Не знам, не гледав, но, јас лично сум за да не правиме ниту една отстапка, туку за спор, макотрпен и убиствено болен процес за затворање на македонското прашање до последната точка.
Името - негирано од грците
Идентитетот - грците, србите, бугарите, албанците
јазикот-бугарите
нацијата-србите, албанците
историјата - грците, србите, бугарите, албанците
културата-грците, србите, бугарите, албанците
традицијата-грците, србите, бугарите, албанците
итн.
Негирани се, името на државата која ја градиме, правата да се наречат македонци, дека говорат со македонски јазик, дека се дел од една македонска нација, која имала и има историја на овие простори постара од 50 години, културно-духовното наследство.....
Сакам да сум македонец од Република Македонија, кој говори на македонски јазик, потомок на Гоце, Јане, Даме, Самиуло, Јован Владислав, Александар, Филип и други, тешкото е мое оро, пеам македонска песна......
Тоа јас го знам и тврдам, го барам правото сите тоа да го знаат, бидејќи е вистина.
Ништо не може да ми смени идентитет.
Но сакам да ми се признае.
Името ми е Македонија.
Голема, мала, обединета, расцпекана, сепак, денес е Република Македонија и таква сакам да остане.