Зошто децата се крштеваат (во православието) на својата 1 година?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате тоа што друг им ја одбира религијата?!?

  • Вкупно гласачи
    179
manipulira institucijata a ne verata sea do utre ne mozam da te razubedam no sepak ja respektiram tvojava diskusija
 
Зошто децата се крстуваат ( во православието ) на својата 1 година?!?
Затоа што тогаш децата неможат „разумно“ да размислуваат?
Затоа што децата тогаш неможат да одлучуваат за себе?
Зошто некој друг да одлучува дали ќе бидам крстен или не?
Затоа што оние кои го проповедуваат христијанството се плашат дека ако не го прават тоа, ќе останат без верници?
Тие се плашат дека ако на децата им се даде можност да размислуваат со свој мозок, нема да бидат христијани?

Зошто?!?

Не мислев да учествувам во овие разговори,но,вечерва не ми се спие па ајде нека биде. Во нашата Македонија не било се како сега во ова време. Во минатото немало здраствени установи на секој чекор и превозни средства. Да се надоврзам на темата зошто бебињата се крштеваат мали? Па нели за влез во Небесното царство потребно е човек да биде крстен. Тоа е визата за влез во него. Во минатото низ Европа царувале многу врсти на заразни,смртоносни болести па така и кај нас.Да не спомнувам кои но една од старите болести која многу е позната кај нас е и чумата која косела се пред себе. Таа не бирала кој,кој е и колку е возрасен. Не биле и поштедени и најмалите. Е сега да не би децата останале без влезница за во рајот биле крштевани мали. Во тогашно време во секое село или неколку помали села кои биле блиску,постоела по една жена која извршувала породување или помагала при породувањето на децата. Таа жена имала дадена власт во случај на потреба при самото породување да изврши и крштевање,поточно да ја каже формулата:Се крштева чедото божјо...во името на Оца,Сина и Св.Дух се разбира во исклучителни моменти кога ќе процени дека детето нема да преживее. Тие жени до кај што се сејќавам од кажувања се викале БАБИЦИ.Е сега ќе речете тоа време помина. Но не е така. Кој од нас ќе гарантира дека детето кое се раѓа ќе доживее 15,18,25 или 33год за да се крсти одкако ќе ја разбере добро религијата. Кој ќе ја сноси одговорноста ако некое дете остане без својата виза за во рајот. Јас и многу други ќе речат родителите а најмногу оние лажни учители кои така ги воспитуваат луѓето. Друго никој не му брани на некој и да се одкаже од тоа крштевање и да премине во друга вера ако сфатил дека таа е лажна или наметната. Но родителите си ја исполниле својата обврска му обезбедиле влез на своето чедо во една религија која опстанала 20 и повејќе векови. А родителите ни мислат најдобро така рекле стари и тоа сме го и почувствале. А како ние треба да му вратиме кажува 5та Божја заповед:,, Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата,,.:toe:
 
manipulira institucijata a ne verata sea do utre ne mozam da te razubedam no sepak ja respektiram tvojava diskusija
Да, институциите манипулираат.
Но, институциите манипулираат со/преку верата/религијата,
па затоа можеме да кажеме дека верата манипулира со верниците.

Можеш да ме разубедиш, но со докази, малку логика и сл.

Благодарам за тоа што ја респектираш оваа дискусија.

Не мислев да учествувам во овие разговори,но,вечерва не ми се спие па ајде нека биде. Во нашата Македонија не било се како сега во ова време. Во минатото немало здраствени установи на секој чекор и превозни средства. Да се надоврзам на темата зошто бебињата се крштеваат мали? Па нели за влез во Небесното царство потребно е човек да биде крстен. Тоа е визата за влез во него. Во минатото низ Европа царувале многу врсти на заразни,смртоносни болести па така и кај нас.Да не спомнувам кои но една од старите болести која многу е позната кај нас е и чумата која косела се пред себе. Таа не бирала кој,кој е и колку е возрасен. Не биле и поштедени и најмалите. Е сега да не би децата останале без влезница за во рајот биле крштевани мали. Во тогашно време во секое село или неколку помали села кои биле блиску,постоела по една жена која извршувала породување или помагала при породувањето на децата. Таа жена имала дадена власт во случај на потреба при самото породување да изврши и крштевање,поточно да ја каже формулата:Се крштева чедото божјо...во името на Оца,Сина и Св.Дух се разбира во исклучителни моменти кога ќе процени дека детето нема да преживее. Тие жени до кај што се сејќавам од кажувања се викале БАБИЦИ.Е сега ќе речете тоа време помина. Но не е така. Кој од нас ќе гарантира дека детето кое се раѓа ќе доживее 15,18,25 или 33год за да се крсти одкако ќе ја разбере добро религијата. Кој ќе ја сноси одговорноста ако некое дете остане без својата виза за во рајот. Јас и многу други ќе речат родителите а најмногу оние лажни учители кои така ги воспитуваат луѓето. Друго никој не му брани на некој и да се одкаже од тоа крштевање и да премине во друга вера ако сфатил дека таа е лажна или наметната. Но родителите си ја исполниле својата обврска му обезбедиле влез на своето чедо во една религија која опстанала 20 и повејќе векови. А родителите ни мислат најдобро така рекле стари и тоа сме го и почувствале. А како ние треба да му вратиме кажува 5та Божја заповед:,, Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата,,.:toe:
Ги прашал некој децата дали сакаат да веруваат во рајот, а ако сакаат, дали сакаат влезница за во него?!?

