Тачи: Учеството на ДПА во Владата е веќе завршено

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па Тачи секако се курчеше како Настрадин Оџа,убаво што се сети сам колку не е пожелен во САД.Македонија во влада всушност ги имаше многумина од нив кој се на црна листа во САД.Тоа е факт кој само го попречува нашиот имиџ пред меѓународната заедница.
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7
Највисокиот партиски орган на ДПА, Централното собрание, вечерва во Сарај едногласно ја потврди одлуката на партиското раководство за напуштање на владината коалиција.
„Од вечерва или поточно од утре повеќе не сме во коалиционата Влада, која функционираше во изминатите 19 месеци“, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи на прес-конференција по седницата на Собранието.
Тој нагласи дека нивната одлука не е насочена против никого и само е во интерес на Македонија и на нејзините аспирации за членство во НАТО.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Па Тачи секако се курчеше како Настрадин Оџа,убаво што се сети сам колку не е пожелен во САД.Македонија во влада всушност ги имаше многумина од нив кој се на црна листа во САД.Тоа е факт кој само го попречува нашиот имиџ пред меѓународната заедница.
Тачи?Поарно тој него Али..Овој барем зборува Македонски...Се прашувам(немојте да мислите дека имам нешто против албанскиот јазик, напротив, секој треба да си зборува на мајчиниот јазик и да му се овозможи тоа , крај краева не сме ние злобници како хелените па да им слушаме под пенџериња на кој јазик зборуваат) но сепак, Али беше на власт 4 години и ниту еднаш не зборна македонски, а МАКЕДОНИЈА ја води!Мислам пожелно беше барем на една прес конференција да излези и да зборува на македонски јазик колку да го видиме дека знае да зборува на македонски!А покрај таквите барања кои ги имаше Али кон Груески, по кој се јачаат албанците - пензија за она, и сите точки,сите албанци ја зедоа како „заштитник“ на албанските права ДУИ, а ДПА и паѓаше рејтинг енормно поради тоа што немаше такви „радикални“ барања...Согледувајќи ДПА дека тоа пали кај албанците и таа почна со барања, и почна со уцени па Груевски, се со цел да добие поголем рејтинг(ништо повеќе)..А знаете што ми е најсимптоматично?Овие од ДУИ, сега ги има насекаде, размавтуваат со тој мајски па мајски договор, со нивните албански барања, и албанскиот етникум се пали на таквите барања...А не размислуваат дека ДУИ беше 4години на власт?Каков придонес дадоа од ДУИ тие години(освен погодностите од рамковниот кој беа неизбежни)?Сте се запрашале тоа?Сега знаат да размавтуваат за да го подигнат нивото на поддржувачи на таа партија!А баш ми е криво што ДПА имаше потенцијал во неа..Посебно Имер Селмани - човек без никаква мана,работлив чесен и секакви позитивни манири...Чудно ми е...


Стварно ми е чудна оваа појава и кај македонскиот и кај албанскиот етникум..Абе да те лажат(да не исполнуваат ветувања предизборни) кај едните 18 години, кајк другите 4 години, никаков аир да немаат од нивното владеење (освен партиските војници и луѓе кој стварно работеле за таа партија),ниту придонесле нешто околу севкупната егзистенција, си гледаале само за себе, за да седат во помеки фотелји..И упорно гласаат пак за нив , упорно...Упорно сакаме да ни ја крадат државата, упорно да тапкаме во место, и албанци и македонци..Зошто не се свестите....
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Од се што прочитав по веснициве се повеќе ми личи дека на ДПА и е наредено да излезе од владата. Изјавите на Тачи се најблагоречено “чудни“. Има тука нешто многу покрупно. Никој не излегува од влада за два дена и да дава такви изјави. Не ќе е на арно.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
ДПА излезе од Владата

Скопје, 13 март (МИА) - Највисокиот партиски орган на ДПА, Централното собрание вечерва во Сарај едногласно ја потврди одлуката на партиското раководство за напуштање на владината коалиција.

- Нашата партија од вечерва или поточно од утре повеќе не е член на коалицијата што почна да работи пред 19 месеци. Оваа одлука не е насочена против никого, ни против ВМРО-ДПМНЕ, ни против ДУИ, ни против СДСМ, ни против Македонците, туку напротив е про државата Македонија, про суверенитетот и интегритетот на Македонија и про патот кон евроатланските интеграции. Се надевам дека сите озбилни фактори внатре во државата и нашите најголеми поддржувачи - меѓународниот фактор ќе ја разберат како последен обид да се растури инструментот што води кон добра перспектива на Македонија, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи на прес-конференција по седницата на Собранието на партијата.

Тој нагласи дека нивната одлука е конечна и неотповиклива и оти нивните барања произлегуваат од Охридскиот договор. - Сите барања кои ДПА ги поставува се точки на Охридскиот договор. Ние ништо ново не баравме освен признавањето на Косово. Барањата на Албанците во Македонија се стари 17 години, а во делот на нивното неостварварување вина сноси и ДПА, рече Тачи, потенцирајќи дека нивната рака е подадена за соработка и за постигнување договор Македонија што побрзо да влезе во евроатланските структури со сите фактори кои се важни за постигнување на таа цел.

