Кои се симптомите на гордоста?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Гордоста е повеќе немање отколку имање - немање отвореност, немање љубов за другиот, немање потреба од другиот, немање простор во себе за другиот (како кога го почитуваме своето време повеќе отколку времето на другиот), и многу други немања.

Кои се симптомите на гордоста за вас ?
 
Гордоста колку што може да биде позитивна толку може да биде и негативна. Позитивноста е во тоа што најверојатно гордите луге имаат голема почит спрема себе и висока самодоверба. Негативната страна би се поклопила со позитивната (високата самодовербата) е исто толку лоша и негативна според психолозите колку и ниската самодоверба. Како нус ефект претпоставувам се јавува комплексот на повисока вредност.
Гордиот/горделивиот може да биде во заблуда дека ја загрозува својата гордост или интегритет со секое отстапување од сопствените строго и егоистично зацртани правила и принципи. Гордите почесто претврдоглаво држат до своето и не попуштаат (како уште еден симптом) на горделивоста.
 
Мразам ептен горди личности.
Си мислат дека се многу посупериорни од другите, дека се на многу повисоко ниво, дека никој не можи да ги стигни..
Имаат некои свои зацртани правила, принципи и прописи, па не им е потребен никој за да се почувствуваат сакани, или пак да сакаат некој.
И не, немаат никакви позитивни особини. Секој човек може да има самодоверба а да не биди ептен горделив. Тие веќе се и нарцисоидни, се сакаат само себеси и да можат дури ќе стапат во брак со самите себеси.

А јас.. Горделива сум во ептен ретки случаеви. Кога гледам дека некоја постапка може да ми го згази сопственото јас, или да бидам ептен понижена, па да се свртам и да не покажам никакви знаци на пораз.
 
Мешате гордост и егоизам.Гордоста може да се отслика на повише начини,горд на својата фамилија,на своите деца,горд дека е жител на Р.Македонија(поактуелно деновиве),горд на тоа што го постигнал во животов.Без горди луѓе со дигнати глави уште би живееле во пештери.
 
Според мене Горделивоста е повеќе симптом за некое можно искривување на личноста. А симтоми на Гордоста....па не знам дали има.
 
Мешате поими како што кажаа горе.
Едно е горделивост, друго е гордост, трето егоизам.
Горда сум на себе и на постигнатото,
горда сум на своето семејство,
горда сум и за некои мали ситиници кои ќе направат други луѓе посреќни барем за миг,
горда сум на самата себе си и на своите верувања, ставови и сфаќања.

И ред други работи,
значи гордоста не е негативна појава, убаво е да си горд, сепак да се оди до умереност, кога се поминува границата на умереност веќе човекот се заслепува и мисли дека е најдобар во се и сешто.
 
koga nekoj so voshit zboruva za nekoja rabota so ja napravil ili za nekoj so mnogu mu znaci ....koj postignal nesto so sto toj e gord...
 
Кога ќе почнеш да губиш некои работи заради некој свој тврдоглав став кој не го менуваш,е веќе тогаш станува збор за горделивост.Ова го знам од искуство.
 
како шо имаше напишано во погорните постови се меша гордост со егоизам ама да не го тупам ,веројатно то е прашањето за егоизмот само не е така напишано нема врска нема да изигравам паметњакович. Пааа јас во принцип сум гор и егоистичен, ама со одредени луѓе и до одредена мера, а постои личност на овај свет пред кој не можам да бидам егоистичен и всуштност таа е единствената личност што ме зане мене каква личност сум, и пред неа се предавам не постои ни гордост ни ништо. Само да се надоврзам на ова што го кажав има една мисла
„НЕ МУ СЕ ПОТСМЕВАЈ НА ОНОЈ КОЈ ЗАРАДИ ЉУБОВТА ЈА ИЗГУБИЛ ГОРДОСТА, ТУКУ НА ОНОЈ КОЈ ЗАРАДИ ГОРДОСТА ЈА ИЗГУБИЛ ЉУБОВТА„ можеби звучи смешно и офф-топик бидејќи е поврзано со љубов, но мислам сегде можи да се примени ова, т.е. значи секогаш треба да се има граница, и да се знае кога е доста или кога не е :)
 
Папучар:baeh:.Се шалам:helou:.
Гордоста е многу битна кај секого.Бескичмењаци,обично така велиме за оние што или ја изгубиле или никогаш немале гордост(тука читај поголем дел од нашите политичари).
 
~*~

Кои се симптомите на гордоста за вас ?

Убаво е да бидеш исполнет со гордост, да бидеш способен да излезеш на улица знаејќи кој си и што си и да шеташ со крената глава, да не си дозволиш да се сомневаш во себе.

Секако кога тоа ќе премине во егоцентричност и опсесија кон сам себе, почнуваат така наречените „симптоми“ на болната гордост.Тоа не води до граница на самозаљубување и нарцисот станува повеќе опасен за околината него само самобендисан.
 
И ја да го повторам она што е напишано во претходните постови...Авторот на темата меша егоцентризам, себичност, ароганција со гордост. Првите три се као негативни, а последното е позитивно.
Човек без самопочит и здрава доза на гордост е обично искомплексирана индивидуа, која има тенденции да стане полтрон, сплеткар, лицемер итн...значи, подеднакво, ако не и исто, деструктивна ко некој што е опседнат со своето јас.

Потоа, истотака не држи дека само луѓе со комплекс на повисока вредност, кои се обожаваат себе си, се егоцентрични. Меѓу себичните и претерано гордите има итекако особи кои се силно несигурни во себе и кои се сметаат за недоволно вредни како луѓе. Сакајќи, потсвесно, да ја маскираат таа не-самодоверба и ранливост, ставаат маска на супериорност и се опседнуваат со себе. На тој начин се штитат од туѓи критики, разочарувања, обезвреднувања.

Но, да бидеме реални...Сите сме егоцентрични. Секој, сакал или нејќел, тргнува од себе, од своето јас. Едноставно, така е создаден човекот. И тоа не е нешто лошо. Моментот на јас, пречи единствено кога не претвора во безкруполозни, садистички индивидуи, кои не знаат да сочуствуваат, помогнат и сл. поради опседнатоста со своето его. Во другите случаи е сосема во ред.

Лично, сум егоцентрична и горделива. Прилично многу. И од тоа највеќе патам лично јас. Горделивоста ме лишува од многу нешта и придобивки. Најповеќе во личните односи.
 
Ја дефинирав гордоста од религиозна гледна точка, можеби и темава требаше да стои во религија, гордоста има симптоми, а таа е симптом за нешто друго, така стои во христијанството.
Никогаш не би можела да ја помешам гордоста со ништо, и никогаш не сум спомнала егоцентризам, себичност, ароганција. Не ги познавам тие чувства,и мислам дека вистинскиот збор е гордост, не горделивост. За мене гордоста не може никогаш да е позитивна, гордиот човек има многу малку милост и љубов во себеси. Не тргнува секој од своето јас, има луѓе на светот, луѓе кои имаат толку широко срце што своите сакани ги ставаат пред себеси, нема што не би сториле за нивната среќа. За луѓето кои се сметаат за недоволно вредни не би можела да кажам, веројатно твоите зборови се вистинити, и јас ги почитувам, можам само да кажам за луѓето кои се исполнети со љубов и со болка, тие не можат да се горди, нив не им треба гордост, ја имаат љубовта и за нив повеќе од доволна е.
 
Ок, значи ти збориш за гордост, наспрам христијанска милост и христијанска безусловна љубов кон се и секој.
Тоа прилично ја менува темата, требало уше на почетокот така да ја форумулираш.

Како и да е, би сакала да те прашам нешто...Се сметаш себе си за некој кој љуби така? Познаваш луѓе кои љубат така? Како успеа да ја елиминираш гордоста?(ова ми е важно, затоа што гордоста е еден од моите најголеми гревови)?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom