Сега кога втората генерација на лидерство ја предводи оваа партија, пред исто така една клучна историска одлука за дефинитивно стабилизирање и обезбедување на самостојноста на Македонија - влез во НАТО под разумен компромис за техничко име на државата во меѓународните организации кое не го загрозува, туку го обезбедува нашиот национален идентитет - нивниот лидер опструира, си гледа во чевлите, пали на митинзи, сака некој друг да ја понесе одговорноста (како Трајковски за Охридскиот) и слично.
Конспирациските поклопувањата се запрепастувачки, но фактографски! Што е ова? Одвојте за реториката: многу сакам, ама има црвена линија? Која е таа? Која е перспективата по одбивањето за прием во НАТО, без или со референдум? Дали имаме шанса за прием по една година со уставно име? Ако имаме, сите ќе се стегнеме и ќе издржиме една година. Ако не, кој тогаш ќе ја понесе одговорноста? Сака ли „лидеро“ народот да биде крив за политиките одлуки што водат до распаѓање? Ова ќе биде одлука како кај Охридскиот (дел од партиите и јавноста ја одбиваа, подоцна сите се повикуваа на неа).