ASUS Eee PC - Што мислите за него ?

  • Креатор на темата Креатор на темата draganask
  • Време на започнување Време на започнување
Заборави да дадеш коментар за ЕФТИН па останатото ти паѓа во вода.
 
Прочитав некои постови кои навистина се олицетворение на класична македонштина, некултурно однесување и непрофесионализам. Се надевам дека ќе ми останете такви а јас го бришам акаунтов.

Папагал (папи) :wink: over & out
Добро бе Папагал, Драгана ти е девојка, ама не се лути одма.
Инаку, сам не можеш да си го избришеш акаунтот. Да ти помогнам? :)

Останатите...дискутирајте за Асусот, ќе почнам да бришам.
 
Туууу бреее...се испокаравте....лееелееее.....иначе лаптоп-чето е ок за нешто набрзинка, за деца за на екскурзија, за нешто во тој контекст добро би дошло. Да имам пари за фрлање би си купил, ама немам. Бај да веј ја на 15,4 инчи неможам да се навикнам па затоа си земав 17 инчен MSI...поздрав до сите :):):)
 
Најпрво карактеристиките.
Процесор: 900MHz Intel Mobile
RAM: 512MB
HD: 4GB SSD
Чипсет: Intel 910
Оперативен систем: Линукс (по кејф на Асус)
Димензии (ширина/должина/висина): 22.3 x 16.5 x 2.2 сантиметри
Големина на екран (диагонално): 7 инчи (скоро 18cm)
Тежина (со/без адаптер): 900 грама/1 килограм и 80 грама
Спаѓа во категорија ултрапреносни компјутери.
Цена: помалку од 300 евра (17.500 денари во АМЦ, деновиве ќе пристигне и во СЕТ... Очекувам поефтино и од АМЦ да биде, или ќе ги искарам :)).

Имајќи ги во предвид погорните факти, можам да го пофалам само компјутеров. Од многу критичари има добиено натпросечна оценка (од уредниците на CNET добил оцена 7.5 од 10, TrustedReviews го имаат обележано како "Recommended", HardwareCentral го препорачува...). Според тоа што го добивам како информација (со нетрпение го чекам и во мојата продавница) можам само да го пофалам. Мал, ефтин и ептен практичен. Можеби не би ми користел мене, но знам многумина на кои ќе им заврши ептен голема работа.
Прединсталираниот Linux се крева за 10 секунди. Linux-от на мојот десктоп со 3.0 Dual Core процесор, 1 гига рам и 160 гига хард диск се крева за повеќе од 30 секунди. Тоа ми кажува доволно за тоа како работи компјутеров и колку всушност е брз.
"Еasy to work, Еasy to learn, Еasy to play"
A штом е од Asus, сигурно е Rock Solid - Heart Touching :)
Се на се, според мене, вреди за секое платено евро и многу корисна работа. Јас купив HTC S710 Smartphone, ама сигурно во Word се куца полесно на чудово. Башка порничите не сакам да ги споредувам со 2" дисплеј и 7".

Едит: Кога почнав да го пишувам постов темава имаше само две страни. Кога го испратив веќе стигнала на 5. Не би сакал темава да се избрише па молам ако мора да се дејствува, нека се дејствува по одредени мислења. Темата е супер.
 
Прво да ве предупредам да не продолжувате со расправиите и дофрлањата, темава личи на детска градинка. Ги избришав сите непотребни мислења, за понатака да не се опоменуваме.

Инаку, уште кога пред некое време го промовираа Асус го забележав моделов и многу ме бендиса, го разгледував пред некој ден на страната од АМЦ или кој беше...

Генерално земено ова е одлична алатка. Целната група би требало да се наоѓа кај луѓе кои работат на декстоп но им треба лап топ за работа при патување, канцеларии и слично. Ако ништо друго, можете да шетате и да барате отворени WiFi конекции за да читате Кајгана за ич пари. :)

Размислував да го земам за да го променам лап топот (15 инчи) можеби во блиска иднина...
 
Леле бе, ме нема еден ден и одма се тепате ко млади мајмуни, среќа што Андроник изреагира, па ве збриша.

Мое мислење за лаптопот:
- Никако не е за примарна машина, ова е лаптоп кој би му користел на некој што веќе има ПЦ и главната дејност ја врши на него. Лаптопов му доаѓа како додаток.
- Лесен и мал, ест да е екранот ептен малечок, али се трпи. Батерија ѕвер, нема механички делови(4GB SSD).
- Многу е евтин, остајте 17500 у АМЦ, у Сет ке биде гарант 15к, дилерски уште поевтино.
- Не е за секого. Еве примери:

1. Јас сакам да си го купам, да ставам Backtrack на него и да си се шлаам насекаде низ Скопјево и да се заебавам. Исто така ке ми врши работа за по одмори и викенди. И нормално не ми се даваат поише од 350 евра за лаптоп.

2. Другар еден сака да го купи затоа што го мрзи од дневна да иде у работната соба за да провери нешто на нет. Значи лаптопов ке му служи за да си сурфа дур е на тросед у дневна. Секако не би дал 350+ евра за обичен лаптоп, па уште и 15 инчи, да му ја фаќа масата и да неможе на стомак да си го стави коа ке лежи на тросед.

3. На другар еден, мајка му сака да го купи, затоа што нонстоп патува, а потребен и е ворд процесор. Притоа нонстоп се жали дека лаптопот што веќе го има е многу тежок и гломазен.

На крај, џабе се препуцававте и каравте толку. Заклучокот е дека за некои луѓе лаптопов е godsend а за некои е тотално бескорисен. Све зависи од тоа што намераваш да правиш со него и што очекуваш од него.

Ајт.
 
Другар еден сака да го купи затоа што го мрзи од дневна да иде у работната соба за да провери нешто на нет. Значи лаптопов ке му служи за да си сурфа дур е на тросед у дневна. Секако не би дал 350+ евра за обичен лаптоп, па уште и 15 инчи, да му ја фаќа масата и да неможе на стомак да си го стави коа ке лежи на тросед.

Па нека пушти стомак бе... уз доволно труд и “работа“ ќе може и 17ка да стаи :pos: :pos: :pos:

Иначе... лап-топ-от конкретно, факт е дека има таргет клиентела, иначе не би го ни пуштиле на пазар. Не се до толку глупи Асус, не се секриајте за нив. Како што знам, малиов растур праи во продажба.
На тие што им одговара, супер.. на тие што им треба нешто помоќно/поголемо/по-било-што, нормално... ќе си купат такво нешто и крај на муабетот. :helou:
 
Sephiroth, јавувај се у сет и искарај ги, јас ги искарав веќе. Според мои информации, нешто ситно преку 18500 кошта малопродажно.
 
Јас пак имам информација дека уште не се стигнати, демек на граница биле.
 
Денес бев баш до Сет, ги има, баш еден е изложен.
 
Добро се развива дискусијава за Асус ЕЕЕ.
Значи да резимираме:

- П990 подобар од Асус ЕЕЕ скоро во секој поглед.
- На се што е под 40 инча не се гледа филм.
- Асус ЕЕЕ - Лајно нефункионално.

ЛЕЛЕЕЕЕЕ.

Како прво Асус еее е подобар од кој и да било пда, само поради нормалната тастатура, големината на екранчето и вистински оперативен систем. Излишно би било да се споредува со кој ида било мобилен.

Како второ траењето на батерија од 3 саати значи дека толку трае при активно користење, и ова време неможа да го постигне скоро никој лаптоп од 15, а камоли 17 инчи.

Како трето, лаптопот треба да е пренослив. Каде е преносливоста на 17ка од 4-4.5 кила?

Како четврто видете ја цената?

Подигањето на XP најмногу го успроува хардот. Стави SSD диск дома па ке се подигне XPто 3 пати побрзо.
Затоа брзо е подигањето кај Асус ЕЕЕ.

Мене лично поинтересен ке ми е новиот Асус ЕЕЕ со 9инчен екран и нешто поголем хард, но ако кај нас 7 инчниов би го продавале за 14000 одма би го зел.

И сега која е цената во СЕТ?
 
Мобилен, лаптоп и ПДА неможе да се споредуваат еден со друг. Тоа е толку нелогично.
 
И што испадна, која ке биде цената во Сет?
Срамота ако се поскапи од АМЦ.:tapp:
 
Ви кажав, не знам зошто не ме чита никој. До толку ли не сум за верување? :)
 
Моментално најефтина понуда за него има во Реинбоу компјутери, 16990 ден http://www.rainbow.net.mk/store/viewItem.asp?idProduct=45. Инаку освен во Сет и во АМЦ, го најдов во гтц во провавницата за мобилни во редот на Космофон и Вип, 17490 е кај нив. Во Риверсофт го немаа последно кога прашав па ќе видиме каква цена ќе дадат деновиве. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom