Преболена љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Леле сите се фативте за тоа дека сепак е љубов но од минатото.Го знам тоа, но целта ми беше дали е само љубов од минатото или може да биде и од сегашноста.Океј :)

Ако е преболена е минато завршено време.Само спомен и човек од твоето минато.Ако е од сегашноста не е преболена,туку самозалажување и посакување да биде преболена.
 
Леле сите се фативте за тоа дека сепак е љубов но од минатото.Го знам тоа, но целта ми беше дали е само љубов од минатото или може да биде и од сегашноста.Океј :)

Може да биде доколку некоја личност е способна кога сака и како сака да ги менува своите чувства. Јас лично кога еднаш преболувам - преболено е во сегашноста,а и во целата моја иднина.:pipi:
 
Можно ли е никој да не ме разбира?:)

Може да биде доколку некоја личност е способна кога сака и како сака да ги менува своите чувства. Јас лично кога еднаш преболувам - преболено е во сегашноста,а и во целата моја иднина.:pipi:

Дивајн...само нешто да те прашам: Може ли истовремено да сакаш некој но и да ти биде преболен? Или тоа се дисјунктни поими?:) Ако го сакаш-не ти е преболен...ако ти е преболен-не го сакаш? :)

Ако е преболена е минато завршено време.Само спомен и човек од твоето минато.Ако е од сегашноста не е преболена,туку самозалажување и посакување да биде преболена.

Не сакам темава да ја претворам во дискусија за тоа дали јас сум ја преболела таа личност или не, но сепак...во корист на темава е да разјасниме некои работи.:)
Ако го прочита мојот пост во којшто кажав што значи за мене преболена љубов, сеуште мислиш дека се залажувам, дека посакувам да биде преболена а не ми е?

Уште нешто...ако некоја љубов е заборавена т.е. чувствата исчезнале, избледале (ватевр :)) не значи и дека е преболена.За да преболиш нешто...како прво и основно треба да те боли, за потоа да кажеш дека си го преболил.А секоја љубов што заради х причини, припаѓа на минатото, не мора да значи дека е преболена.Можеби не ни дошло до болка, или до таа јачина на болка што доведува до преболување...Можеби љубовта исчезнала без предтоа да осети било каква болка...
 
Колку и да е голема љубовта како што си мислиме, со тек на време ке помине... само многу е лошо ако саканата личност те врака пак на старите чувства кон нејзе, пошто тоа е сепак незаздравена рана и малку треба за пак да се отвори... кога личноста ке увиди дека сакаш да ја заборавиш нејзе, дека ја избегаваш за да не се присетуваш на тоа колку ја сакаш, тогаш таа ке ти праи муабет, ке ти се пушта "незабележително" само за да ти ја отвори раната, за да увиди дека уште можиш да ја сакаш и да ти е потешко да ја заборавиш и со ова само те врака на почеток, сеуште ја засакуваш ама ништо од тоа... иначе ова го прават само личности кои сакаат да бидат сакани, кои мислат само на себе, и се фалат со тоа: "Видете колку оној ме сака.." или: "Видете колку ме сакаат, колку сум сакана...", а пред тебе се прават невини... И само се извишуваат со твојата болка.... АМА ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ...
 
Може да биде доколку некоја личност е способна кога сака и како сака да ги менува своите чувства. Јас лично кога еднаш преболувам - преболено е во сегашноста,а и во целата моја иднина.:pipi:

Такоџе.
Нема потреба од враќање наназад, место одење нанапред.
 
Можно ли е никој да не ме разбира?:)

Дивајн...само нешто да те прашам: Може ли истовремено да сакаш некој но и да ти биде преболен? Или тоа се дисјунктни поими?:) Ако го сакаш-не ти е преболен...ако ти е преболен-не го сакаш? :)

Не сакам темава да ја претворам во дискусија за тоа дали јас сум ја преболела таа личност или не, но сепак...во корист на темава е да разјасниме некои работи.:)
Ако го прочита мојот пост во којшто кажав што значи за мене преболена љубов, сеуште мислиш дека се залажувам, дека посакувам да биде преболена а не ми е?

Уште нешто...ако некоја љубов е заборавена т.е. чувствата исчезнале, избледале (ватевр :)) не значи и дека е преболена.За да преболиш нешто...како прво и основно треба да те боли, за потоа да кажеш дека си го преболил.А секоја љубов што заради х причини, припаѓа на минатото, не мора да значи дека е преболена.Можеби не ни дошло до болка, или до таа јачина на болка што доведува до преболување...Можеби љубовта исчезнала без предтоа да осети било каква болка...

Може да ти биде преболен (како дечко), а да го сакаш како другар. :toe:
Мене што знам ова ми стои како најлогично.
Мое мислење :smir:
 
Преболена љубов - го сакав премногу поминав толку моменти (убави/лоши) ми беше една од најважните личности во тој период,дојде крајот,болеше,пролеав една тура солзи,се сеќавав,копнеев.Од сето тоа видов дека нема смисла,самото време ме излечи и сите тие работи кои ми се случија со него се само дел од мојот живот кој треба да ги памтам и ќе ги памтам.Го преболев него,неговата насмевка,нешто што ми беше важно во животот.

Избледени чувства - се сеќавам кога ми се насмевна и за прв пат ме бакна...незнам зошто се заврши така,но океј одиме понатаму....Еј денес го видов,убаво изгледаше.Понекогаш помислувам на него и знаеш сакам да го видам пак,да го гушнам и бакнам!
^ Под ова подразбирам дека уште постојат чувства и без разлика на се што се случило уште чувствувам нешто кон него,и можеби несекојдневно ама помислувам на него и ми летаат пеперутки во стомак,што е многу поразлично од преболена љубов,таму веќе нема чувства туку е само сеќавање и спомени.

Преболена љубов,беше некогаш. (и тука не сум сигурна колку може да се повтори оваа љубов,ама се е можно...)
Избледени чувства,беше,е,и можеби ќе биде...ќе го сакам како што го сакав!
 
Било и поминало и толку нема што. Значи тоа е минато време, сегашност нема. Немора да си бил/а во таа врска па да ја преболам туку сум го сакала тој човек и сум сфатила дека не е он за мене, т.е. срцето сфатило не ја. И крај на приказната. Нема сегашност за таа љубов, туку само рамнодушност, а ако има мржња е тогаш има уште љубов и не е преболена.
 
Може да ти биде преболен (како дечко), а да го сакаш како другар. :toe:
Мене што знам ова ми стои како најлогично.
Мое мислење :smir:

Не мислев на другарска љубов, да мислев на таква ќе потенцирав.:smir:
Да го сакаш повеќе од другар...
 
Права љубов не постои. Само се заљубуваш и ако стане озбилно се мажиш за него, ако ви иде останувате заедно до крајот на животот, ако не, се разведувате и повторно се заљубуваш (иако не мора да значи). :toe:
Мислам, има и други причини за развод, ама бидејќи не е за тоа темата, ќе се изјаснам во врска со истата.
Според мене, не постои ниту преболена љубов, ниту избледени чувства. Додека сакаш - сакаш, е кога веќе нема да чувствуваш ништо слично на љубов спрема таа личност, тоа "избледено" чувство нема име. Љубовта секогаш ќе постои на некој начин, никогаш не може да биде како да не се случила, дури и да се заљубите повторно таа секогаш ќе си стои како спомен. Не е преболена љубов, туку помината љубов која секогаш ќе живее ама не на таков начин на каков што живеела. Или сакаш, или не сакаш. Друго чувство во врска со тоа не постои.

П.С. За ова погоре што го спомнала Tender Girl, само да кажам дека ако сакаш некого повеќе од другар, тоа не значи дека го сакаш како дечко, т.е. дека си заљубена во него.
 
Пред малку одговарав на темата Голема љубов.И покрај тоа што реков дека таа што ја имав-заврши, сепак се замислив за нешто...дали всушност завршила или фактот што ја преболев ме наведува да мислам така.

Непреболена љубов мислам дека е сосема јасно што значи но...преболена љубов?

Како би ја објасниле вие ? Сепак е љубов нели?

Преболена љубов: го сакам, ама сум се помирила дека никогаш нема да бидеме заедно. Едноставно сум сфатила дека не можам да бидам среќна со него заради суштински несогласувања во карактери или проблеми кои сме се обиделе да ги надминеме, но не сме успеале.
 
Повеќето (да не речам сите) од вас, преболувањето на една љубов го поистоветуваат со крајот на истата.А не е така, може да значи крај но може да значи и почеток на крај кој можеби никогаш нема да дојде.

Преболена љубов: го сакам, ама сум се помирила дека никогаш нема да бидеме заедно. Едноставно сум сфатила дека не можам да бидам среќна со него заради суштински несогласувања во карактери или проблеми кои сме се обиделе да ги надминеме, но не сме успеале.

Мислев дека сум единствена што размислува вака...:)

За ова погоре што го спомнала Tender Girl, само да кажам дека ако сакаш некого повеќе од другар, тоа не значи дека го сакаш како дечко, т.е. дека си заљубена во него.

А што значи? Дека можеби го сакаш како брат?:)
Демн...сепак, мислев на љубов поинаква од другарска, братска, родителска...љубов меѓу маж и жена.
 
Дивајн...само нешто да те прашам: Може ли истовремено да сакаш некој но и да ти биде преболен? Или тоа се дисјунктни поими?:) Ако го сакаш-не ти е преболен...ако ти е преболен-не го сакаш? :)
This is kinda true. :)

Љубовта не може да биде преболена, од една и единствена причина што љубовта не е болка. Ако се случила не исчезнува(не се преболува). Ако ти поминало, не си бил заљубен.
 
Не се преболува љубов. Кратко и јасно. Ако зборуваме за преболување, тогаш треба да правиме муабет за преболување на личност. Преболувањето само по себе, е надминување на потребата од нечие присуство,како проаѓа времето се губи таа потреба и се доаѓа до сјајниот заклучок дека можеш и сам.Ако се работи за љубов, онака вистинска, искрена, исполнителна, таа останува, зошто би сакал да се ослободиш од чувство кое те прави среќен?:pipi:
 
Нема што повеке да кажам од болдираново.
И да,кога ке дојдеш до тој заклучок,навистина е сјајно чувството.
Се што се случува околу тебе,одново е прекрасно,боите се вракаат на своите првобитни места и не ти треба личноста за да можеш да дишиш со полни гради.
Можеш и сам.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom