Буш: името е решливо пред Букурешт
Макфакс
20.03.2008 10:53
Џорџ Буш
Американскиот претседател Џорџ Буш смета дека прашањето за името е решливо и оти тоа треба да заврши пред самитот на НАТО во Букурешт.
Ова го порача прес-секретарот на Белата куќа, Дена Перино, одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот на САД е загрижен поради нерешеното прашање за името меѓу Грција и Македонија, во контекст на самитот на Алијансата.
„Претседателот се надева дека тие ќе дојдат до договор пред самитот на НАТО, бидејќи тој смета дека тоа е решливо прашање и нешто што тие треба да го завршат пред да заминеме таму кон крајот на месецот“, рече Перино.
Таа додаде дека државниот секретар Кондолиза Рајс разговарала со двете страни и оти за претстојниот самит денеска треба да разговара со претседателот Буш.