Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Кој американски речник бе, која златна шанса?Време напиша:И македонскиот претседател го прифати речникот на САД, од каде што веќе неколку дена се лиферуваат пораки дека земјата има златна шанса да го надмине спорот со Грција и да ги добие сите можни гаранации за својата стабилност.
На кого му переш мозок бе море? Каква шанса, каква придавка, да и се насерам на придавката.Време напиша:Македонија добива шанса со една придавка на уставното име во исто време да го зачува идентитетот решавајќи го спорот со Грција и да влезе во НАТО, смета Бранко Црвенковски.
Остатокот од текстот објавен денеска:
Гомна, изроди, ќелеши, малодушници, предавници.Време напиша:Во овие 16 години уставното име на нашата земја е Република Македонија, но спорот за името со Грција не е за зборот „Република“ туку за зборот „Македонија“. Тоа е тоа што ним им пречи, а тоа е тоа што нам ни е толку битно. Што значи, ако се најде формулација со некаков додаток или придавка, која нема да значи уривање на националниот идентитет, туку, можеби, уредување, тогаш мислам дека можеме да ги постигнеме и двете цели: и да ја добиеме поканата и да го зачуваме нашиот национален идентитет - изјави шефот на државава. За тоа да се случи претседателот побарал од коалициските партнери да ја спуштат топката поради неопходноста земјава во клучните денови пред самитот на НАТО да има силна и стабилна влада, која ќе може да донесува легитимни одлуки. Црвенковски не открива кое е името што се очекува како најнов предлог, откако во спорот директно се вклучи американскиот „Стејт департмент“, ниту, пак, објасни каде и во каква форма би се употребувало тоа. - Во овој период од 20 дена не чекаат тешки одлуки, без разлика во кој правец ќе бидат одлуките. Тоа ќе бидат одлуки што ќе ја одредат иднината на нашата земја. Сепак, постои мал маневарски простор да се излезе од оваа ситуација. Ако зачувувањето на нашето име е битка за зачувување на нашиот идентитет, тогаш треба рационално и без патетични и емотивни изливи да видиме дали има солуција, која, од една страна, ќе го одбрани националниот идентитет и, од друга страна, ќе овозможи да добиеме покана за влез во НАТО - рече Црвенковски. Најновиот предлог, најверојатно, е дел од последниот пакет предложен во Атина пред еден месец, иако дипломатски извори не исклучуваат дека „Стејт департментот“, во соработка со Нимиц, би можел да предложи и сосема нова варијанта на името и на модалитетите во кои би се употребувало. - Многу е битно и медијаторот Нимиц и сите тие што ќе се обидат да помогнат во овие 20 дена да сфатат дека не смее да и се овозможи на Грција таа да дефинира каква формулација ќе користи Македонија - смета македонскиот претседател. Инаку, вчера, на маргините на пролетниот самит на ЕУ во Брисел, премиерот Костас Караманлис, министерот за надворешни работи Дора Бакојани, министерот за економија и финансии Георгиос Алогоскуфис и државниот министер Теодорос Русопулос на сите средби ја пренеле веќе потврдената грчка позиција дека ветото е неизбежно. Речиси единствена точка на сите средби на грчката делегација било името и причините зошто Грција е решена да стави вето за членството на Македонија во меѓународните организации. Караманлис вчера требаше да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел и со францускиот претседател Никола Саркози, како и со лидери на други европски држави. Името било една од централните точки и за време на состанокот на Европската народна партија, каде што дошло до директен контакт меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега. Грчкото МНР вчера потврди дека за наредната недела е закажана нова рунда преговори за името. Тоа ќе се случи на европска почва, во некоја од канцелариите на ОН во Виена или во Женева. Разговорите меѓу преговарачите ќе ги води медијаторот Метју Нимиц.
Сакаш да переш мозок пак, дека една "мала придавка" не е ништо страшно?