јод , илипребрише со јод , да даде антибиотик, и доколку треба , ако се поголеми отворите да ја зашие , со тоа што некротиозираните рабови на ранта да ги отстрани
ете толку
п.с: а за тие ветеринарите кои ги ставаш у наводници, прво распрашај се , има многу со се кажуваат за такви, а се келнери или само техничари.

Tочно е дека се прочистува со таблети и тоа на секои два месеца, но една таблета оди на 10 килограми телесна тежина, а не 1 или 2 апчиња. Значи ако кучето има 35 кг се даваа 3 1/2 таблети, и сл.
Јас сум ветеринар и слободно можете да ми се обратите за информација на форумов, а можете и да ја погледнете страната www.animalmedica.mk каде има можност за онлајн совети.
Поздрав
па мислам дека 6 пати годишно е многу да се дава , сепак препорачливо е да се дава 4 пати годишно (или на 3 месеци) , во секој случај зависи и кој антихелминтик се дава , најдобри се оние кои се комбинација од неколку , на пример Drontal имаше поране еден, не знам дали сега го има кај нас
поздрав
 
Член од
20 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
5
Имам еден проблем, на мојот мачор му се појави нешто како гној од десната страна кај коренот на опашот, а и плус морам да го вакцинирам и ампула да му се стави (и дали треба да се стави ампула за преку зима, незнам дали тогаш има крлежи :toe:). Сега проблемот ми е транспортот. Немам кошница специјална за мачки, а ветеринарот бара 500 ден. само за доаѓање (а такси е 80-100 ден у еден правец ццц). Нека пише некој чаре дека страв ми е да не ми скокне од раце (ако го носам у раце, до таму со кола нормално, а може да се здиви да почне да гребе, и тоа е опција) у друго маало па да не го видам веќе никад.
И уште ова, незнам дали да го кастрирам, затоа што го имам од мал и тогаш (лето 2008) го чував во заден двор каде што беше безбеден ама кога порасна почна да си шета и сега е навикнат барем 3-4 саата на ден надвор да иде, немам појма шо праи (и по нужда надвор си иде се тоа после коа се враќа мора стално нозете да му ги бришеме и крзното).
Некое чаре?
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ај помош: сакам на децата за нова година да им купам желка! ама не знам НИШТО, тотално НИШТО за чување желки. Може на кратко некој да ми прераскаже што се треба за да имаш дома желка и жива да ти остане? :) (освен да ја купиш нели :icon_lol:)

(не знаев точно за кај е прашањево па на две теми го пишав, сори :icon_lol:)
 
Кастрирај го најдобро решение,еден другар има два мачори и двата се кастрирани гајле немаат супер си живеат.А за транспорт малце потешко имаш ветеринари што бараат по 200-300 денари за да дојдат докај тебе.

Ај помош: сакам на децата за нова година да им купам желка! ама не знам НИШТО, тотално НИШТО за чување желки. Може на кратко некој да ми прераскаже што се треба за да имаш дома желка и жива да ти остане? :) (освен да ја купиш нели :icon_lol:)

(не знаев точно за кај е прашањево па на две теми го пишав, сори :icon_lol:)
Си купиваш желка и аквариум.Со аквариумот иде филтер,греач и сите тие работи.Мора да има и место на сува каде што желката искача да се сонча.

Прашај си го тој од кај што ќе купиш желка најдобро знае тој.
 
madamjan

ДВМ - ветеринар
Член од
23 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Докторе едно прашање до тебе.Имам кучка кастрирана е пред првиот циклус.Е сега имам еден проблем.Кучката ми крвари по малце,баш како да има добиено.Не ми е јасно зашто е тоа така,знам дека таа не треба да има циклус но ете има по малце!
Се извинувам што доцнам со одговорот.
Можно е при самата операција да не е извадена матката целосно и да се работи во тој случај за инфекција на делот од матката кој заостанал.
Друг случај е крварењето да потекнува од вагината или пак не е воопшто од половиот отвор.
Во секој случај има потреба од стручна помош и би било добро да се обратите до вашиот ветеринар.

Поздрав

па мислам дека 6 пати годишно е многу да се дава , сепак препорачливо е да се дава 4 пати годишно (или на 3 месеци) , во секој случај зависи и кој антихелминтик се дава , најдобри се оние кои се комбинација од неколку , на пример Drontal имаше поране еден, не знам дали сега го има кај нас
поздрав
Не е многу, затоа што има повеќе видови паразити и некои од нив не се уништуваат со третирање на секои 3 месеци, проверете на интернет за повеќе информации, но не е грешка и на секои 3 месеци, затоа што така се уништуваат поголемиот дел од паразитите.

Имам еден проблем, на мојот мачор му се појави нешто како гној од десната страна кај коренот на опашот, а и плус морам да го вакцинирам и ампула да му се стави (и дали треба да се стави ампула за преку зима, незнам дали тогаш има крлежи :toe:). Сега проблемот ми е транспортот. Немам кошница специјална за мачки, а ветеринарот бара 500 ден. само за доаѓање (а такси е 80-100 ден у еден правец ццц). Нека пише некој чаре дека страв ми е да не ми скокне од раце (ако го носам у раце, до таму со кола нормално, а може да се здиви да почне да гребе, и тоа е опција) у друго маало па да не го видам веќе никад.
И уште ова, незнам дали да го кастрирам, затоа што го имам од мал и тогаш (лето 2008) го чував во заден двор каде што беше безбеден ама кога порасна почна да си шета и сега е навикнат барем 3-4 саата на ден надвор да иде, немам појма шо праи (и по нужда надвор си иде се тоа после коа се враќа мора стално нозете да му ги бришеме и крзното).
Некое чаре?
Чаре...Кошница за транспорт, квалитетна и ке го решите проблемот со транспортот. А за доаѓање дома секој наплаќа, трошок е самото гориво и плус времето што треба да се потроши, како и носење опрема и лекови на рака...секаде во светот го ценат трудот.
За скокање од раце, сосема е можно е веројатно и затоа треба транспортер (кошница).
За гнојот или сл. попрактично е да се однесе на ветеринар, зашто самата обработка на раната бара одредени услови и опрема, па полесно е за ветеринарот, а и за вас во амбуланта.
Ампула е препорачливо да се става преку целата година, особено ако излегува надвор и како што се зимиве се потопли и потопли.

Поздрав и се надевам дека одговоровќе ви е од корист.

И уште ова, незнам дали да го кастрирам, затоа што го имам од мал и тогаш (лето 2008) го чував во заден двор каде што беше безбеден ама кога порасна почна да си шета и сега е навикнат барем 3-4 саата на ден надвор да иде, немам појма шо праи (и по нужда надвор си иде се тоа после коа се враќа мора стално нозете да му ги бришеме и крзното).
Некое чаре?
Кастрацијата е препорачлива затоа што кај мачорите честа е појавата на бранење своја територија. При тоа бранење доаѓа до борба во која често може меѓусебно мачорите да си нанесат повреди (гризнатини, гребаници), кои можат да загнојат и да се искомплицираат. Исто така кога е сезона на парење (а тоа е 24/7) се случува да ги нема со денови да се приберат дома.

Размислете
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
кастрирање

Дали некој знае колку чини,и дали се прави во домашни услови.Дајте одговор и евентуално понуда.:toe::toe::toe:
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
МАЧОР 9 МЕСЕЦИ
Околу 1000 денари е за мачор.Добра ти е одлуката да го кастрираш,тогаш е вистонско домашно милениче,без нагони.Инаку ќе се тепаше со мачори секој божји ден.

Другар мој има два мачори и двата се кастрирани дома се цело време не бараат мачки за парење,едноставно се излежуваат :)
 
madamjan

ДВМ - ветеринар
Член од
23 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дали некој знае колку чини,и дали се прави во домашни услови.Дајте одговор и евентуално понуда.:toe::toe::toe:
Kastracija na što?
Kastracija vo terminologijata na literaturata nadvor od makedonija znači vadenje na polovite organi na maškite i ženskite životni, so što ke se spreči nivno ponatamošno razmnožuvanje i ke se smirat simptomite koi se prosledeni so nagonot za parenje.
Ne e poželno da se izveduva vo domašni uslovi, zašto bara sterilni uslovi na rabota, a možnosta za postoperativni komplikacii e pogolema. Se nadevam se grižite za vašeto mileniče?
Barem jas ne bi se nafatil, ako saka nekoj da rizikuva toa e veke drugo.

МАЧОР 9 МЕСЕЦИ
Kaj mačorite početna vozrast na koja e preporačlivo da se izveduva kastracija e 10 meseci. Ova e taka zatoa što negoviot penis treba da se razvie vo celost, a so toa i uretrata (močniot kanal). Ova ima vrska so poodminatite negovi godini vo koi e možna pojavata na močni kamenja, koi kaj mačorite kastrirani pred 10 meseci vozrast polesno se zaglavuvaat, poradi potesnata uretra, a isto taka i poteško se odglavuvaat poradi otežnatoto apliciranje na urinarniot kateter.

Cenata na kastracija na mačor vo ambulantata kade što rabotam e 1500 denari

So počit

Damjan Pavlovski
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Ај помош: сакам на децата за нова година да им купам желка! ама не знам НИШТО, тотално НИШТО за чување желки. Може на кратко некој да ми прераскаже што се треба за да имаш дома желка и жива да ти остане? :) (освен да ја купиш нели :icon_lol:)

(не знаев точно за кај е прашањево па на две теми го пишав, сори :icon_lol:)
Ценовник за желчиња
Желка-350 денари,
Храна-50 денари
Аквариум-400 па нагоре
Камен-поим неам:pipi:
Место-Амазон
А за грижа следи го линкот подоле
http://www.chelonia.org/Articles/bcwaterturtles.htm
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Ценовник за желчиња
Желка-350 денари,
Храна-50 денари
Аквариум-400 па нагоре
Камен-поим неам:pipi:
Место-Амазон
А за грижа следи го линкот подоле
http://www.chelonia.org/Articles/bcwaterturtles.htm
За грижа има една посебна тема...а ако те интересира нешто поединечно прашај ме мене -7 години чувам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom