Библиски Пророштва

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библиските Пророштва


Библијата е уникат меѓу "светите книги" и по тоа што, додека во Кyранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е запишано во Библијата.
Имено ако она што Бог ни го ветил завчера се исполнило вчера, и ако она што ни го ветил вчера се случува денес, ни можеме со полна доверба да Му веруваме дека Он истото ќе го направи и за утре.

Јас ќе наведам само неколку пророштва, а верувам дека и вие ќе се вклучите со по некое пророштво.
Еве само неколку примери:

Детали за Христос 800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги (Исаија, Михеј, Псалми, Еремија, Езекил, Даниел и др.) се претскажани многу детали за Христос, вклучувајќи ги:
  • Местото на неговото раѓање
    [*]Раѓањето од девица
    [*]Предавството од негов ближен
    [*]Предаден за 30 сребреници
    [*]Распнувањето меѓу злосторници
    [*]Погребувањето меѓу богатите
    [*]Фрлањето жрепка за Неговата облека
    [*]Неговото воскресение
    [*]Времето на Неговото триумфално влегување во Ерусалим
    [*]Неговото бегство во Египет

Итн итн, оставам на вас да ги најдете соодветните пророштва за Исус во Стариот Завет и да ги постирате на темава.


Пророштво: Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи (Книга на пророкот Еремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)

Историја:
-се случи многу одамна (при разурнувањето на Ерусалим 70 год.) и сеуште е присутно.


Пророштво: Повторното враќање на Евреите во нивната земја(Еремија 30:3 и други цитати)

Историја:
-се случи во 1948г. кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.


Пророштво: Губењето на Ерусалим и повторното заземање (Ев. Лука 21:24; Исаија 44:26-28 и др.

Разурнувањето беше претскажано и од многу други библиски пророци, дури и од Исус:

"Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни и ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен! "
(Лука 19:42-44)


Историја:
-разурнувањето на Ерусалим се исполни во 70 г.
-повторното заземање се исполни во 1973 г.


Пророштво: Паѓањето на градот Вавилон.

Исаија неколку века пред да се случи напишал:
"Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род"
(Исаија 13:19-20 и глава 47)


Историја:
Со векови подоцна откако Библијата го прорекла тоа, Моќниот Вавилон станал пуста урнатина и таков останал до денешен ден.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Пророштво: Паѓањето на градот Тир

Многу одамна пред да се случи, Бог прорекол бурна иднина за градт Тир. Тој рекол:
"Еве ме Тире, против тебе, ќе подигнам против тебе силни народи,
...ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите неговите стражарнии."
Исто така, претскажан е дека самото место на кое овој славен град бил изграден, ќе биде расчистено до гол камен. Дури и повеќе од тоа, проречено е дека тие...
"...Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!"
Но неверојатните детали на овие пророштва не завршуваат со тоа. Бог рекол за древниот Тир:
"...ќе станеш сушилница за мрежи "
(Езекиел 26:3,4,12,14)

Историја:
Кога ќе ги прочиташ историските записи, ќе се потврди дека кога Навуходоносор го уништил стариот (копнен) град Тир, тој навистина ги урнал ѕидините и стражарниците како што било проречено: "...ќе ги разурнам тирските ѕидови, и ќе ги разурнат сите неговите стражарнии." А подоцна конструкторите на Александар Македонски го расчистиле древниот град Тир и го оставиле налик на гола карпа.
Но древниот град Тир се протегал и со еден мал дел (остров) и на морето. Бидејќи е тешко да се војува од море на копно, Александар решил да направи насип до морето. Така тој ги искористил рушевините од копнениот дел на градот Тир и со помош на нив направил насип до островот, со што потоа лесно го освоил.Тоа било точно според пророштвото: "...Камењата, дрвото, твојот прав ќе ги фрлат во морето!"
Да, до денешен ден рушевините на античкиот Тир се покриени со морските води. Бог рекол дека тоа ќе се случи и тоа се случило.

Иако денес постои добро познат град наречен Тир на Средниот Исток, тоа не е античкиот град Тир кој конечно бил уништен во 1291.
Ако имаш можност да го посетиш местото на античкиот град Тир ќе видиш дури поневеројатно исполнување на овие пророштва. Таму ќе видиш мало село од неколку збиени рибарски колиби, каде ќе забележиш рибарски кајчиња како пловат по морето и рибарски мрежи кои се сушат на голите карпи! "...ќе станеш сушилница за мрежи ".

Како можела човечката мудрост да предвиди таква несоодветна иднина за така успешен трговски град како што бил древниот Тир?

Питер Стонер споредил седум пророштва за античкиот Тир со историските записи. По пресметките на математичката веројатност за исполнувањето на пророштвата според Езекеил, тој забележал:
"Ако Езекеил го погледнел Тир во свое време и ги направел овие седум пророштва со човекова мудрост, овие пресметки на веројатноста значат дека има една можност од 75 милиони за нивно целосно остварување. Сепак тие се обистиниле до најситни детали. "
Оваа веројатност се однесува само на пророштвото за древниот Тир, а како што забележавме скоро 30% од целата Библија се пророштва.
Тогаш како е тоа можно, кој кажува однапред за она што ќе биде?

Во Библијата читаме дека Бог преку пророкот Исаија изјавил:
"Оној Сум, Кој од почетокот го открива свршетокот и јавува однапред за она што уште не се збиднало! Јас велам: Мојата одлука ќе се исполни, ќе извршам се што Ми е по волја!"
(Исаија 46:10)


"Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста и јас ги објавив; Направив брзо и се збидна...Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне, за да не речеш: Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!"
(Исаија 48:3-5)
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Во 53 глава кај старозаветнот евангелист Исаија се наоѓаат најголемите пророштва за месијата
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Во 53 глава кај старозаветнот евангелист Исаија се наоѓаат најголемите пророштва за месијата
Само да те исправам Чаир, Исаија е пророк а не евангелист - да не дојде до забуна
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Во Посланието до Римјаните во 11 глава од 26 стих па до крајот на главата зборува Избавителот ќе дојде од Сион, Тој ќе ја острани безбожноста на Јаков - го воспоставува Новиот Завет зборувајки за Исус Месијата.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ајде да се приклучам со цитати од пророштвата...Михеј по мене еден од најдобрите пророци на Стариот завет...запишал..
„А ти, Витлеему Ефратов, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.”
Страшно точно пророштво кое го најавува раѓањето на Исус...и го поврзува со почетокот на светот..
За оние што незнаат Михеј живеел околу 700 години пред раѓањето на Исус..
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Само да те исправам Чаир, Исаија е пророк а не евангелист - да не дојде до забуна
Немора да ме исправас засто не гресам Пророкот Исаија е старозаветен евангелист засти него во целост му се открива светата тројца кога ги слуса ангелите да пејат сјат сјат сјат Господ саваот и затоа е наречен евангелист затоа што ва стариот завет светата тројца се открива само неколку пати
 

Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Библиските Пророштва



Библијата е уникат меѓу "светите книги" и по тоа што, додека во Кyранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. .
Поздрав
Велиш дека Библијата е уникат ,а тоа важи за тебе и го почитувам мегутоа да кажуваш дека во Куран а.ш нема пророштва тоа за мене значи дека не си ја читал ,а да тврдиш дека нема нешто што не си читал то е .....
и за мене Библијата е уникат еве зошто:

Книга на пророк еремија 49-33
Пророкувал дека човечанството никогаш нема да живее во Асор,него ке бидат заменети зо змаеви,ама уште таму живеат луге,а змаевите никогаш не живееле таму (освен во кинески народни прикаски)

49-33 Асор ке стане дувло на шакали и вечна пустина.Човек таму не ке престојува,таму нема да се насели човечки син.

вероватно знаете каде е Асор.


Да не биде забуна еве ви и нешто од новиот завет:

Јован во својата книга на откровение тврди,и тоа пред 2000 години да све што има напишал ке настапи многу брзо во скоро време,да ве потсетам бил 1900 кусур години у назад:

откровение 22-7
6 И ми речеЧЗборовиве се верни и вистинити,и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел,за да им покаже на Своитеслуги што има да стане скоро и ете доагам скоро....

откровение 22-12
И ете доагам скоро........

откровение 22-20
Оној Кој го сведочи ова,говори: Да доагам скоро -Амин да дојди Господи Исусе

Тој го цитира Исуса дека ке дојде наскоро пред 2000 години:

откровение 3-11
Ете,идам скоро,Држи го го цврсто она што го имаш за никој не ја земе твојата круна.
 

Musab

konekting pipl
Член од
26 јуни 2007
Мислења
244
Поени од реакции
20
Бог обечал дека ке го врати јаков од Египет тоа пишува во Битие 47-28-29, 46-3-4

46-3,4 Јас сум Бог ,Бог на татко ти .не бој се да слезеш во Египет зашто таму ке произведам голем народ од тебе.Јас ке слезам во Египет со тебе и Самиот ке те вратам ваму,а јосиф ке ти ги склопи оцчите со свои раце.

-Сепак пророчанството не се исполнил затоа што јаков умрел во Египет

47 28-29 Јаков поживеа цедумнаесет години во египетската земја.А должината на Јакововиот живот достигна сто четириесет и седум години.Кога му наближи наИзраела времето да умрего повика сина си Јосифа и му рече Ако најдов милост во твоите очи стави ја раката под моето бедро за да пројавиш милост и правда кон мене :не ме погребувај во Египет .....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Musab,
1. Зборот "наскоро" или "скоро" е со релативно временско значење. За Бог, Кој е Вечен, илјада години се како еден ден. (2 Петрово 3:8).

2. Пророштвото од Битие 46:3-4 никаде не вели дека Јаков нема да умре во Египет, туку вели дека Бог ќе го врати Јаков во својата земја. Тоа пророштво е исполнето, а доказ е следниов стих:
"Јакововите синови направија како што им нареди таткото: го однесоа во Ханаанската Земја и го погребаа во пештерата во нивата Махпела, кај Мамвриј, во полето што Авраам го купи од Хетеецот Ефрон за погребување."
(Битие 50:12-13)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Велиш дека Библијата е уникат ,а тоа важи за тебе и го почитувам мегутоа да кажуваш дека во Куран а.ш нема пророштва тоа за мене значи дека не си ја читал ,
Ајде, бидејќи ти си го читал Кyранот, отвори тема "Кyрански Пророштва" и да видиме дали навистина има пророштва во Кyранот.
Немој тука да пишуваш, бидејќи оваа тема, согласно насловот, е посветена на библиските пророштва. Отвори нова тема и докажи ни на нас кои не сме го читале Kyранот, дека во него има пророштва. :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Чудно мајку му.....како бе нема ништо во тие пророштва за новите земји (Америка, Австралија, па и за далечниот исток)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Чудно мајку му.....како бе нема ништо во тие пророштва за новите земји (Америка, Австралија, па и за далечниот исток)
А зашто си сигурен дека нема? На пример, царството на антихристот ќе биде воспоставено на целата планета (целата Земја)...антихристот ќе владе со сите („..и богати и сиромашни...„). Христос ќе ни суди на сите кои сме родени по Адам...
Јудејската вера, во Стариот Завет е екслкузивитет само за јудејците/евреите. Затоа, дел од старозаветните пророштва се однесуваат пред се за настаните врзани за јудејците а не за, на пример, персијанците/вавилонците, кои во тоа време биле идолопоклоници а не одбран народ Божји.
Пред своето вознесение, Христос им вели на Апостолите ; „..одете и научете ги СИТЕ НАРОДИ...„. Значи, новозаветниот начин на живеење не е веќе екслузивитет на одреден, одбран народ, туку се однесува на СИТЕ ПОЕДНИЦНИ (не народи!) кои го прифаќаат Христа за свој Бог. Повеќе е од јасно дека христијанското учење, во овој или оној облик, веќе е застапено и во новите светови (Америка, Австралија..) па и Африка и Азија. Во Кина и во Јапоноја, на пример, веќе постојат помали христијански заедници, формирани од руски богослови. Во Америка веќе постои задграничната руска Црква, која пред некое време се помири со изворната РПЦ. Постои и финска православна Црква, како и Цркви во Етиопија, Израел (првата Црква Христова), и Заир (Конго).
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Еве две пророштва за ропството на Израелевиот народ во Вавилон..и за остатокот и ветувањето дека Израел ќе бидат она што се денес...

"Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели". - Михеј 4:10

"А Јакововиот Остаток ќе биде меѓу бројните народи, како лав меѓу горските ѕверови, како лавче меѓу овци стада; секој пат кога поминува, тој гази со нозете, раскинува, и нема никој да се избави од него". - Михеј 5:8
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А зашто си сигурен дека нема? На пример, царството на антихристот ќе биде воспоставено на целата планета (целата Земја)...антихристот ќе владе со сите („..и богати и сиромашни...„). Христос ќе ни суди на сите кои сме родени по Адам...
Јудејската вера, во Стариот Завет е екслкузивитет само за јудејците/евреите. Затоа, дел од старозаветните пророштва се однесуваат пред се за настаните врзани за јудејците а не за, на пример, персијанците/вавилонците, кои во тоа време биле идолопоклоници а не одбран народ Божји.
Пред своето вознесение, Христос им вели на Апостолите ; „..одете и научете ги СИТЕ НАРОДИ...„. Значи, новозаветниот начин на живеење не е веќе екслузивитет на одреден, одбран народ, туку се однесува на СИТЕ ПОЕДНИЦНИ (не народи!) кои го прифаќаат Христа за свој Бог. Повеќе е од јасно дека христијанското учење, во овој или оној облик, веќе е застапено и во новите светови (Америка, Австралија..) па и Африка и Азија. Во Кина и во Јапоноја, на пример, веќе постојат помали христијански заедници, формирани од руски богослови. Во Америка веќе постои задграничната руска Црква, која пред некое време се помири со изворната РПЦ. Постои и финска православна Црква, како и Цркви во Етиопија, Израел (првата Црква Христова), и Заир (Конго).
Е ајде де, за блискиот исток и околината, пророштва и во најситни детаљи, а кога ќе се постави конкретно прашање што го загрозува концептот тогаш за одговор следат само "универзални мудрости".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom