Многу од овие предлози се глупави, затоа што ќе има директна или индиректна последица на Македонија и нашата економија.
Едниствена работа што може да се направи е намалување на барањето на визи, затоа што тоа се ЧИСТИ ПАРИ КОИ ГИ ДОБИВААТ. И башка трошење на парите таму на нашите граѓани.
А бркање на тие кои идат овде од Грција е чиста глупост...
Прво многу од нив се чисти Македонци, кои овде остваруваат се поцврсти врски за својот индентитет и јазик.
Второ тие што се Грци, носат пари овде и нивниот поглед на ова прашање е сепак поинаков од тврдиот грчки став.
Трето, затварањето на граница и не користењето на Солунското пристаниште ќе има огромно влијание за сите инвеститори и на тие кои не се Грци. Еве на пример Џонсон Контрол, тоа што го прави мора да го извезува, затоа што не се троши тука во Македонија. Мислите дека ќе бидат среќни ако нема да можат да го користат Солунското пристаниште.