Еве една интересна вест на
СИТЕЛ:
АКАНИ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ СЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО
Mакедонски политичари, професори, експерти и новинари им се заканува ликвидација. Списокот на македонски изроди, како што ги нарекува организацијата Македонска гарда, утринава беше испратен до медиумите. Во една реченица извесен Јане Сандански наведува:
Доколку со уште една изјава или дело продолжат со антимакедонската дејност за промена на името, до 3-ти април ке бидат ликвидирани.
Заканите се упатени до
Тито Петковски
Владо Бучковски
Бранко Героски
Слободан Чашуле
Роберт Поповски
Ѓорги Оровчанец
Андреј Жерновски
Сашо Ордановски
Владимир Милчин и
Љубомир Фрчковски
Сител контактираше со нив. За некои ова се само дел од секојдневните закани кои ги добивале години наназад, некои не сакаа да коментираат за да не ги исплашат своите деца и внуци, а други не обрнуваат внимание на смешни електронски пошти. Сите се уверени во едно, не направиле ништо против државата.
Додека овие видни личности, активни учесници во македонското општество не го пријават случајот во полиција, никој нема да го побара одговорниот кој стои под името Јане Сандански. МВР не добиле пријава, ако не добијат пријава нема да постапуваат. Останува сами да одлучат дали заканата за ликвидација ќе ја сфатат сериозно или ќе продолжат со својата мисија.