А кој ќе гарантира дека детето ќе ја прифати христијанската религија?
Како што рече, детето може да се откаже од таа религија, но дали ќе го направи тоа одкако ќе му ја наполнат главата со глупости?
Постојат шанси да го направи тоа ( јас сум пример ), но тие се многу мали. Зошто прво не го остават да размисли, па после да го крштеваат, ако тој сака?
Затоа што ако прават така, ќе нема речиси ниту еден верник.

Господ или иИус. Еден ( или двајцата ) од нив е виновен што не е доволно некој да се чуствува христијанин, за да може да влезе во рајот, туку мора и да биде крстен....

Родителите, не секогаш мислат најдобро за нивните деца,
треба примери за ова?

Имате форумско прашање „Кога треба да се крштеваме?„. Таму постовите се посодржајни и точно ги објаснуваат работите околу крштевањето, како и зашто, без атеистички „набадања„ и барања докази.
 
Па нели за влез во Небесното царство потребно е човек да биде крстен. Тоа е визата за влез во него.

Ајде бе, а како се протнал некрстениот разбојник на крстос на кого Исус му рекол: "Вистина ти велам, денес ќе бидеш со мене во рајот"?
За влез во Небеснотоо Царство потребно е да си вистиснки/библиски крстен, а не само избањат како мало бебе.
На крштевањето му предходи покајание и вера, нешта за кои бебето нема капацитет да ги направи.
 
А што е спорно во она кое Христос го ветил до разбојникот? Во православието веќе е прифатена вистината дека прв кој влегол во Рајот е багабонт а не светител. Ако Христос нешто посака на направи, треба некому нешто да му објаснува или па Сам Христос треба да следи некои процедури?
 
Мики не се лути одма. Само сакав да му објаснам на МакКорен дека бањањето на бебето не е визата за во рајот, туку искрената вера во Исус Христос.
 
Крштевањето деца не е библиски концепт..Во првиот век децата не се крштевале..Затоа и денес некои хриситјански цркви не го практикуваат тој чин..
Кршевањето е чин за кој треба да си свесен инаку ќе биде обично бањање во вода..Првобитниот грев за нас носи последици, а не кривица па да мораме децата што се родиле да ги крштеваме пошто-пото..
 
Мики не се лути одма. Само сакав да му објаснам на МакКорен дека бањањето на бебето не е визата за во рајот, туку искрената вера во Исус Христос.

Не се лутам. Сметам дека твојот начин на изразување ми станува лесно предвидлив.
Крштевањето е само неискористен билет а не гаранција за влез во Рајот. Искрената вера се подразбира и во православието, но не е спасоносна. Верата спасува а делата откупуваат. Барем Апостолот Павле така вели. А крштевањето е потребно , без дискусија. Сам Христос тоа го одредил.
Разбојникот на крстот се „протнал„ поради милоста Христова а не затоа што бил крстен.
 
Христос го заповедал крштевањето на оние кои имаат капацитет да се покајат и да поверуваат во Него т.е. на возрасните луѓе, а не на бебињата.
 
Очекуван одговор.

Христос го заповедал крштевањето на оние кои имаат капацитет да се покајат и да поверуваат во Него т.е. на возрасните луѓе, а не на бебињата.

Ова е некој новозаветен стих на кој не се сеќавам дека е запишан или и ова ќе го наречеш „библиски заклучок„?
„Со свој камен по своја глава„, што би рекол некој тука на форумов.
 
MIKI1 напиша:

Зошто си сигурен дека исус никогаш во својот живот не го кажал тоа?
Од каде знаеш дека не го кажал ова?
Или грешам, не си сигурен во тоа?
 
Едно е прашањето дали Христос го кажал тоа а друго е дали кажаното е запишано во евангелијата. Пошто памтењето не ми е изветреано и сешуте добро ме служи, не се сеќавам дека такво толкување кон крштевањето е кажано од Христа и истото запишано. Според мене, нема такво толкување и запис Христов кон крштевањето, кое вели дека само возрасни и свесни луѓе можат да се крштеваат а другите, (бебињата) не можеле.
 
Ти, веруваш во она што е кажано од Исус, или во она што некој напишал дека е кажано од Исус?

Кога подлабоко ќе размислиш, ќе сфатиш дека ни ти не знаеш во што веруваш...
 
Верните точно знаат во што и во Кого веруваат. Нечие непознавање на православната вера незначи дека православните верници немаат поим што прават.
Христос сам ништо нема запишано. Она кое е запишано во Евангелијата, запишано е од Неговите Апостоли, кои со свои очи и уши можеле да Го видат и слушнат па да го запишат кажаното од Него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom