- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.494
- Поени од реакции
- 18.517
Дел Понте: ОВК продавала органи на неалбанските заробеници
Криминал со трговија на органи на Србите и другите етнички малцинства од Косово во периодот на 1999-та година, откри Хашкиот трибунал, истражувајќи го криминалот извршен од Ослободителна војска на Косово (ОВК).
Ова се наведува во книгата „Лов“, на поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте, која тврди дека криминалот бил вршен со органите на киднапираните Срби и другото неалбанско население од Косово, кое исчезнало „веројатно по бомбардирањето на НАТО, кога во покраината веќе беа присутни меѓународните миротворни сили“.
„Во летото 1999-та година, косовските Албанци, со камиони префрлиле околу 300 киднапирани неалбанци, во Кукс и Тропоја, северниот дел на Албанија. Младите и здрави затвореници по медицинските прегледи биле префрлани во затворите во Бурел и околината. Луѓето потоа биле префрлани во барака, којa се наоѓала зад некоја жолта куќа, оддалечена 20 километри од Бурел. Во таа куќа се вршеле операциони зафати, каде хирурзи ги ваделе органите на жртвите. Органите потоа преку аеродромот Ринас кај Тирана, биле пренесени во хируршки клиники во странство, за клиенти кои веќе имале платено за органите“, пишува Дел Понте.
Откривајќи го целиот процес, таа се повикува на извор, кој лично учествувал во доставувањето на органите до посочениот аеродром.
„По вадењето на едниот бубрег жртвите повторно биле затворани во истата барака, каде знаејќи каква судбина ги очекува мoлеле веднаш да бидат убиени“, тврди Дел Понте.
Целиот текст ...
http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=105926&NrIssue=614&NrSection=50
--------------------------------------------------------------
Затоа неможат да се пронајдат изчезнатите Македонци од 2001...