Малото треба да се рани 5-6 пати денот, и не со шприц, туку со цуцла. Само стави му ја цуцлата на уста, то само ќе си трга. Така треба да го раниш околу месец. Мачно е, ама то е сеа. Ај со среќа :smir:Пред неколку месеци вдомив куче скитник со мал раст и го чувам до денешен ден. Во последниов период приметив дека е бремена и денес дојде денот и се породи. Сабајлево кога станав имаше две кученца и наоколу малку крв. Откако се вратив дома по неколку саати имаше уште едно мртво кученце кое беше ставено на страна а кучката беше врзана. Во моментот кога ја пуштивме кучката таа ги остави малите и се сокри во дупка а потоа го зема само едното и го пикна внатре и не сакаше да излезе се до пред некое време кога излезе и пак се врати во дупката а јас не успеав да видам дали малото внатре е живо. Ќе ве молам помагајте што е можно побрзо другото малечко го ранам со шприц и му давам млеко. Сега за зега пие само незнам на колкав периот и по колку треба да му давам и што друга да презвемам за вопшто да успеам да го одржа во живот.
Благодарам однапред
Јбг слабата исхрана и никаквиот живот си го направиле своето, ајде сега грижи се за кучката како што треба, следниот пат ќе имаш прекрасни кучиња додуша секогаш првите кучиња од кучката не се баш во ред така да ништо не си можел да сториш.Фала за сите совети но веке се случи најлошото.
Сабајлево кога станав малечките беа мртви а потоа роди уште две мртви така да темава може да се затвори.
Денес денот ми е катастрофа а и мајката е многу тажна.
Повторно ке кажам благодарам до сите оние кој се обидоа да помогнат.