Атеизам - дефиниција

Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Чекај, Боб Марли прилично вистински е. Само умре чоекот. Јебига, се дешава.

Иначе, ти имаат логика муабетите, само што, според мене погрешно е стојалиштето на атеистите од едноставна причина што никој никогаш (најверојатно) нема да знае кој, како и кога точно го направил универзумот и никој никогаш нема да знае било што повеќе од нашите мали, неважни и патетични мисли за кои сметаме дека се нешто големо и битно.

Атеист е исто што и теист. Мислам, иста вредност има. За мене, стока, ништо повеќе. Помина времето кога атеистите беа просветлени, таа мода... беше само мода.
Аха, и само затоа што можеби никогаш нема да го добиеме точниот одговор за настанувањето на универзумот ние треба да веруваме во наметнати бајки, то ест религии?
Според мене, атеизмот, пред се, е отфрлање на религиозните догми и отварање на разумот кон други порационални можности. Не постои определена теорија кон која атеизмот е врзан, да си атеист не мора да значи дека си сигурен во валидноста на Биг Бенгот, еволуцијата или природната селекција.
Со самото отфрлање на религиозните догми и сите догми базирани единствено на слепа верба, ти си атеист.

Во тој аспект, да, атеистите се просветлени луѓе. Грешно е атеистите тесно да се врзуваат кон одредена теорија, тоа го сакаат религиозните пропагатори, какви што ги имаме на форумов.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Да, сега има друга мода “јас не сум ни едно ни друго“ тоа ептен е во мода. Изгледа кај девојкиве денес пали, а? Или те прави голем шизик у маало?
Такви глумци имам видено, сори брат ама за мене тие и до стока не стасале.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Чекај, Боб Марли прилично вистински е. Само умре чоекот. Јебига, се дешава.
Ако си растафари, значи :)

Иначе, ти имаат логика муабетите, само што, според мене погрешно е стојалиштето на атеистите од едноставна причина што никој никогаш (најверојатно) нема да знае кој, како и кога точно го направил универзумот и никој никогаш нема да знае било што повеќе од нашите мали, неважни и патетични мисли за кои сметаме дека се нешто големо и битно.

Атеист е исто што и теист. Мислам, иста вредност има. За мене, стока, ништо повеќе. Помина времето кога атеистите беа просветлени, таа мода... беше само мода.
Ова е типична црковна дефиниција за тоа што е атеист. Атеистот знае дека е мало, неважечко и троа патетично зрно прашина во универзумот и нема догматски став за прашања поврзани со настанок на универзум, настанок на живот, како паѓа дождот и сл. Нема чувство дека е на планетава Земја со одредена причина и цел определена и водена од некое божествено суштество.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Ехееее предефиниција на зборот атеист.
Фрлете си ги речниците луге.
Атеист сега се дефинира како агностик.
ццццццц абе не ли гледате очигледна потреба од тоа да се декларирате.
Па ослободете се од прангите, ако сте поштени како што глумите
кажете дека сте згрешиле. Ако не пред другите барем пред себе.
Атеист е дефиниран како човек што не верува у Бог, барем до пред некое време.

--- надополнето ---

Не лупај зелени.

Види го начинот на кој што одговараш на прашања а потоа начинот на кој бараш да ти биде одговорено. Еден пост немаш кој што не ти е контрадикторен. На толку едноставно прашање трербаше да одговориш ДА или НЕ. Какви не финти, па можно е само филџанот а не и кафе, па можда па и да и не, па мала веројатност... па уште што ти не.
Не се води од твојето декларативно убедување дека си скептик (во што можеш некого друг да убедуваш) па и на очигледното да си скептик. Ослободи си го умот од твоите догми во кои си навлегол и размислувај малку со своја глава без никакво влијание. Што е толку страшно да кажеш „Ако стварно мислиш така тогаш си глуп“, видовме дека тоа го можеш по некои прашања кои се помалку глупави.
А што очекуваше да ти одговорам.
За мене верувам не постои како збор, не си правам поделба таква
у мозокот......Без кафе заради вандервалсовите сили.
Какви догми хахах слободен сум како никогаш.

А на прашањето за Бог зошто да верувам или не кога знам.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Незнам зошто сакаш да се вртиме во круг. Веќе ти го одговорив тоа прашање.

Според дефиницијата:
atheist (атеист) - Не постојат божества. Затоа не припаѓам на ниедна религија.

Што ја вклучува и еднината божество и поединечната номенклатура, Бог, Господ, Алах, Кришна, Зороастер, Летачкото Шпагети Чудовиште, Боб Марли и останатите.
Дали си атеист ако веруваш во секуларните догми,бајки и прикаски на пример?
На пример ако веруваш во ентитети како држава,нација и слично...
А и хартијата со потпис на гувернерот е ствар на слепа вера, сама по себе има вредност на тоалетна хартија...

Системот се крепи на готови модели на верување, никој не сака да знае бидејќи ако сака да биде прифатен од системот некои прашања се нели...подобро да не се поставуваат...хахах
 
Г

Господ

Гостин
Да, сега има друга мода “јас не сум ни едно ни друго“ тоа ептен е во мода. Изгледа кај девојкиве денес пали, а? Или те прави голем шизик у маало?
Такви глумци имам видено, сори брат ама за мене тие и до стока не стасале.
Не туку тие се оние што минале низ сите други стази и стасале многу подалеку отколку што можеш да замислиш.
СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни но не значи дека не може и спиритуално.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ехееее предефиниција на зборот атеист.
Фрлете си ги речниците луге.
Атеист сега се дефинира како агностик. (1
ццццццц абе не ли гледате очигледна потреба од тоа да се декларирате.
Па ослободете се од прангите, ако сте поштени како што глумите
кажете дека сте згрешиле. Ако не пред другите барем пред себе.
Атеист е дефиниран како човек што не верува у Бог, барем до пред некое време.

А што очекуваше да ти одговорам.
За мене верувам не постои како збор, не си правам поделба таква (2
у мозокот......Без кафе заради вандервалсовите сили.
Какви догми хахах слободен сум како никогаш.

А на прашањето за Бог зошто да верувам или не кога знам.(3
1) Бидејќи се изјасни како агностик значи според твојата дефиниција (не и мојата) и ти си атеист??? Ти си пријателе верник до коска вечно окован во твоите пранги.

2) Брилијантно, зборот верувам го замени со се сомневам, и се ослободи од догмите. Фантастично решение нема што. Слободен си ти ко лав во зоо.

3) Контрадикторен како и секогаш, ако си агностик (а не си, испадна дека залудно се надевав дека од тебе може да настане човек, ти си сеуште верник) што тоа знаеш? Бог постои или не постои?

--- надополнето ---

Не туку тие се оние што минале низ сите други стази и стасале многу подалеку отколку што можеш да замислиш.
СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни но не значи дека не може и спиритуално.
Напротив пријателе, тоа се оние кои глумат лудило, кои се шизици у маало. Поголема хипокризија немам видено.
 
Г

Господ

Гостин
Напротив пријателе, тоа се оние кои глумат лудило, кои се шизици у маало. Поголема хипокризија немам видено.
Еве јас ти велам дека сум минал низ многу такви стази на духовен развој и сум донел заклучок дека модерниве религии се копипаста од Сумерската и дека немаат ни 10% од одговорите кои сум ги барал а исто и науката,едноставно,нема одговори,а барам со години да не излезе дека сум ја прочитал вчера Библијата и ајде ќе барам печатни грешки и ќе пропагирам Zeitgeist.
 
Да не се вртиме у круг и да водиме напразно муабет, го доби мојот одговор што ти реков дека
ќе ти го дадам. Така да квалификации нема потреба мислам да се даваат. Ако ја незнам дали верувам или не ти сигурно не знаеш подобро од мене.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не туку тие се оние што минале низ сите други стази и стасале многу подалеку отколку што можеш да замислиш.
СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни но не значи дека не може и спиритуално.
Изгледа не ти е јасно што е атест. Некој што “минал низ сите стази“ не постои. А подалеку од што можам да замислам? хм.... Дали ти можеш да замислиш до каде некој друг може да стаса.

Оној кој што мисли дека СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни .... гадно се зезнал.
Ама.....
Оној кој што мисли дека СЕ во универзумот може спиритуално да се објасни .... уште погадно се зезнал.

--- надополнето ---

Еве јас ти велам дека сум минал низ многу такви стази на духовен развој и сум донел заклучок дека модерниве религии се копипаста од Сумерската и дека немаат ни 10% од одговорите кои сум ги барал а исто и науката,едноставно,нема одговори,а барам со години да не излезе дека сум ја прочитал вчера Библијата и ајде ќе барам печатни грешки и ќе пропагирам Zeitgeist.
Ти виде дека јас некаде пропагирам Zeitgeist?
Ти си поминал повеќе религии, не патеки, ама и тие си ги поминал онака бегло, сиромашно и чисто информативно, а тоа е во суштина истата таа, една патека во повеќе варијанти. Како Сизиф исто, само што на секое туркање на каменот нагоре, си го поместувал каменот за 1 центиметар налево (или надесно, сеедно).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не туку тие се оние што минале низ сите други стази и стасале многу подалеку отколку што можеш да замислиш.
СЕ во универзумот може научно и логично да се објасни но не значи дека не може и спиритуално.
Спритуално не може ништо да се дефинира, уште помалку да се докаже нешто.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Аха, и само затоа што можеби никогаш нема да го добиеме точниот одговор за настанувањето на универзумот ние треба да веруваме во наметнати бајки, то ест религии?
Според мене, атеизмот, пред се, е отфрлање на религиозните догми и отварање на разумот кон други порационални можности. Не постои определена теорија кон која атеизмот е врзан, да си атеист не мора да значи дека си сигурен во валидноста на Биг Бенгот, еволуцијата или природната селекција.
Со самото отфрлање на религиозните догми и сите догми базирани единствено на слепа верба, ти си атеист.

Во тој аспект, да, атеистите се просветлени луѓе. Грешно е атеистите тесно да се врзуваат кон одредена теорија, тоа го сакаат религиозните пропагатори, какви што ги имаме на форумов.
А според мене, БигФут постои и тој ќе биде новиот владетел на Таџикистан. Ама тоа според мене.

Атеизам можеш да си го сфаќаш ти како сакаш, општество ќе те етикетира и ослови со име коешто тоа го одредува. Ако така размислуваш, ти не си атеист. Атеистот отфрла дека Бог не постои, ама тоа не ги прави просветелни, ги прави исто така верници, бидејќи исто како и теистите, кои имаат верба ама немаат докази, така и атеистите имаат верување дека Бог не постои, ама немаат докази.

Да, сега има друга мода “јас не сум ни едно ни друго“ тоа ептен е во мода. Изгледа кај девојкиве денес пали, а? Или те прави голем шизик у маало?
Такви глумци имам видено, сори брат ама за мене тие и до стока не стасале.
Искрено, пали кај девојките. Кај оние што се вернички, пали муабетот дека сакам деца, кај атеистките пали дека не сакам. :wink:

Иначе, фер ти е муабетот, тоа е новата мода точно, ама јас немам намера себе си да се бранам, туку, сметам дека е глупаво да заземам став за нешто за кое не сум сигурен. Ко да идам да гласам за ВМРО пошто ми е досадно или пошто СДС сум сигурен дека се дебили. Ама народски е да се одбере опција и покрај тоа шо не ти се свиѓа. Го разбирам тоа, само не го поддржувам.
Ако си растафари, значи :)

Ова е типична црковна дефиниција за тоа што е атеист. Атеистот знае дека е мало, неважечко и троа патетично зрно прашина во универзумот и нема догматски став за прашања поврзани со настанок на универзум, настанок на живот, како паѓа дождот и сл. Нема чувство дека е на планетава Земја со одредена причина и цел определена и водена од некое божествено суштество.
Тука грешиш. Не знае. Мисли дека е големо просветелно суштество кое ги разбира работите. Помина времето кога атеисти беа оние коишто размислуваа. Денес, атеист е човек кој е глупав ама е од другата страна на лулашката. Во таква една ситуација, кога масата којашто е глупава повеќе не е само масата верници, оние коишто се просветелни се претопени и неприметливи.

Исто е, како и со верниците кои се интелигентни и разумни. Е сега, ако ми кажеш дека такви нема, онда си на љуљашката. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеизам можеш да си го сфаќаш ти како сакаш, општество ќе те етикетира и ослови со име коешто тоа го одредува. Ако така размислуваш, ти не си атеист. Атеистот отфрла дека Бог не постои, ама тоа не ги прави просветелни, ги прави исто така верници, бидејќи исто како и теистите, кои имаат верба ама немаат докази, така и атеистите имаат верување дека Бог не постои, ама немаат докази.
На болдираното си многу во заблуда. Ако ја признаваш ваквата дефиниција, тогаш не си ништо друго него верник.

Иначе, фер ти е муабетот, тоа е новата мода точно, ама јас немам намера себе си да се бранам, туку, сметам дека е глупаво да заземам став за нешто за кое не сум сигурен. Ко да идам да гласам за ВМРО пошто ми е досадно или пошто СДС сум сигурен дека се дебили. Ама народски е да се одбере опција и покрај тоа шо не ти се свиѓа. Го разбирам тоа, само не го поддржувам.
Исто ко на фудбалска утакмица, не си сигурен дали зелените се подобри од жолтите, па ќе навиваш за црните (судиите). :pos2:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
На болдираното си многу во заблуда. Ако ја признаваш ваквата дефиниција, тогаш не си ништо друго него верник.

Исто ко на фудбалска утакмица, не си сигурен дали зелените се подобри од жолтите, па ќе навиваш за црните (судиите). :pos2:
Во заблудам сум? Па понуди ми доказ за тоа како настанал универзумот, доказ, вистински, кој ќе се базира на опипливи ствари. Не можеш не затоа што немаш, туку пред се затоа што не го разбираш значењето на зборот Бог, воопшто.

А за утакмицава... мислам примеров, понесмасен амин. Шо не ми дае пример, дали да јадам посна или мрсна сарма, ај јајца ќе јадам. :pos: Филозофијата и сфаќањето на Бог и на неговото евентуално постоење или непостоење, е нешто за кое може да се дискутира. На утакмица се оди да се навива за својот тим, или барем да се ужива во играта и да не се навива за никого, тоа е возможно.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во заблудам сум? Па понуди ми доказ за тоа како настанал универзумот, доказ, вистински, кој ќе се базира на опипливи ствари. Не можеш не затоа што немаш, туку пред се затоа што не го разбираш значењето на зборот Бог, воопшто.
Јок ти го разбираш. :pos2:
Ако нема доказ дека за постанокот тогаш решението е бог??? Контрадикторен си со претходно искажаното ти се ставаш во дуализмот.
А за утакмицава... мислам примеров, понесмасен амин. Шо не ми дае пример, дали да јадам посна или мрсна сарма, ај јајца ќе јадам. :pos: Филозофијата и сфаќањето на Бог и на неговото евентуално постоење или непостоење, е нешто за кое може да се дискутира. На утакмица се оди да се навива за својот тим, или барем да се ужива во играта и да не се навива за никого, тоа е возможно.
Твојот пак пример со ВМРО и СДСМ пак ептен ти беше „смасен“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom