Ај да придонесеме малку на темата, наместо исмејување.
Прво, нема термин вештачко оплодување, туку биомедицинско потпомогнато оплодување. Под ова се подразбираат двата вида оплодување: од сперма на мажот или доколку таа можност е исклучена тогаш има опција сперма од донатор.
Еве дел од стручното објаснување, а целиот текст може да се најде на следниот линк:
http://www.mia.mk/default.aspx?vId=57112999&lId=1&pmId=
... Корисници на правото на БПО можат да бидат полнолетни мажи и жени кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница ако претходното лекување на стерилитетот е неуспешно или лекувањето со други методи е безизгледно. Предност во законот е дадено на оплодувањето со сопствени полови клетки, но ако тоа не е можно од медицински причини, тогаш во законот е уредено кој може да биде донатор на полови клетки, како може да се спроведе донирање и користење на полови клетки и ембриони. Овластените здравствени установи, покрај обврската за обезбедување на сите неопходни услови, стандарди и соодветен персонал за изведување на постапката, мора да ја гарантираат заштитата на сите лични, медицински и генетски податоци за донаторот и примателот, и да преземат неопходни мерки да не се открие идентитетот на донаторот и неговото семејство, како и идентитетот на примателот.
Донирањето полови клетки е доброволно и за тоа не смее да се бара и добива паричен или друг вид надоместок. Законот забранува бирање на пол на идното дете, освен за одбегнување на тешка наследна болест поврзана со полот. Исто така се забранува мешање на полови клетки, тргување, договорање, посредување и јавно огласување, а не е дозволено ниту таканареченото „сурогат мајчинство“, односно раѓање дете за друг. Со законот строго се забранува секаков вид клонирање или вкрстување на човечки клетки со клетки од животни. Секој евентуален обид за вакво нешто се третира како тешко кривично дело за што е пропишана казна затвор до пет години. Останатите казни предвидени за прекршувања на законот, се движат од 7.000 до 12.000 евра, во зависност од тежината на сторениот прекршок.
Корисници на правото на БПО можат да бидат полнолетни мажи и жени кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница ако претходното лекување на стерилитетот е неуспешно или лекувањето со други методи е безизгледно. Предност во законот е дадено на оплодувањето со сопствени полови клетки, но ако тоа не е можно од медицински причини, тогаш во законот е уредено кој може да биде донатор на полови клетки, како може да се спроведе донирање и користење на полови клетки и ембриони. Овластените здравствени установи, покрај обврската за обезбедување на сите неопходни услови, стандарди и соодветен персонал за изведување на постапката, мора да ја гарантираат заштитата на сите лични, медицински и генетски податоци за донаторот и примателот, и да преземат неопходни мерки да не се открие идентитетот на донаторот и неговото семејство, како и идентитетот на примателот.
Донирањето полови клетки е доброволно и за тоа не смее да се бара и добива паричен или друг вид надоместок. Законот забранува бирање на пол на идното дете, освен за одбегнување на тешка наследна болест поврзана со полот. Исто така се забранува мешање на полови клетки, тргување, договорање, посредување и јавно огласување, а не е дозволено ниту таканареченото „сурогат мајчинство“, односно раѓање дете за друг. Со законот строго се забранува секаков вид клонирање или вкрстување на човечки клетки со клетки од животни. Секој евентуален обид за вакво нешто се третира како тешко кривично дело за што е пропишана казна затвор до пет години. Останатите казни предвидени за прекршувања на законот, се движат од 7.000 до 12.000 евра, во зависност од тежината на сторениот прекршок...