- Член од
- 27 ноември 2005
- Мислења
- 648
- Поени од реакции
- 7
Учеството на ДПА во Владата е веќе завршено, изјави денеска лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи, по средбата со американскиот амбасадор Џилијан Миловановиќ.
Тачи додаде дека вечерва ќе излезе со предлог за напуштање на власта пред централното претседателство на партијата, со очекување дека претседателството тоа ќе го прифати.
„Во прашање се часови, а не денови кога ДПА ќе ја напушти власта“, изјави попладнево Тачи.
Како главна причина за ваквиот чекор тој ги наведе шесте барања доставени до премиерот Никола Груевски, кои не ги прифатил. Лидерот на ДПА додаде дека има и други причини поради кои се решил на ваков чекор.
„Се забележува една несериозност во функционирањето на државните институции во овие многу важни и историски моменти за Република Македонија. Не би сакал мојата партија да биде дел од една таква несериозност“, рече Тачи.
Одговарајќи на новинарско прашање дали сега е тајмингот за ваква одлука, Тачи рече дека во овој „момент само го вклучува црвениот семафор за да не дојде до сообраќајка“.
Тој нагласи дека партијата нема да влегува во некои други води, екстремни и радикални.
Во врска со спорот со името, Тачи рече дека македонските власти треба повеќе да го слушаат зборот на САД и Европската унија.
По средбата со американскиот амбасадор во Македонија Џилијан Миловановиќ, Тачи денеска ќе се сретне и со евроамбасадорот Ерван Фуере.
otvoram nova tema bidejki drugiot topik izleze od kolosek,tamu pocna za konobarki da se pisuva..