Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    179
Немам намера, најмалце на тебе, да ти објаснувам зошто, како и што во врска со моето живеење во Холандија. Не ме знаеш така да немаш право да ми збориш тука.. не сум лек за твоите комплекси..

Биди ми благославен

муж ти ќе го благосовуваш ( ако го имаш де ) не мене

сите изигравате свети отци ....благосовуете до кај стасате :vozbud:

и ај веќ престанетемалце со тоа бесрамот

трагичната прерана смрт на една млада особа

да ја злоупотребувате за лични афирмации , популаризации , профити

ама сватливо е...................

комерцијала.........тоа ...е православна логика..........

личен интерес пред се и над се..............
 
Седи мирен ееј.. седи мирен и вади го Тоше од уста...
Ако незнаеш да одговориш на прашањата или несакаш немораш лично да напаѓаш луѓе кои не ги знаеш
 
Крштевање е глупа ствар... ја не сакам да бидам крстен у црква и не веруем у господ а крстен сум... треба да чекаат децата да дојдат над 15 пред да ги прашаат...
 
Вака верувам во господ ама не сакам крштевање пошто не сакам попови и за славата кога иди попот вода да крштева јас излегувам од дома
 
Седи мирен ееј.. седи мирен и вади го Тоше од уста...
Ако незнаеш да одговориш на прашањата или несакаш немораш лично да напаѓаш луѓе кои не ги знаеш

Ааааа, а слободата на говорот, каде е?
Секој има право да си каже што мисли, исто така како што секој има право да верува во што сака, без разлика дали она што тој ќе го каже или во кое што ќе верува, е објективната вистина, или не е, т.е. е некоја квази вистина.:smir:
 
Во темата се работи за КРШТЕВКИ .. не за мене и моето живеење во Холандија, не за Тоше.. јас убаво напишав за крштевките и моето мислење за тоа.. а тој почна прво мене да ме напаѓа а после да ми го меша и Тоше во сето ова.... Нека си отвори тема за како го злоупотребувам заминувањето на Тоше за своја корист и афирмација или моето живеење во Холандија па нека си го дава своето мислење таму
 
Не ве сваќам што ги “жалите“ толку децата.. и вас ве крстиле па очигледно не ви пречело за да постанете некои најголеми атеисти кои го испиле паметот на целиот свет. Да ве терал, “мачел“ некој да бидете христијани и да го следите Бога, немаше, сигурно немаше, така да зборите. А ако не веруваш во Бога не би требало ни да ти смета тоа што си крстен пошто тоа за тебе би требало представува само “бањање во вода“. Можда не би требало ни да ве научат да одите, зборите, пишувате, читате ... зошто тоа не бил ваш избор него сте морале.. можда би било најдобро така окулу 20-та година да одлучите дали би сакале да одите или не...
Јас сум крстена и сум им од срце благодарна на моите што го направиле тоа за мене. И јас, ако даде Господ, ќе го направам истото со моите деца. Тоа за мене е нешто како изразување на благодарност кон Бога. Не го базирам на никакви книги, обичаи ни ништо слично. Ова е само мое мислење. Зошто стално имате потреба да оцрнувате некои работи кои на многу луѓе им се свети?
Изгледа не сакаш да сфатиш. За да сфатиш треба да размислуваш, а не да веруваш. Друго е тоа да веруваш дека сфаќаш.

И, зашто ги читате постовите такви какви што сакате да бидат, а не такви какви што се?
Јас не реков дека влијанието е толкаво за да со 100% сигурност детето стане верник, во секој од случаите.
Факт е дека влијанието постои. Колкаво и да е.
Доказ за тоа односот на бројот на христијански верници кои се крстени на својата прва година, со бројот на христијански верници кои не се крстени на својата прва година, и бројот на оние христијански верници кои не живеат во христијански фамилии.
Доколку влијанието за кое што зборев не постоеше, тогаш овие бројки ќе беа приближно исти.
Најверојатно нема да го сфатиш ова што го напишав, или нема да се согласиш со него. Ако не се согласуваш, драго ќе ми биде да ги слушнам фактите кои придонесле за ова несогласување, но не и верувањата.
Отвориги мислите, размислувај слободно, гледеајги работите од сите страни, такви какво што е, и се надевам дека ќе ме сфатиш.
Сите го правиме она што мислиме дека е правилно да го направиме.
Сите, муслиманите, христијаните, атеистите, нацистите, убијците, психопатите и.т.н. , нели? Но, разликата е во нивниот број. Правилно ќе биде она што го прават мнозинството. Тоа е дефиниција за зборот добро, а не она во кое што веруваш.
И, дали ние треба и другите да ги носиме со нас по патот кој мислиме дека е правилен? Ние само мислиме дека е правилен, или веруваме, не го знаеме тоа!

Во темата се работи за КРШТЕВКИ .. не за мене и моето живеење во Холандија, не за Тоше.. јас убаво напишав за крштевките и моето мислење за тоа.. а тој почна прво мене да ме напаѓа а после да ми го меша и Тоше во сето ова.... Нека си отвори тема за како го злоупотребувам заминувањето на Тоше за своја корист и афирмација или моето живеење во Холандија па нека си го дава своето мислење таму

Да да, и се она што е поврзано со тоа :).
А и тој си го кажа своето мислење...
 
Зошто децата се крстуваат ( во православието ) на својата 1 година?!?
Затоа што тогаш децата неможат „разумно“ да размислуваат?
Затоа што децата тогаш неможат да одлучуваат за себе?
Зошто некој друг да одлучува дали ќе бидам крстен или не?
Затоа што оние кои го проповедуваат христијанството се плашат дека ако не го прават тоа, ќе останат без верници?
Тие се плашат дека ако на децата им се даде можност да размислуваат со свој мозок, нема да бидат христијани?

Зошто?!?

За да ги нервираат безбожњаците :helou:
 
Одговорив со да на анкетата иако сум атеиста.
Верувам дека родителите му мислат најдобро на своето дете и затоа го прават тоа што мислат дека е најдобро за него. Крстена сум, и тоа повеќе го гледам како традиција отколку како верски ритуал.
Па на крај голема работа ако ве обрежале или крстиле, тоа не ве спречува во ништо, што би сакале да бидете во иднина, тоа само кажува од каде потекнувате.Лошо ли е да знаат луѓево дека Макединците се христијани(на пр.), и дека вие потекнувате од семејство кое верува во верата во која што верува?
п.с. А и ако го прашаат детето, од кај ке знае па тоа што да им одговори
поздрав :helou:
 
Лошо е да бидеме нешто што не сакаме да бидеме, и лошо е други да одлучуваат наместо нас, за нас.

И не би рекол дека тоа само кажува нешто, туку има значајно влијание на тоа дали и која религија ќе ја одбере детето.
И ние не сме некои билборди на кои што родителите ќе покажуваат во која вера веруваат.
 
Па од кој ќе учиме за религијата, ако не од нашите родители? подобро до нив отколку од некој поп( на пр.) На нашите родители им е оставено да не научат за религиите, а наше е да одбереме... Со крштевањето или обрежувањето никој не те одредил како христијанин, ти ако не се чуствуваш ко таков крај на приказната.
И не реков дека децата се билборди, но дали сме крстени или не делумно кажува какво е нашето семејство.
 
A да почекаат за да можеме да одбереме пред да почнат да не учат? Или мозокот се пере уште кога не е доволно развиен?

И незнам по кој пат повторувам дека ниту јас не реков дека крштевањето со 100% сигурност одредува дека ние ќе бидеме христијани. Цело време зборувам дека тоа само има големо влијание на „изборот“.

Да, не рече дека се билборди, но рече дека имаат слична функција :).
Не е важно дека делумно кажува какво е нашето семјество, важно е дека не треба да го прави тоа.
 
Абе види, мозокот ти го перат од мала скоро за се, то е неминовно.Децата се мнг лесни за манипулација, затоа што тие не знаат ништо а сакаат да знаат се. Блазе му на тој што тука бил родителот (добро сеа зависи, со услов да е нормален родителов) да му одговори на прашањата и двоумиците, а не некој друг. После сфаќаш дали си биле во право или не.
И ако изгледало ко билборд, не мислев така да изгледа
поздрав
 
Не баш..
Да, лесни се, но не треба да се манипулираат.
И да, тие сакаат да знаат се`, а не да веруваат ви се`, затоа треба да им ги кажуваме фактите и објективната вистина, а не нашите верувања :D.:smir:
 
Изгледа не сакаш да сфатиш. За да сфатиш треба да размислуваш, а не да веруваш. Друго е тоа да веруваш дека сфаќаш.

И, зашто ги читате постовите такви какви што сакате да бидат, а не такви какви што се?
Јас не реков дека влијанието е толкаво за да со 100% сигурност детето стане верник, во секој од случаите.
Факт е дека влијанието постои. Колкаво и да е.
Доказ за тоа односот на бројот на христијански верници кои се крстени на својата прва година, со бројот на христијански верници кои не се крстени на својата прва година, и бројот на оние христијански верници кои не живеат во христијански фамилии.
Доколку влијанието за кое што зборев не постоеше, тогаш овие бројки ќе беа приближно исти.
Најверојатно нема да го сфатиш ова што го напишав, или нема да се согласиш со него. Ако не се согласуваш, драго ќе ми биде да ги слушнам фактите кои придонесле за ова несогласување, но не и верувањата.
Отвориги мислите, размислувај слободно, гледеајги работите од сите страни, такви какво што е, и се надевам дека ќе ме сфатиш.
Сите го правиме она што мислиме дека е правилно да го направиме.
Сите, муслиманите, христијаните, атеистите, нацистите, убијците, психопатите и.т.н. , нели? Но, разликата е во нивниот број. Правилно ќе биде она што го прават мнозинството. Тоа е дефиниција за зборот добро, а не она во кое што веруваш.
И, дали ние треба и другите да ги носиме со нас по патот кој мислиме дека е правилен?Ние само мислиме дека е правилен, или веруваме, не го знаеме тоа!
Те сватив што сакаш да кажеш.. Но јас убаво кажав во мојот пост, добро нагласив, дека тоа е мое мислење, мое гледање на крштувањето. Не ме интересираат никакви факти ни ништо. Јас за МОИТЕ деца ке направам све што ЈАС мислам дека ќе е најдобро за нив, сигурно нема да следам некои цифри статистики или што знам. Мое ќе е ко родител да ги насочам во некој правец, а кога ке пораснат они ќе биде на нив да видат дали тој правец е тој кој ќе го следат они или не.. Се надевам дека ме свати.

А зошто ти смета тебе што си крстен? Што поточно ти смета..?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom