Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Го сефтосав денес... отворена е сезоната значи :) На кеј малце... ама слабо,ветерот не беше добар :)
 
Купувам диск 203 мм со адаптер, ако некој продава или знае некој кој продава нека пише
203mm_saw.jpg
 
Според вас која марка е подобра и поиздржлива : Capriolo или Clermont ???
И двете се за во канта.Земи си алпина.АКо ништо друго барем убав лик имаат а и се поевтини од овие што ги збориш
 
И така се затопли време е да го извадиме 10 годишниот џвер и да го направиме во топ форма.... малце да го зачистиме и лагерите да се сменат и спремен е !
 
Да не има некој заден бандаж,а да не му треба??? :) :)
 
Од прилика колку се движат цените на просечен велосипед во земјава?
 
Купувам диск 203 мм со адаптер, ако некој продава или знае некој кој продава нека пише
203mm_saw.jpg

Јас имам 203 и 185 исти како на сликава само титаниумски
3202305549_d8c9e22614.jpg
возени се 2 дена ги продавам само у комплет двата 70евра
 
Од прилика колку се движат цените на просечен велосипед во земјава?

асални има од 6.000 до 12.000 ... Кинеските се околу 4-6.000 , а грчките ( Clermont ) и српските ( Capriolo ) се од 8-11.000
 
Имаш и мерида, драг, трек, оскар од 15к па нагоре :)
 
Јас имам 203 и 185 исти како на сликава само титаниумски
3202305549_d8c9e22614.jpg
возени се 2 дена ги продавам само у комплет двата 70евра

Ми треба само преден со адаптер (задната осовина не ми е за диск) И немора да е титаниумски ако знаеш некој уште дека продава пиши тука. давам до 1500 ден за обичен половен диск

--- надополнето ---

и мене ми дојде редот да прашам....случајно да не ви се наоѓа некој размонтиран точак,зашто ми треба еден специфичен дел...поточно се рбаоти за пластиката на предната ѕвезда,што ја штити ногата од ланецот..барав насекаде воСкопјево,ама ниеден салон не држи такви делови,па дури ни оние што се вика попознатите...ако му се наоѓа на некој или знае кај има,нека ми пише...иначе ми треба со 4 дупчиња што е...фала однапред
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom