Денеска во седиштето на ДУИ во Мала Речица ќе се одржи седница на претседателството на партијата.
Како што информираа од ДУИ, на седницата ќе стане збор за политичката ситуација во Македонија. По излегувањето на Демократската партија на Албанците од Владата, ДУИ не соопшти никаков коментар за политичката криза во Македонија. ОД партијата за Нетпрес изјавија дека по денешната седница во Мала Речица партијата ќе информаира за нејзиниот став за политичката криза во земјава.
Седница на НСДП за актуелната политичка состојба
Новите социјалдемократи утре на седница на централниот одбор на партијата ќе ги утврдуваат предлог листите на кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на Централниот и Надзорниот одбор.
На седницата, како што е најавено од НСДП, ќе се разгледува и актуелната политичка состојба во државата.
Средбата ќе се одржи во салата на “Даре Џамбаз“ во 12 часот.
Еве ги сите на куп. Едни ваму, други таму, ама насобрани. Прават кандидатски листи за новите избори, оти името е дадено, само треба да ни се сервира да го голтнеме.