Другари или пар?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Има слична тема, но не е содржината иста, па не ја спојувајте.

Муабетот ми е ... во една врска, треба на прво место да е другарството со партнерот или љубовта кон него?
Можеби звучи како да неможат а да не функционираат овие две зборчиња секогаш заедно, но сепак кога ќе размислите, едното од нив секогаш преовладува.

Што сте поголемиот дел од времето со партнерот ... другари или пар?
На што давате предност и што се трудите да функционира добро, за да испадне другото уште подобро?
Што ви е поважно и треба да се негува повеќе за да врската што ја сакате остане каква што е? :helou:
 
предност давам на другарството зашто другарството ми е најважно во една врска...сметам дека тоа треба да не се негува повеќе, секако без да се запоставува љубовтa...но партнерот пред се треба да ми биде најдобар другар...ако другарството не функционира добро-врската уште помалку би функционирала...:toe:
 
сметам дека основа за една врска можеби е и другарството,покрај љубовта се разбира,затоа што партнерите според мене треба да бидат отворени еден кон друг,да си кажуваат за се,сите работи кои ги мачат...
 
Интересно.Искрено поголемиот дел од времето сакам и се трудам да бидам со партнерот пријател другар да можам да наравам муабет за тоа што ме мачи...енднсотавно да функционираме беспрекорно на секој план...башка логиката е ако со партнерот си другар пред се во смисла да немате стеги да си кажете пожалите пофалите насмеете тогаш и врската ке си тече баш така..а интимноста и блискоста доаѓаат сами по себе...
 
Не идат едно без друго тие работи. Точно дека едното секогаш малце повеќе ќе преовладува, ама најдобро е кога сте исто толку другари колку и љубовници. Да биде целосно.:)
 
PSYtisfaction напиша:
Не идат едно без друго тие работи. Точно дека едното секогаш малце повеќе ќе преовладува, ама најдобро е кога сте исто толку другари колку и љубовници. Да биде целосно.:)
Better together isn't it?
Па затоа брачните партнери и се нарекуваат животни другари. Кога во очите на својот љубен/а ќе го видиш и другарот кој во целост те разбира, тогаш е она вистинското. Многупати од љубовникот се жалиш на другарот или обратно. Ама ако имаш ”две во едно” тогаш нема промашај.
 
Ако ги споредиме љубовта и пријателството како емоции, љубовта е полабилна. Не за џабе викаат дека љубовта е слепа. Во врска, предност му давам на пријателството од причина што е приземно, и не доведува во „незгодни” ситуации, барем не колку љубовта.

Но тоа во никој случај не значи дека љубовта секогаш треба да биде во втор план. Најубаво е кога љубовта и пријателството се надополнуват-некогаш таа на прво место, некогаш на второ.

Врската пред се треба да се темели на вистинско пријателство, проследено со вистинска љубов.
 
И двете секако. Треба да се негуваат, да се надополнуваат, да се изградат и усовршуваат постојано. Некогаш да преовладува едното, а некогаш другото.

Сепак кај мене за нијанса е понапред љубовта, страста и физичката привлечност која не можам да ја имам кон секој другар:)...но ако ја имам, тогаш другарството или партнерството како што јас го викам, со заемно вложување, само допринесува за врска на стабилна основа.
 
Кога е неопходно да изберам едно од тие две за да го ставам на прво место без размислување ја бирам љубовта.
Пријателка можам да бидам со многу момчиња, но нема за сите нив да негувам таква љубов.:nenene:
 
Не можам да повлекувам остра граница, бидејќи и двата елемента се важни подеднакво и потребно е константно да се надополнуваат, едното без другото не оди. Не сакам да се обидувам да дефинирам колку сме пар, а колку другари. Најубаво ми е кога не можам да одредам, единствено тогаш сум сигурна дека е тоа - тоа.
 
Mozebi prednost i davam na ljubovta.
Kako sto rece Lejdi drugarstvo mozam da imam i so drugi a da ne cuvstvuvam ljubov kon niv.
No prijatno mi e koga sedam i razgovaram za se i sesto so deckoto.Togas znam deka go imam vistinskiot drugar pokraj mene i koj beskrajno go ljubam.Ednostavno tie dve raboti odat zaedno.Nekogas ljubota na prvo nekogas drugarstvoto..
 
50-50. Еднаш едната еднаш другата! Бидејки колку и да се сакаат двајцата, без пријателство меѓу истите нема да биди ништо! Значи некој период пријателство повеќе кога е потребно, некогаш повеќе љубов!
 
Сум била во врска во која сум чувствувала дека преовладува другарството, сум била и во врска во која преовладувала љубовта.
Не е толку тешко да оцениш што преовладува, отсуството/присуството на пријателството во врската е барометарче кое покажува во вакви случаи. Не можеш на кантар да ги ставиш и да мериш што повеќе се истакнува, тоа се чувствува:)
И секако, сум била во врска во која не сум знаела што преовладува, токму затоа што постоеле и двете и се надополнувале.
И што мислите, која комбинација е најдобра?:)
 
За мене најдобро е кога малку повеќе преовладува љубовта, но да има и другарство. Значи негде 60:40 сакам :) Ако има љубов, а нема другарство, љубовта со тек на време ќе избледи. А ако преовладува многу повеќе другарство тогаш и нема што да си во врска со тој, боље да си останеш другар.. така најубаво. Значи и двете заедно се многу битен фактор за една убава врска. Неможат да бидат разделени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom