Познато е дека Бериша кажа Македонија, после на press-от. Меѓутоа Буш на самата конференција го употребуваше името. Е сега дали Бериша имал збор на самата конференција и дали имал потреба да ја спомнува нашата земја, не е битно.
Доволна е загриженоста за безбедноста, што ја искажа, поради непристапувањето на Македонија. Оваа изјава доби нереални димензии тука на форумов. Но, во реалната нејзина форма, добива на тежина кога ќе се спореди со last minute backstabber-скиот став на Бугарија и кога ќе се земат в предвид некои од фактите:
- И Бугарија и Албанија се економски под Грција (како и ние). Има Грчки капитал насекаде.
- Преку Грција, на некој начин, одеше влезот на Бугарија во ЕУ. А и интеграцијата на Албанија таму, ќе оди преку ЕУ-соседот.
- за НАТО - слично
- И Албанија и Бугарија декларативно беа наклонети кон нашите аспирации кон НАТО и ние кон албанските (да не заборавиме дека Албанија доби доста политичка подршка од нас, додека ги исполнуваше некои од условите за НАТО, кои ние одамна ги имавме исполнето, односно "се шлепаше" со нас). На крајот на краиштата заедно го тргавме товарот.
- Бугарија е веќе членка на НАТО и ЕУ, а нејзината изјава во последен момент ретерираше од предходно декларираното, во корист на Грција. Пријатно беа изненадени грчките медиуми.
- Албанија пак како нова членка пријатно нас не изненади со не толку неутралниот став за она што се случи.
(болдираното дава посебна тежина, на отстапувањата од очекуваното)
Можеби ова е за во другата тема - за добрососедски оноси, но се однесува на самитот, а и дискусијата започна тука.