Не ве сваќам што ги “жалите“ толку децата.. и вас ве крстиле па очигледно не ви пречело за да постанете некои најголеми атеисти кои го испиле паметот на целиот свет. Да ве терал, “мачел“ некој да бидете христијани и да го следите Бога, немаше, сигурно немаше, така да зборите. А ако не веруваш во Бога не би требало ни да ти смета тоа што си крстен пошто тоа за тебе би требало представува само “бањање во вода“. Можда не би требало ни да ве научат да одите, зборите, пишувате, читате ... зошто тоа не бил ваш избор него сте морале.. можда би било најдобро така окулу 20-та година да одлучите дали би сакале да одите или не...
Јас сум крстена и сум им од срце благодарна на моите што го направиле тоа за мене. И јас, ако даде Господ, ќе го направам истото со моите деца. Тоа за мене е нешто како изразување на благодарност кон Бога. Не го базирам на никакви книги, обичаи ни ништо слично. Ова е само мое мислење. Зошто стално имате потреба да оцрнувате некои работи кои на многу луѓе им се свети?
Изгледа не сакаш да сфатиш. За да сфатиш треба да размислуваш, а не да веруваш. Друго е тоа да веруваш дека сфаќаш.
И, зашто ги читате постовите такви какви што сакате да бидат, а не такви какви што се?
Јас не реков дека влијанието е толкаво за да со 100% сигурност детето стане верник, во секој од случаите.
Факт е дека влијанието постои. Колкаво и да е.
Доказ за тоа односот на бројот на христијански верници кои се крстени на својата прва година, со бројот на христијански верници кои не се крстени на својата прва година, и бројот на оние христијански верници кои не живеат во христијански фамилии.
Доколку влијанието за кое што зборев не постоеше, тогаш овие бројки ќе беа приближно исти.
Најверојатно нема да го сфатиш ова што го напишав, или нема да се согласиш со него. Ако не се согласуваш, драго ќе ми биде да ги слушнам фактите кои придонесле за ова несогласување, но не и верувањата.
Отвориги мислите, размислувај слободно, гледеајги работите од сите страни, такви какво што е, и се надевам дека ќе ме сфатиш.
Сите го правиме она што мислиме дека е правилно да го направиме.
Сите, муслиманите, христијаните, атеистите, нацистите, убијците, психопатите и.т.н. , нели? Но, разликата е во нивниот број. Правилно ќе биде она што го прават мнозинството. Тоа е дефиниција за зборот добро, а не она во кое што веруваш.
И, дали ние треба и другите да ги носиме со нас по патот кој мислиме дека е правилен? Ние само мислиме дека е правилен, или веруваме, не го знаеме тоа!
Во темата се работи за КРШТЕВКИ .. не за мене и моето живеење во Холандија, не за Тоше.. јас убаво напишав за крштевките и моето мислење за тоа.. а тој почна прво мене да ме напаѓа а после да ми го меша и Тоше во сето ова.... Нека си отвори тема за како го злоупотребувам заминувањето на Тоше за своја корист и афирмација или моето живеење во Холандија па нека си го дава своето мислење таму
Да да, и се она што е поврзано со тоа

.
А и тој си го кажа своето мислење...