Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
Каде виде невладини??Има ама ќе вриснат невладините! Прво треба таму да се удри, да се сотре тој шљам!
Се е тоа владино, ама притаено, да не се знае и узнае.
Каде виде невладини??Има ама ќе вриснат невладините! Прво треба таму да се удри, да се сотре тој шљам!
Абе не те разбирам што виде во тие разбојници,што направиле за МАКЕДОНИЈА па за да се вратат дури еве и името сакаат да го сменат.СДСМ ќе се врати... мислам дека добија уште сигурно плус 200.000 гласачи деновиве така да на следните избори ќе биде 450.000 спрема 300.000, се разбира за СДСМ
Нема шанси, ДУИ не влегува во таа комбинација, нив му треба избори одма или најкасно до летот, кога многу Албанци ќе бидат на одмор...[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] СДСМ по 4 април планира да им понуди коалиција на ДПА, ДУИ и на НСДП за излез од политичката криза, дознаваме од партиски извори.
Новата коалиција би се формирала веднаш по самитот на Алијансата во Букурешт каде што треба да се одлучи дали Македонија ќе добие покана за НАТО. Новата коалиција би траела до септември, до кога треба да се исполнат 8 критериуми за добивање датум за преговори со ЕУ.
Таа влада би ги спровела и предвремените избори кои би се одржале кон крајот на октомври.
Овие комбинаторики се можни во случај ако премиерот Никола Груевски сака веднаш по самитот во Букурешт да распише предвремени избори. Според извори во ВМРО-ДПМНЕ, тие би се одржале кон крајот на мај.
Ниту НСДП, ниту ДПА, ниту помалите коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ не се расположени да има избори кон крајот на мај.
ВМРО-ДПМНЕ не сака ни преодна влада ни широка коалиција туку што побрзо предвремени избори, затоа што премиерот Груевски има далеку подобар рејтинг од лидерите на другите политички партии. Токму поради нискиот рејтинг, дури ни на неговите коалициони партнери не им одговараат избори напролет туку што подоцна.
Предвремени избори сака и ДУИ. Но бидејќи тие ја слушаат меѓународната заедница, која засега инсистира прво да се завршат обврските кон ЕУ и да се добие датум, би ја прифатиле варијантата за преодна влада, а предвремени избори наесен.
Предвремени избори речиси сигурно ќе има. Прашање е само дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да најде партнер за да ги распише напролет, затоа што сите останати бараат време за да може да го дигнат рејтингот.
Таквите најави се навестуваат и по вчерашната прес-конференција во СДСМ. Лидерката Радмила Шеќеринска го обвини Груевски дека нема целосно функционална влада и дека влезот во НАТО е невозможен без силна влада и силно единство.
"Денес можевме да седиме настрана, да критикуваме, да го пуштиме Груевски да се дави во проблемите кои и самиот ги создаде. Поради незнаење, несакање или неспособност, сеедно. Но има моменти кога таа комотна позиција е неодговорна дури и за една опозиција", рече Шеќеринска. [/FONT]
епа премиерот, сам си стави јамка на шија, и сега нормално дека некој ке се спрема за на власт, освен ако не е предавнички???
НЕкако ми оставш впечаток дека власта е резервирана за Грујчо, и секој друг што ке атакува на власта е незаслужен.... како што си напишал
Ај јас да ти поставам една прашање
СО ШТО ЗАСЛУЖИ ГРУЈЧЕ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ?????
сигрно се шегуваш нели :pos2: :pos2: :pos2:Со тоа што еден се најде да престани да ја продава и да ја разнебитува МАКЕДОНИЈА и да го омаловажува народот,а тоа е Груевски.Да има барем уште 5 души како него ќе бевме и постабилни и побрзо ќе одеа работите на подобро и немаше да биди сам против сите како сега.
Прво намалиги буквиве,не сме чори.НОВИ КОМБИНАТОРИКИ ВО СДСМ
Заев за премиер
Ако на следните парламентарни избори, кои, според сите најави, нема да бидат редовни, туку предвремени, се случи да победи СДСМ, или пак ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да направи влада, мандатот уште сега бил резервиран за г
Претседателот Бранко Црвенковски подготвувал терен за доаѓање на градоначалникот на Струмица Зоран Заев, ако не на лидерско место во СДСМ, тогаш на премиерското во евентуална нова влада. Дознаваме дека за активирање на во последно време најзвучното име во СДСМ Заев, биле повеќето од партиските функционери и од членството.![]()
Неофицијално, едвај се чекала годишната конференција на СДСМ во април, за која членовите на Централниот одбор и на општинските организации веќе подготвувале неколку жешки точки: преиспитување на ефикасноста на СДСМ под водство на претседателката Радмила Шеќеринска, држењето под мраз на потпретседателот на партијата Зоран Заев, за сметка на другите двајца потпретседатели од Скопје Јани Макрадули и Игор Ивановски, а можно било да се постави и прашање за промена на лидерот на партијата.
Скопската СДСМ е на нога. Прашањето што си го поставуваат во најголемата организација на партијата е како покрај партиските потпретседатели Макрадули и Ивановски, за така висока позиција да се исфрла локален играч како градоначалникот на Струмица. Паниката била уште повеќе крената откако Заев пред десетина дена одржа прес-конференција во централата на СДСМ на Бихаќска. "Соодносот на одржаните пресови и дадените изјави на Макрадули или на Ивановски спрема третиот потпретседател на партијата за овие две години е неколку стотици изјави спрема една или две. Дури и генералниот секретар на партијата Горан Минчев има одржано повеќе пресови од потпретседателот Зоран Заев", бројат во СДСМ.
Ако на следните парламентарни избори, кои, според сите најави, нема да бидат редовни, туку предвремени, се случи да победи СДСМ, или пак ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да направи влада, мандатот уште сега бил резервиран за Заев, тврдат извори блиски до Црвенковски. Во зависност од тоа што ќе се случи на самитот на НАТО во Букурешт, струмичкиот градоначалник се спомнува за мандатар за нова влада и во случај на прегрупирање на парламентарното мнозинство, на штета на ВМРО-ДПМНЕ. Високи извори од СДСМ велат дека имало време Заев да си поднесе оставка од градоначалничката функција, која и така му истекува за една година.
"Имам намера да ги завршам обврските пред граѓаните на Струмица, што ги презедов како градоначалник. Стојам зад претседателката Шеќеринска и зад нејзините одлуки комплетно", ни изјави вчера Заев како коментар на информациите дека му се прави се поголем простор во партијата. За неофицијалните најави дека е можно многу брзо градоначалничката функција да ја смени во премиерска, тој дипломатски одговори: "Нема да прифатам никакви непринципиелни комбинации".