Аха, и само затоа што можеби никогаш нема да го добиеме точниот одговор за настанувањето на универзумот ние треба да веруваме во наметнати бајки, то ест религии?
Според мене, атеизмот, пред се, е отфрлање на религиозните догми и отварање на разумот кон други порационални можности. Не постои определена теорија кон која атеизмот е врзан, да си атеист не мора да значи дека си сигурен во валидноста на Биг Бенгот, еволуцијата или природната селекција.
Со самото отфрлање на религиозните догми и сите догми базирани единствено на слепа верба, ти си атеист.
Во тој аспект, да, атеистите се просветлени луѓе. Грешно е атеистите тесно да се врзуваат кон одредена теорија, тоа го сакаат религиозните пропагатори, какви што ги имаме на форумов.
А според мене, БигФут постои и тој ќе биде новиот владетел на Таџикистан. Ама тоа според мене.
Атеизам можеш да си го сфаќаш ти како сакаш, општество ќе те етикетира и ослови со име коешто тоа го одредува. Ако така размислуваш, ти не си атеист. Атеистот отфрла дека Бог не постои, ама тоа не ги прави просветелни, ги прави исто така верници, бидејќи исто како и теистите, кои имаат верба ама немаат докази, така и атеистите имаат верување дека Бог не постои, ама немаат докази.
Да, сега има друга мода “јас не сум ни едно ни друго“ тоа ептен е во мода. Изгледа кај девојкиве денес пали, а? Или те прави голем шизик у маало?
Такви глумци имам видено, сори брат ама за мене тие и до стока не стасале.
Искрено, пали кај девојките. Кај оние што се вернички, пали муабетот дека сакам деца, кај атеистките пали дека не сакам. :wink:
Иначе, фер ти е муабетот, тоа е новата мода точно, ама јас немам намера себе си да се бранам, туку, сметам дека е глупаво да заземам став за нешто за кое не сум сигурен. Ко да идам да гласам за ВМРО пошто ми е досадно или пошто СДС сум сигурен дека се дебили. Ама народски е да се одбере опција и покрај тоа шо не ти се свиѓа. Го разбирам тоа, само не го поддржувам.
Ако си растафари, значи
Ова е типична црковна дефиниција за тоа што е атеист. Атеистот знае дека е мало, неважечко и троа патетично зрно прашина во универзумот и нема догматски став за прашања поврзани со настанок на универзум, настанок на живот, како паѓа дождот и сл. Нема чувство дека е на планетава Земја со одредена причина и цел определена и водена од некое божествено суштество.
Тука грешиш. Не знае. Мисли дека е големо просветелно суштество кое ги разбира работите. Помина времето кога атеисти беа оние коишто размислуваа. Денес, атеист е човек кој е глупав ама е од другата страна на лулашката. Во таква една ситуација, кога масата којашто е глупава повеќе не е само масата верници, оние коишто се просветелни се претопени и неприметливи.
Исто е, како и со верниците кои се интелигентни и разумни. Е сега, ако ми кажеш дека такви нема, онда си на љуљашката.