Бугарија ја поддржа Грција во спорот со името
Букурешт /02/03/ 20:44
Грција ја доби поддршката на Бугарија во спорот со името на Македонија, пренесува Макфакс.
И Грција, како и Бугарија, го поддржува присоединувањето на Македонија во НАТО, но под одредени услови.
Информацијата, непосредно пред започнувањето на работната вечера на самитот на НАТО, ја пренесе грчката телевизија ЕРТ, која емитуваше изјава на портпаролот на бугарското министерство за надворешни работи, Димитар Цанчев, според кого поддршката на Бугарија за евроатлантската перспектива на Македонија не е безусловна.
Цанчев притоа потенцира дека покрај исполнувањата на критериумите за членство во НАТО, мора да биде решен и спорот меѓу Атина и Скопје за името. /
крај/фк/мс
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.