B. Boop
Princ: Најозбилна...
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 1.302
- Поени од реакции
- 263
Многу убаво кажано, сериозно, како што и доликува кога се зборува за оваа тема.Зашто така зборите за вештачкото оплодување?
Во светот има многу иновации, се оди напред, медицината има многу нови откритија а едно од нив е вештачкото оплодување.
Тоа не е замена за природното оплодување, него кај брачните парови каде жената не може да забремени како солуција го имаат вештачкото оплодување. Зашто да не пробаат ако се во можност и не ги искористат предностите што ги дава медицината?
Не мора вештачкото оплодување да се споредува одма со оплодување од непознат донатор и од сперма од банка.
Најчесто се врши со оплодување од спермата на мажот, каде од Х медицински причини не може да се случи забременување по природен пат.
Имам две братучетчиња близнаци родени со вештачко оплодување и двете се живи и здрави. Нивниот татко си е вистинскиот татко значи нема тука непознати донатори.
Е сега нормално има ризици.
Па има постојано ризици и при природна и нормална бременост.
Нормално е да има и при вештачко оплодување. Најчесто не се забременува од еден обид, него потребна е упорност и многу често резултатите се позитивни.
Само што ова чини доста, така што не можат сите кои не можат да забременат по природен пат да си дозволат ин витро.
Јас апсолутно го подржувам!
Ризик постои секаде и кога зборуваме за природна бременост и кај вештачкото оплодување. Башка денес кога се` е напреднато контролите и следењето кај жените кои забремениле по пат на вештачко оплодување се` на повисоко ниво и ризикот се сведува на едно пониско ниво.
Процес кој потполно заслужува поддршка и убави зборови, а пред се` малку повеќе сериозност кога се зборува за истиот, пошто со него се достигнува врв на човековото постоење - дете.
Само ќе те поправам на крај во однос на тоа дека секој пар кој има проблем не може да си го дозволи. Од септември 2008 (треба да проверам дали е баш овој месец) ин витрото е достапно и за оние со помалку финансиски средства пошто парите се рефундираат од Фондот за здравство.