Атеизам - дефиниција

Г

Господ

Гостин
Спритуално не може ништо да се дефинира, уште помалку да се докаже нешто.
А ако тргнеме кон фактот дека концептот на реинкарнација се поистоветува со законите на термодинамиката?
Не концептот на реинкарнација не се базира на души туку на менување на формата на чиста енергија.

Изгледа не ти е јасно што е атест. Некој што “минал низ сите стази“ не постои. А подалеку од што можам да замислам? хм.... Дали ти можеш да замислиш до каде некој друг може да стаса.
Јас знам до каде јас сум стасал со колкав труд и ти велам дека секој може да стаса до некое духовно ниво кога самиот ќе заклучи кој пат одбрал да го следи,се разбира за секого е различно.

Оној кој што мисли дека СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни .... гадно се зезнал.
Ама.....
Оној кој што мисли дека СЕ во универзумот може спиритуално да се објасни .... уште погадно се зезнал.
Јас тврдам дека еден ден,дали за милион години,дали помалку дали повеќе секој природен феномен ќе може научно да се објасни,ако ние не можеме да си го објасниме тахионот и дали принципот на кој егзистира можеме да го искористиме при интергалактичко патување не значи дека некоја друга цивилизација не може и не значи дека еден ден нема да можеме ни ние.

Ти виде дека јас некаде пропагирам Zeitgeist?
Ти си поминал повеќе религии, не патеки, ама и тие си ги поминал онака бегло, сиромашно и чисто информативно, а тоа е во суштина истата таа, една патека во повеќе варијанти. Како Сизиф исто, само што на секое туркање на каменот нагоре, си го поместувал каменот за 1 центиметар налево (или надесно, сеедно).
Што ти значи,сиромашно,информативно?
За мене гледање 2-3 документарци и изигравање теолог е сиромашно и информативно.
Не велам дека ти спомна Zeitgeist ама пола и повеќе од атеистичката "гарда" овде се крсти пред Zeitgeist.
Сакаш да кажеш дека сум прочитал некоја сликовница каде е накратко опишана цела една религија?
Ако таков впечаток оставам,ок,очигледно сум зезнат.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
А според мене, БигФут постои и тој ќе биде новиот владетел на Таџикистан. Ама тоа според мене.

Атеизам можеш да си го сфаќаш ти како сакаш, општество ќе те етикетира и ослови со име коешто тоа го одредува. Ако така размислуваш, ти не си атеист. Атеистот отфрла дека Бог не постои, ама тоа не ги прави просветелни, ги прави исто така верници, бидејќи исто како и теистите, кои имаат верба ама немаат докази, така и атеистите имаат верување дека Бог не постои, ама немаат докази.
Види, атеистите нема што да докажуваат дека Бог не постои, тие што треба нешто да докажуваат се креационистите, истите кои ни на самите себеси не можат да си дефинираат кој е нивниот Господ, со каква сила и моќ располага, како успеал да го направи тоа што му се припишува, а уште помалку тие креационисти можат на мене и на моите деца да им кажуваат како настанал универзумот.

Немањето на докази за постоењето на Господ е цврст, сигурен доказ за неговото непостоење.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Што ти значи,сиромашно,информативно?
За мене гледање 2-3 документарци и изигравање теолог е сиромашно и информативно.
Не велам дека ти спомна Zeitgeist ама пола и повеќе од атеистичката "гарда" овде се крсти пред Zeitgeist.
Сигурно си приметил какви се не верници има, (не мислам на различитост на религиите бидејќи и нема и нема некоја суштинска разлика), туку од степенот на верување и како ја поимаат креацијата. А има и такви кои само декларативно се изјаснуваат како такви, а појма немаат за верата.

Во иста смисла има и различни атеисти, за жал има дури и такви декларативни, кои го напуштиле концептот на бог, но заглавиле во некоја научна вера (биг бенг, Дарвин, Холограмска парадигма или некоја друга.)
Не изнесувај невистини за Zeitgeist, ако некој и го спомнал (повеќето и не го спомнуваат), била само како критика, не како аргумент. А и не гледам дека во тоа филмче има поинакви заклучоци од тоа што и ти и повеќето сме го сватиле And he loves You, but he loves your money too.

Но најинтересни се овие кои тераат некоја најнова мода и припаѓаат на гардата “јас не сум ни едно ни друго“ а всушност се “и едно и друго“. Би им препорачал на таквите да бидат внимателни да не добијат воспаление на јазикот или да не дехидрираат од претераното плукање, или да не добијат запек.

А ако тргнеме кон фактот дека концептот на реинкарнација се поистоветува со законите на термодинамиката?
Не концептот на реинкарнација не се базира на души туку на менување на формата на чиста енергија.
Реинкарнација, спиритуалност, енергија? Ставаш равенство меѓу овие 3??
Твојата гарда “јас не сум ни едно ни друго“ така размислува?
Јас знам до каде јас сум стасал со колкав труд и ти велам дека секој може да стаса до некое духовно ниво кога самиот ќе заклучи кој пат одбрал да го следи,се разбира за секого е различно.
Не сакам да се повторувам, што сум пишал претходно. Но прочитај си што ТИ си напишал. Си даде екслузивно право дека ти и твојата гарда, оние модерните денес, таканаречени “јас не сум ни едно ни друго“ можете да изодите повеќе патишта.
Јас тврдам дека еден ден,дали за милион години,дали помалку дали повеќе секој природен феномен ќе може научно да се објасни,ако ние не можеме да си го објасниме тахионот и дали принципот на кој егзистира можеме да го искористиме при интергалактичко патување не значи дека некоја друга цивилизација не може и не значи дека еден ден нема да можеме ни ние.
Јас тврдам дека таков ден нема никогаш да дојде, ни за милион, ни за зилион ни за квадрилион години. Зошто?
Затоа што секогаш ќе постојат уште повеќе и повеќе работи кои треба да се откриваат, кои ќе бидат мистерија. Валда не мислиш дека интергалактичките патувања се краен дострел на човековото битисување?

Сакаш да кажеш дека сум прочитал некоја сликовница каде е накратко опишана цела една религија?
Ако таков впечаток оставам,ок,очигледно сум зезнат.
Колку и што си прочитал, ти си знаеш, но биди искрен, дека повеќе религии си проучил? I don't thik so....
Колку за потсетување и колку да религии да си проучил, сепак тоа е истата патека офарбана во различни бои.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Добро, што е ова? Зошто некој мора да биде или атеист или некаков си верник? Не е све црно и бело, има милион нијанси на сиво измеѓу.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Добро, што е ова? Зошто некој мора да биде или атеист или некаков си верник? Не е све црно и бело, има милион нијанси на сиво измеѓу.
Сивото се добива со мешање на црна и бела. Дали ќе преовладува црно или бело ќе имаме и различни нијанси, нели?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Сивото се добива со мешање на црна и бела. Дали ќе преовладува црно или бело ќе имаме и различни нијанси, нели?
Да, и? Тоа не ги прави еквивалентно исти. И сите религии и верувања не се исти патеки. Тоа се различни патеки до иста цел. Не е исто.

Ти кога збориш за верници, кои групи ги уклучуваш? Кога збориш за нити ваму ни таму кампови - кои грпи на луѓе таму ги ставаш?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да, и? Тоа не ги прави еквивалентно исти. И сите религии и верувања не се исти патеки. Тоа се различни патеки до иста цел. Не е исто.

Ти кога збориш за верници, кои групи ги уклучуваш? Кога збориш за нити ваму ни таму кампови - кои грпи на луѓе таму ги ставаш?
Секако дека не сме сите исти, не ни можеме да сме исти, а и катастрофа би било да сме исти. Кога велам исти патеки, значи во множина. Не истата таа една патека, туку исти и да со истата цел.
Тоа баш и јас реков нема „ни ваму ни таму“, тоа самите така љубат да се нарекуваат. Јас реков „и ваму и таму“. И не ги ставам јас, сами се ставаат во таа група „ни ваму ни таму“
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Секако дека не сме сите исти, не ни можеме да сме исти, а и катастрофа би било да сме исти. Кога велам исти патеки, значи во множина. Не истата таа една патека, туку исти и да со истата цел.
Тоа баш и јас реков нема „ни ваму ни таму“, тоа самите така љубат да се нарекуваат. Јас реков „и ваму и таму“.
Тие патеки се различни, некои и тоа многу. Некои ти забрануваат да размишљаш сам за себе, а некои те охрабруваат да го правиш истото итн итн да не должам многу.

Мислиш на - и атеист и верник? Се чудам каква комбинација на размислување е тоа. Али, ако под тоа се подразбира една особа да верува во еволуција и пак да има мислење дека има некоја Виша Сила - ја не гледам како е тоа невозможно
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Атеист и теист се на различни страни на иста паричка.
Верникот колку пути се посомневал у својата вера.
Неверникот колку пути у својата невера.
Ама штом таа дихотомија се направи има борба, а како у борба сам со себе
може да има победник ?
Ова е џабе трошење на енергија.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тие патеки се различни, некои и тоа многу. Некои ти забрануваат да размишљаш сам за себе, а некои те охрабруваат да го правиш истото итн итн да не должам многу.

Мислиш на - и атеист и верник? Се чудам каква комбинација на размислување е тоа. Али, ако под тоа се подразбира една особа да верува во еволуција и пак да има мислење дека има некоја Виша Сила - ја не гледам како е тоа невозможно
Ете затоа не разбираш
Атеизам = Еволуција???? не е точно
Атеизам=Биг бенг???? пак не е точно
Атеизам=Дарвин???? уште понеточно
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.987
Поени од реакции
12.624
Атеист дефиниција:

Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ете затоа не разбираш
Атеизам = Еволуција???? не е точно
Атеизам=Биг бенг???? пак не е точно
Атеизам=Дарвин???? уште понеточно
E aj кажи што е атеизам.
хахах почнав да не те разбирам, што значи може си у права ннасока.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ете затоа не разбираш
Атеизам = Еволуција???? не е точно
Атеизам=Биг бенг???? пак не е точно
Атеизам=Дарвин???? уште понеточно
E aj кажи што е атеизам.
хахах почнав да не те разбирам, што значи може си у права ннасока.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеист и теист се на различни страни на иста паричка.
Кога веќе љубиш да пишуваш компарации, и тоа туѓи не свои, докомплетирај ја со свое мислење.

Да потполно се сложувам дека се различни страни на паричката. И бидејќи се на различните страни, тие никогаш нема да се видат една со друга. Но гарадата самонаречени „ни ваму ни таму“ стои на онаа тенката линија што ги спојува двете страни, така да едното око им гледа на едната, другото на другата страна од паричката.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ете затоа не разбираш
Атеизам = Еволуција???? не е точно
Атеизам=Биг бенг???? пак не е точно
Атеизам=Дарвин???? уште понеточно
Затоа те прашувам.

Атеист е човек што вели дека Бог нема, не постои.

Ако Атеизам = Еволуција не е исто, тогаш што?

Ако Атеизам = Биг Бенг не е точно, тогаш што тој атеист мисли, како постанал светот?

Ако Атеизам = Дарвин не е точно, тогаш објасни.

Објасни ги ставовите на еден атеист во врска со ова што го напиша.

Според мои сфаќања, атеист е особа што се конформира според научни истражувања и докази. Дали и квантната физика е уклучена?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom