Реинкарнација

Верувате ли во реинкарнација?

  • Да

    Гласови: 274 58,4%
  • Не

    Гласови: 128 27,3%
  • Не сум размислувал/а ...

    Гласови: 67 14,3%

  • Вкупно гласачи
    469

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Чудна животна желба имаш.... Св.Козма Етолски на нас православните христијани ни има оставено аманет пред многу векови ПРОКЛИЊИТЕ ПАПУ!!! се мисли на сите папи, а ти сакаш да одиш таму... не би ти препорачал со самато одење во Ватикан а за да ги прочиташ забранетите книги треба да земеш благослов од папата а земане благослов од еретик т.е. папата е проклетство и со тоа душата му ја предавате на ѓаволот.
Можеби сега ќе ми речете дека многу челници на МПЦ и СПЦ и функционери биле кај папата сите тие се за жалење ни го донесоа од таму најголемиот бакцил од кој како што забележувам сте се заразиле и вие.
Небарај те го она што не ви носи добро, секако дека сме 21 век но во Светото евангелие се вели ГОСПОД Е ИСТ ВЧЕРА ДЕНЕС И УТРЕ, според тоа не е ништо сменето а и никаде во Светото евангелие не се споменува реинкарнација. Јас не се базирам на некои забегани умови на квантна физика, мене доволно ми е Светото евангелие на кое се темелат сите закони на православието.
ВИСТИНАТА БАРА ЈА ВО ПРАВОСЛАВИЕТО....
Во библијата каде се споменува православието !?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Читајго толкувањето па ќе разбереш.
Нема што да се толкува, секој може да толкува како сака и колку сака, тоа ти е само начин на лукавиот да не оттргне од Зборот и Законот кој е јасно даден секој да може да го види и прочита во посланието божје.
Се друго е од зерзевулот...рогатиот и мора да се одолее на похотниот ум човеков кој сака да се натпреварува со мудроста небесна и се дрзнува да толкува она што не е дадено да се толкува, туку да се исполни !!!

:)
 
V

vlako088

Гостин

А КЕДЕ ПРОЧИТА ДЕКА ЈАС НЕШТО ТОЛКУВАМ???? ЕВАНГЕЛИЕТО ГО ТОЛКУВААТ СВ.ОЦИ А НЕ КОЈ ШТО САКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ ВИЕ. И НЕЗНАМ ЗОШТО МИ СЕ ОБРАЌАТЕ МЕНЕ КОГА ПОСТОТ НЕБЕШЕ НАМЕНЕТ ЗА ВАС, САКАТЕ ДА ПРОВОЦИРАТЕ ИЛИ?
ШТО И ДА МИ НАПИШЕТЕ НЕМА ДА ВИ ОДГОВОРАМ...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А КЕДЕ ПРОЧИТА ДЕКА ЈАС НЕШТО ТОЛКУВАМ???? ЕВАНГЕЛИЕТО ГО ТОЛКУВААТ СВ.ОЦИ А НЕ КОЈ ШТО САКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ ВИЕ. И НЕЗНАМ ЗОШТО МИ СЕ ОБРАЌАТЕ МЕНЕ КОГА ПОСТОТ НЕБЕШЕ НАМЕНЕТ ЗА ВАС, САКАТЕ ДА ПРОВОЦИРАТЕ ИЛИ?
ШТО И ДА МИ НАПИШЕТЕ НЕМА ДА ВИ ОДГОВОРАМ...
Не пишав дека лично ти си толкувал но кој и да е, некој тоа го правел.

Читајго толкувањето па ќе разбереш.
Сакаш да кажеш дека треба да ги читаме светите отци оти речта божја е сама по себе несовршена и затоа не треба да се чита писмото свето туку тоа што некој напишал за писмото свето?
Да претпоставиме некои кои ниту го видеа ниту чуја Исуса на сметка на оние кои делеа леб со Него !?
Тој пат е опасен и води кон искушение кое може да заврши само во канџите на натемаго...

За другото...ова е форум јавен,можеби си нов па не ти е најјасно како функционираат работите, не е “желботека“ туку место на кое се дебатира, ако тврдиш нешто можно е некој да побара да го аргументираш тоа.
И така се дискутира како и во реалниот свет така и во виртуелниот...

Како аргумент против реинкарнацијата беше посочено дека во евангелието немало ништо за тоа, во истите во кои нема ништо ни за православието...
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
А КЕДЕ ПРОЧИТА ДЕКА ЈАС НЕШТО ТОЛКУВАМ???? ЕВАНГЕЛИЕТО ГО ТОЛКУВААТ СВ.ОЦИ А НЕ КОЈ ШТО САКА КАКО ШТО ВЕЛИТЕ ВИЕ. И НЕЗНАМ ЗОШТО МИ СЕ ОБРАЌАТЕ МЕНЕ КОГА ПОСТОТ НЕБЕШЕ НАМЕНЕТ ЗА ВАС, САКАТЕ ДА ПРОВОЦИРАТЕ ИЛИ?
ШТО И ДА МИ НАПИШЕТЕ НЕМА ДА ВИ ОДГОВОРАМ...
Како што кажа Toecutter, никој не те провоцира. Овде сите дискутираме и полемизираме. Ти се изјасни, па те прашуваат да се доискажеш. Тоа што си е твое мислење си е валидно, грешна ти е постапката што на сите на оваа тема ни кажа што треба ние да веруваме. Тоа што ти одбираш да веруваш во нешто што некој друг го протолкувал и изџвакал, уместо да мислиш со своја глава - тоа е твоја работа. И навредата кон квантумните физичари....ај, ти се молам!

И сега како мало дете, ќе бегаме и ќе се криеме уместо да застанеш цврсто покрај своите ставови (не дека ја ги делам истите).
 
Јас се владеам исклучиво по евангелието за мене тоа е вистината, и што има грешно во тоа ако некому кажеш дека патот кој го оди и се владее според некој квантумни физичари?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Јас се владеам исклучиво по евангелието за мене тоа е вистината, и што има грешно во тоа ако некому кажеш дека патот кој го оди и се владее според некој квантумни физичари?
За болдираното - тоа е све ок. Тоа си е ТВОЈА вистина. Јас не ти ја сопорувам. Но, исто така не ми ја ни наметнувај. Дај ми шанса јас да си ја живеам својата. Дома некој да ти дојде и да ти соли памет за тоа како живееш арно ќе ти биде? Сумњам.

Што има лошо со квантумните физичари? Па од цела денешна наука они се единствените што би можеле да откријат нешто во врска со цело постоење на други реалности и светови!

А инаку, репутацијата што ми ја даде не знам дали ти е за согласување или несогласување. Мене плава ми се појави.
 
Брате опрости ако мојот пост те наведе да мислиш дека некому нешто наметнувам, не е вистина само укажувам на тоа што е вистинито барем јас тоа така го сваќам и не гледам причина зошто не се согласувате со мојот став та нели сами рекивте дека форумов е за тоа.
Длабоко Ви се извинувам на Вам и на сите други ако мојот пост ве разлути и ве навлеков на гневност.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Брате опрости ако мојот пост те наведе да мислиш дека некому нешто наметнувам, не е вистина само укажувам на тоа што е вистинито барем јас тоа така го сваќам и не гледам причина зошто не се согласувате со мојот став та нели сами рекивте дека форумов е за тоа.
Длабоко Ви се извинувам на Вам и на сите други ако мојот пост ве разлути и ве навлеков на гневност.
Женско сум. Гневност? Не. Знаеш што, јас се научив вака по форуми да пазам како се изразувам затоа што е многу лесно човек погрешно да разбере. И не ги гледај дебатите како нешто страшно :smir:
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Види вака, Исус исто рекол сврти го и другиот образ, или дај му ја и кошулата-нели, а овој синов Божји што ми го цитираш бара да колнам. Ајде те молам доста веке еднаш со прави и вистински религии, поларизација и останати глупости. Големината на еден вистински човек е да сака да ги прошири своите видици, да истражува, да прифаќа. Не се плашам да барам благослов и од оџа и од папа и од владика. Вакви постови покажуват дека во тебе постои страв кој те ограничува, се држиш до нешто што го сметаш сигурно. Ги охрабрувам сите кој сакаат да напредуваат, да ги прочитат сите религиски книги од ведите до куранот, и во срцето да ја носат љубовта кон вистината-кон секој човек зошто тоа е Бог.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.032
Поени од реакции
83.466
Исус самиот, доста јасно (без никакво преносно значење) кажува дека Јован Крстителот е реинкарнација на Св. Илија. Со самото тоа, тој се покажува како Месија.

Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Реинкарнација? James Leininger

11 - годишно момче од Lafayette во Louisiana, во минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на сè од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 март 1945 година.

Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна ,бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудоневидени.

Откога го напуштил киндербет, James Leininger ја искажал големата фасцинација за авионите.
Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston.
Кога ја наполнил втората година, детето почнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.

На своите родители тогаш по прв пат им одјаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила во моторот и дека животот му завршил во морето
 
MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Да не го цитирам Sipy од погоре напишаниот пост голем е... Значи ако постои реинкарнација детево се сеќава од 1945 година, а на првите страни на темава прочитав дека после смртта требало да пројдат 100 години за да се родиш пак. Значи сакам да кажам на тие што пишаа на првата страна дека треба 100 години да се чека, тоа е тотална дезинформација... Детево има многу убедлива приказна и ме натера да верувам во реинкарнација...Навистина е чудна приказнава, ако ова е вистина, нема сомневање дека мреинкарнација постои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom