- Член од
- 25 септември 2007
- Мислења
- 1.436
- Поени од реакции
- 45
Меѓу модифицираните варијанти на предлозите „Република Македонија (Скопје)“ и „Република Нова Македонија“ ќе се кршат копјата на средбата што се очекува да започне на „Ист ривер“ во Њујорк.
Придружниот пакет, за кој Василакис и Димитров заедно со Нимиц ќе преговараат во наредниве неколку часови, ги содржи и прашањата за македонскиот јазик, култура и историја, но и прашањето за тоа дали постои можност во различни организации да се употребуваат различни варијанти за името на државата.
Дополнителна нервоза во разговорите внесоа денешните изјави на Премиерот и министерот за надворешни работи, кои ја комплицираат и онака тешката задача на Нимиц и пред се на преговарачот Димитров.
Колку е ситуацијата сложена кажува и информацијата дека прес-службата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ја одложи прес-конференцијата по средбата.
Најверојатно изјава по средбата ќе даде само медијаторот Нимиц. Неофицијално, грчката страна одбила да учествува на закажаната прес-конференција, по што таа била одложена.
„Сосема е веројатно дека доколку се случи вето, понатамошните разговори со Грција за надминување на прашањето поврзано со името ќе бидат западнати во толку длабока криза, што веројатно ќе бидат прекинати“, рече Никола Груевски, премиер.
Во овој момент немаме решение за името кое ќе го спречи грчкото вето, вели Груевски, нагласувајќи дека таквиот чекор на Атина ќе биде штетен за Грција, за целиот регионот и за НАТО, во чиј интерес е да се прошири со три земји.
„Во една таква ситуација Македонија ќе продолжи со реформите, ќе продолжи со сите чекори за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија, веројатно ќе чека некоја следна прилика во наредните години или децении за приклучување на НАТО“, изјави Груевски.
А1
----------
Груевски лицето кое веќе подолго време се обидува да и нанесе штета со својата неспособност за водење на држава излезе со бело знаме и им го даде на тацна денеска членството во нато на грците.
Веќе подолго време работи против македонските интереси, па дури стана и пречка во обидите на америка да помогне во зачленувањето.