Претседателот на ДПА рече дека ја почитува коректноста на преимерот Грувески, кој како што кажа, чекал одлуката на ДПА да стане конечна па потоа да се изјасни. Тој посочи дека од утре сите релевантни фактори во Македонија ќе се обидат да постигнат политички консензус за влез на Македонија во НАТО.

Прашан дали е точно оти премиерот Никола Груевски не сака Македонија да влезе во НАТО, Тачи рече дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се единствените дежурни кривци за настанатата ситуација. - Вината сите ја сносиме можеби Груевски најмалку бидејќи помалку време од нас е во раководните структури. Луѓето кои сакаат евтини политички поени во овој период не се сериозни, рече Тачи.

Во врска со поканата од НАТО и проблемот со името со Грција, Тачи нагласи дека се надева оти, како што рече, нашите поддржувачи ќе успеат да издејствуваат решение никој да не чепка во идентитетот.

- Ако ги решиме сите проблеми кои ги имаме ќе ја доведеме Грција во многу тешка состојба да стави вето. Како партија поддржуваме идентитетот и името да не се чепка, но не поддржуваме политика на фрустрации каде сака некој да профитира. Нема да дозволиме никој, ниту Грција ниту пак било која земја да чепка по идентитетот на на нашите сограѓани, порача Тачи.

Прашан дали излегувањето од коалицијата не е направено во договор со Грција со цел Македонија да не влезе во НАТО, Тачи рече дека тој сигурно е еден од македонските политичари кои грчката влада не ги сака. - Немам ни минимално разбирање за ветото на Грција и за злоупотребата на историјата што ја прават, истакна Тачи.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Во библијата пишува чувај се од слаткоречивиот (лукавиот)
Тачи според тебе е слаткоречив?:pos2:Леле...Дали е потребно да ти цитирам некој негови изјави? Еве ти една....„...Ерван Фуере да си ја гледа својата работа за која е дојден, а не да се крие во кукавички гнезда....“ и на Чуму, обраќајќи и се на Теута Арифи во цела емисија „Вие и другарчињата од сдс...“ 50пати тоа го рече...Поарно гледајте ја цела емисија пак (ако ја има на нет), а второ Тачи е политичар скоро единствен во Македонија со поговорката “Што на УМ то на ДРУМ!“ без влакна на јазик...Не како сите други, дипломатски изјави, тој нема кај него ни пет ни шест, си го кажува тоа секаде исто..И пред камери и зад нив...А не како 99,9% од нашиве политичари....
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Тачи според тебе е слаткоречив?:pos2:Леле...Дали е потребно да ти цитирам некој негови изјави? Еве ти една....„...Ерван Фуере да си ја гледа својата работа за која е дојден, а не да се крие во кукавички гнезда....“ и на Чуму, обраќајќи и се на Теута Арифи во цела емисија „Вие и другарчињата од сдс...“ 50пати тоа го рече...Поарно гледајте ја цела емисија пак (ако ја има на нет), а второ Тачи е политичар скоро единствен во Македонија со поговорката “Што на УМ то на ДРУМ!“ без влакна на јазик...Не како сите други, дипломатски изјави, тој нема кај него ни пет ни шест, си го кажува тоа секаде исто..И пред камери и зад нив...А не како 99,9% од нашиве политичари....
мислев на она што го зборуваше а што сака да го чуен Ник-малоумниот, на пример четници, кукарди и еден куп глупости

badluckguy напиша:
A бе нели комунистите не веруваа во бог?(Библија)....
епа гледаш дека лошо мислиш
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
мислев на она што го зборуваше а што сака да го чуен Ник-малоумниот, на пример четници, кукарди и еден куп глупости
Знаеш што?Тој барем тоа му го мисли и му го вели во очи..Значи е многу е храбар и пред се ЧЕСЕН..Му кажува тоа што го мисли ЈАВНО и пред сите...За другиве, очи си вадат(зад кулисите), а јавно многу слаткоречиви...Одамна викам, да имаше македонски политичар како Тачи, досега ќе беше друга песна...
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Знаеш што?Тој барем тоа му го мисли и му го вели во очи..Значи е многу е храбар и пред се ЧЕСЕН..Му кажува тоа што го мисли ЈАВНО и пред сите...За другиве, очи си вадат(зад кулисите), а јавно многу слаткоречиви...Одамна викам, да имаше македонски политичар како Тачи, досега ќе беше друга песна...
Еве ќе ти дадам пример за еден македонски политичар што знае да биде остар на јазик и чии изјави се памтат: "Не секое племе може да има држава." :)
 
N

n/a

Гостин
Treba da vi bidat jasni dve raboti.

Ako Nikola Gruevski se soglasi za bilo kakva cel,ili pak podlegne na bilo kakva ucena i reshi deka ke menjava ime...vo najdobar slucaj negovite (citaj VMROVCITE) ke go izbrkaat na kloci do doma,a vo najlosh slucaj ke dobie klasicen puch.

Ako Gruevski reshi toa stokata komunjarska da ja unesuva u nekakva shiroka vlada ke izgubi OGROMEN del od clenstvoto i ke zavrshi kako Ljubche.

Pa on neka misli. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom