А која би била разликата помеѓу живото и мртвото тело ??
Разликата е тоа што низ живото тело срцето пумпа крв, белите дробови се снабдуваат со кислород...
--- надополнето ---
Друго ми беше поентата, но бидејќи ти не признаваш постоење на душата ок. За тоа дека душата не постои не коментирам ништо, јас само прашувам зошто човек кога е прмногу очаен, кога му е премногу тешко, кога е беспомошен, па макар да е и најголемиот атеист сепак бара помош од некаква виша сила, се кае за сите лоши дела кои што ги има направено. Зошто во тие моменти не истрае и не остане конзистентен на своите принципи? Зошто постои склоност кај човекот да се надева и да верува дури и кога е во најнезавидна ситуација, ситуација за која нема ни теоретски шанси за излез? Дали некој може научно да ми ја објасни оваа нерационалност и нелогичност?
Очајниот човек ретко кога е рационален, тој пред се е емотивен (односно делува емотивно) и бара помош од сите (за него) познати “донатори на помош“... било тие да се блиски луѓе, медицински лица, видовити луѓе или самиот бог и светците... меѓутоа како што кажав тоа е емотивна одлука. Рационалната одлука секогаш е правилната, и тоа е непобитен факт. (пример: наместо човек да оди во црква и да запали свеќа за здравје на некој болен близок/ или секоја вечер пред спиење да исчита еден “оченаш“- што претставува сврување кон виша сила, тој би постапил рационално кога би се информирал максимално за болеста, кога би се консултирал со доктори, би барал второ мислење за болеста, би побарал помош да се соберат средства за евентуален медицински зафат, би го продал автомобилот/златото/сликите, би нашол втора работа за дополнителен приход... и.т.н)
Каењето за лошите дела не е ексклузивно само за религиозните, и атеистите можат да се каат... но пред самите себе, жалејќи што во одредени ситуации донеле погрешни одлуки, и нормално за разлика од религиозните, атеистите не бараат простување од никого (поп, свештеник, бог) за своите грешки.
Најпосле, ако зборувам за мене... неможам да кажам дека сум се нашол пред некој ужасно тешки ситуации во мојот живот... но при сите “тешки“ моменти никогаш не сум го барал излезот во повисока сила (карма, божја казна, пекол или пак божја милост, рај или судбина) туку сум се трудел после кратката нервоза и хистерија- работите да ги согледам рационално и да го изберам најлесниот и најправилниот начин како да се справам со проблемот/ситуацијата. Не секогаш сум носел точни одлуки, но барем знам дека јас сум тој што сум згрешил или тој што направил правилна одлука... значи јас го превземам и анализирам ризикот на одлуката- но сам на себе си ги припишувам заслугите од исходот.
Научно неможе да се објасни ништо поврзано со убедувањата и верувањата на луѓето, посебно ако се тие религиски. Верувам дека има многу “атеисти“ што носат икончиња и крстиња во џеб за време на испит или интервју за работа, но верувам дека има и многу религиозни луѓе кои религијата ја прифаќаат традиционално но во суштина се потполни агностици. И се разбира никој неможе да предвити кој се може да западне во тешки ситуации за да може да му ја “стави на тест“ неговата верба или (не)верба во виша сила. Ако согледаме историски (од познати личности за кои постојат веродостојни податоци) со голема сигурност можам да те уверам дека сосема мал број “докажани“ атеисти се изјасниле како верници во текот на нивниот живот (иако за многу од нив самата црква пробала да ги “овековечи“ како верници постхумно).
На крајот едно е јасно: Вербата и религијата се ирационални убедувања, се додека човекот делува рационално- тие никогаш нема да му затребаат.