Атеизам - дефиниција

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Евреите биле први кои многуте богови ги редуцирале на ЕДЕН...атеистите отишле само еден чекор понатаму
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Лесно е да си атеист додека живееш, тешко е да бидеш атеист кога легнуваш на смртна постела.
Не е работата за лесно или тешко, туку за перцепирање на вистината.
Исто како што и најголемиот верник во некои моменти од својот живот има сомнеж, така и некои атеисти чувствуваат сомнеж во некјои моменти.
На смртната постела некои се покајуваат од страв, не од опаметување. А никогаш не смееме да делиме одлуки зачинети со страв.
Вистината ќе се дознае после смртта, не непосредно пред неа.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Баш на тоа целев, битно е дали атеистите тогаш ќе си останат доследни.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Исто ти се фаќа на смртна постела , дали си атеист или теист не е битно.
Ако не си го видел Бог све исто ти е , на крај се паѓа како кула од карти.
Ако се бара доказ за ова што го кажувам доказ сме самите ние .
Колку ли животи ни поминале и колку пути сме биле на смртна постела ,
од тоа искуство изгледа само стравот ни останал.
А најпарадоксално од се е колку и да го бараш Бог надвор од тебе нема никогаш да го најдеш ,
уствари се подалеку ке биде.

--- надополнето ---

Вистината ќе се дознае после смртта, не непосредно пред неа.
А како ке ја дознаеш , со кои очи ке гледаш?
 
С

Сатори

Гостин
Едноставно е и многу лесно да се даде дефиниција за атеизам, да се бара контрадикцијата на поимот или парадоксот кој што треба нешто да значи во очите на не/верниците, некое лажно чувство на надмоќ или супериорност во различноста која што наводно е модерна, дури ароганција од двете страни затоа што рационализмот ја победил човековата природа исто како што наводната понизност е добра карактеристика за верниците.

Атеизмот во неговата длабока суштина, барем кога јас гледам на него, е обид да се средат и скоцкаат работите кои што го составуваат животот на еден човек, да се поедностават за да може тој да си дозволи да живее со нив а сепак да остане во контрола на својот дух.А тоа веќе не е идеологијата на Волтер и свет кој што Бог го создал но го оставил да функционира сам за себе.

Морам да го цитирам Орхан Памук: „Затоа што сум осамен, не можам да верувам во Бог.А бидејќи не можам да верувам во Бог, не можам да избегам од самотијата.“
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Исто ти се фаќа на смртна постела , дали си атеист или теист не е битно.
Ако не си го видел Бог све исто ти е , на крај се паѓа како кула од карти.
Ако се бара доказ за ова што го кажувам доказ сме самите ние .
Колку ли животи ни поминале и колку пути сме биле на смртна постела ,
од тоа искуство изгледа само стравот ни останал.
А најпарадоксално од се е колку и да го бараш Бог надвор од тебе нема никогаш да го најдеш ,
уствари се подалеку ке биде.

--- надополнето ---

А како ке ја дознаеш , со кои очи ке гледаш?
Ти до сега колку пати отиде на смртна постела? Оние што доживеале клиничка смрт кажуваат други работи, барем биле свесни за тоа дека се мртви, и никој не рекол дека готово е се и дека не постои ништо потоа.
Тоа дали си го нашол Господ или не јас не знам, ама знам јас дека во многу моменти на очај и мака го имам најдено, а ниту го имам видено ниту контактирано лично и непосредно или посредно.
Зарем душа не постои? Душата не може ли да гледа и да чувствува?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

mislam deka on aludirase na reinkarnacija koga spomna za bezbroj zivoti I bezbroj pati na smrtna postela
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Па ок пошто дечкото е зависен од материјални докази, еве јас го прашав колку пати се реинкарнирал и како оди целиот процес
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Ти до сега колку пати отиде на смртна постела? Оние што доживеале клиничка смрт кажуваат други работи, барем биле свесни за тоа дека се мртви, и никој не рекол дека готово е се и дека не постои ништо потоа.
Тоа дали си го нашол Господ или не јас не знам, ама знам јас дека во многу моменти на очај и мака го имам најдено, а ниту го имам видено ниту контактирано лично и непосредно или посредно.
Зарем душа не постои? Душата не може ли да гледа и да чувствува?
Не постои, бидејќи и душата е религиски поим. Душата не може да се гледа и да се чувствува, исто како што не може да се гледа и чувствува ништо што е поврзано со религијата...
 
Dem

Член од
25 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2
А која би била разликата помеѓу живото и мртвото тело ??
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Кој е деница? Еден од верните ангели на Бога. Но гордоста завладеала со неговиот ум,и си рекол, јас сум исто што и Бог. Створен како добар ангел но подоцна отпаник,кој сакал да биде наместото од Севишниот. Деница се спремал насила да завладее со престлот Небесен. Тој завел многу од ангелите кои започнале војна против Бога. Тие ангели биле совладани и турнати во пеколот.​
Е сега,атеист е човек кој е создаден како добар, но подоцна под влијание на околностите станува атеист. Тој вели јас за себе сум бог исто како и паднатиот деница(сатана). Демоните го признаваат дека Бог постои. Читајте Свето писмо во Него се вели, дека Господ од Гадаринците изгонил мноштво нечестиви сили. А демоните кој го виделе рекле;И ете, извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?” Значи тие веруваат дека тој е Син Божји,а, луѓето отишле уште подалеку во своето неверување и од самиот деница(ѓаволот). Значи накратко:Атеист е борец против божјото постоење. За религиозните е срам неверството а за атеистот неверството е гордоста(а тоа е првиот грев,почеток за грешно живеење).
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Од една страна атеизмот има позитивна страна, не веруваат во некој си Мики маус таму горе, од друга страна знае да завлече кон затупавеност, не многу поинаква од верничката. Агностик е нешто поприфатливо, за да еден ден станете лајк Лук, гностик. Џас би кул.
B)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не постои, бидејќи и душата е религиски поим. Душата не може да се гледа и да се чувствува, исто како што не може да се гледа и чувствува ништо што е поврзано со религијата...
Друго ми беше поентата, но бидејќи ти не признаваш постоење на душата ок. За тоа дека душата не постои не коментирам ништо, јас само прашувам зошто човек кога е прмногу очаен, кога му е премногу тешко, кога е беспомошен, па макар да е и најголемиот атеист сепак бара помош од некаква виша сила, се кае за сите лоши дела кои што ги има направено. Зошто во тие моменти не истрае и не остане конзистентен на своите принципи? Зошто постои склоност кај човекот да се надева и да верува дури и кога е во најнезавидна ситуација, ситуација за која нема ни теоретски шанси за излез? Дали некој може научно да ми ја објасни оваа нерационалност и нелогичност?
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
А која би била разликата помеѓу живото и мртвото тело ??
Разликата е тоа што низ живото тело срцето пумпа крв, белите дробови се снабдуваат со кислород...

--- надополнето ---

Друго ми беше поентата, но бидејќи ти не признаваш постоење на душата ок. За тоа дека душата не постои не коментирам ништо, јас само прашувам зошто човек кога е прмногу очаен, кога му е премногу тешко, кога е беспомошен, па макар да е и најголемиот атеист сепак бара помош од некаква виша сила, се кае за сите лоши дела кои што ги има направено. Зошто во тие моменти не истрае и не остане конзистентен на своите принципи? Зошто постои склоност кај човекот да се надева и да верува дури и кога е во најнезавидна ситуација, ситуација за која нема ни теоретски шанси за излез? Дали некој може научно да ми ја објасни оваа нерационалност и нелогичност?
Очајниот човек ретко кога е рационален, тој пред се е емотивен (односно делува емотивно) и бара помош од сите (за него) познати “донатори на помош“... било тие да се блиски луѓе, медицински лица, видовити луѓе или самиот бог и светците... меѓутоа како што кажав тоа е емотивна одлука. Рационалната одлука секогаш е правилната, и тоа е непобитен факт. (пример: наместо човек да оди во црква и да запали свеќа за здравје на некој болен близок/ или секоја вечер пред спиење да исчита еден “оченаш“- што претставува сврување кон виша сила, тој би постапил рационално кога би се информирал максимално за болеста, кога би се консултирал со доктори, би барал второ мислење за болеста, би побарал помош да се соберат средства за евентуален медицински зафат, би го продал автомобилот/златото/сликите, би нашол втора работа за дополнителен приход... и.т.н)
Каењето за лошите дела не е ексклузивно само за религиозните, и атеистите можат да се каат... но пред самите себе, жалејќи што во одредени ситуации донеле погрешни одлуки, и нормално за разлика од религиозните, атеистите не бараат простување од никого (поп, свештеник, бог) за своите грешки.
Најпосле, ако зборувам за мене... неможам да кажам дека сум се нашол пред некој ужасно тешки ситуации во мојот живот... но при сите “тешки“ моменти никогаш не сум го барал излезот во повисока сила (карма, божја казна, пекол или пак божја милост, рај или судбина) туку сум се трудел после кратката нервоза и хистерија- работите да ги согледам рационално и да го изберам најлесниот и најправилниот начин како да се справам со проблемот/ситуацијата. Не секогаш сум носел точни одлуки, но барем знам дека јас сум тој што сум згрешил или тој што направил правилна одлука... значи јас го превземам и анализирам ризикот на одлуката- но сам на себе си ги припишувам заслугите од исходот.
Научно неможе да се објасни ништо поврзано со убедувањата и верувањата на луѓето, посебно ако се тие религиски. Верувам дека има многу “атеисти“ што носат икончиња и крстиња во џеб за време на испит или интервју за работа, но верувам дека има и многу религиозни луѓе кои религијата ја прифаќаат традиционално но во суштина се потполни агностици. И се разбира никој неможе да предвити кој се може да западне во тешки ситуации за да може да му ја “стави на тест“ неговата верба или (не)верба во виша сила. Ако согледаме историски (од познати личности за кои постојат веродостојни податоци) со голема сигурност можам да те уверам дека сосема мал број “докажани“ атеисти се изјасниле како верници во текот на нивниот живот (иако за многу од нив самата црква пробала да ги “овековечи“ како верници постхумно).
На крајот едно е јасно: Вербата и религијата се ирационални убедувања, се додека човекот делува рационално- тие никогаш нема да му затребаат.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Верата се јавува природно од надежта- и најрационалниот човек се надева
неговата надеж во однос на фактите е вид религиозност.
Атеизмот само укажува на контрадикцијата меѓу еден бог општо и повеќето богови во мноштвото религии.
Верниците се неверници во очите на верниците од друга религија.
Второ, има морални атеисти и неморални верници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom