- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Библиските Пророштва
Библијата е уникат меѓу "светите книги" и по тоа што, додека во Кyранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва. Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е запишано во Библијата.
Имено ако она што Бог ни го ветил завчера се исполнило вчера, и ако она што ни го ветил вчера се случува денес, ни можеме со полна доверба да Му веруваме дека Он истото ќе го направи и за утре.
Јас ќе наведам само неколку пророштва, а верувам дека и вие ќе се вклучите со по некое пророштво.
Еве само неколку примери:
Детали за Христос 800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги (Исаија, Михеј, Псалми, Еремија, Езекил, Даниел и др.) се претскажани многу детали за Христос, вклучувајќи ги:
- Местото на неговото раѓање
[*]Раѓањето од девица
[*]Предавството од негов ближен
[*]Предаден за 30 сребреници
[*]Распнувањето меѓу злосторници
[*]Погребувањето меѓу богатите
[*]Фрлањето жрепка за Неговата облека
[*]Неговото воскресение
[*]Времето на Неговото триумфално влегување во Ерусалим
[*]Неговото бегство во Египет
Итн итн, оставам на вас да ги најдете соодветните пророштва за Исус во Стариот Завет и да ги постирате на темава.
Пророштво: Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи (Книга на пророкот Еремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)
Историја:
-се случи многу одамна (при разурнувањето на Ерусалим 70 год.) и сеуште е присутно.
Пророштво: Повторното враќање на Евреите во нивната земја(Еремија 30:3 и други цитати)
Историја:
-се случи во 1948г. кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако ја загуби државноста и земјата.
Пророштво: Губењето на Ерусалим и повторното заземање (Ев. Лука 21:24; Исаија 44:26-28 и др.
Разурнувањето беше претскажано и од многу други библиски пророци, дури и од Исус:
"Кога и ти би узнал, дури барем во овој твој ден, што е за твојот мир! Но сега е сокриено од твоите очи. Зашто ќе дојдат денови за тебе, кога твоите непријатели ќе те опкружат со опкопи, ќе те опколат и ќе те притеснат од сите страни и ќе те срамнат со земјата тебе, и твоите деца во тебе; не ќе остане, во тебе, ни камен на камен, зашто не го позна времето кога беше посетен! "
(Лука 19:42-44)
Историја:
-разурнувањето на Ерусалим се исполни во 70 г.
-повторното заземање се исполни во 1973 г.
Пророштво: Паѓањето на градот Вавилон.
Исаија неколку века пред да се случи напишал:
"Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род"
(Исаија 13:19-20 и глава 47)
Историја:
Со векови подоцна откако Библијата го прорекла тоа, Моќниот Вавилон станал пуста урнатина и таков останал до денешен ден.